ИНТЕРВЈУ Климе Ковачевски, бизнисмен – Америка е мецена за добрите инвеститори!
За две децении, послужил повеќе од еден милион порции. Американските медиуми ќе го наречат “човекот што ја почна тивката револуција во готвењето“. Консултант, претприемач, готвач од светски ранг со душа на музичар. Тој за себе ќе каже “Да , ми се оствари толку посакуваниот Американски сон“ .
ФАКТОР: Што е пресудно за да се успее со бизнис на американскиот пазар?
Ова прашање е поголемо и од самата Америка. Во угостителството, во вакви економски услови, тешко е да им се конкурира на големите корпорации со огромна финансиска моќ, но како и да е, ова е голема земја и во неа сеуште има шанси за успех на луѓето со образование, талент и добри работни навики. Следствено, овие три претходно споменати квалитети за секогаш ќе останат како најважни.
ФАКТОР: Кои беа клучните проблеми, а кои предности со кои се соочи Ковачески кога почна со сопствен бизнис ?
Кога го отворив Crystal Café во Miami Beach, немаше илјадници луѓе од балканските простори кои би претставувале потенцијална клиентела, но фактот дека не бев Французин или Италијанец, го притисна тоа копче, вградено во ДНК-та на секој Американец, кое ги потсетува дека Америка е земја на иселеници и луѓе кои почнуваат од почеток. Така, приемот кој го имав беше извонреден и за човек како мене, кој доаѓаше од земја што се вика Македонија.
ФАКТОР: Нуди ли американскиот пазар услови за фер и лојална конкуренција за сите ?
Погоре веќе ги спомнав големите корпорации и нивната финансиска моќ, но САД се “фер“ само за оние кај кои можат да препознаат дека носат нешто ново на “менито“ и за оние кои знаат и се спремни постојано да се менуваат, да носат новини и промени. Американскиот капитализам е направен така за да ја поттикнува и да ја подржува приватната сопственост, во секој поглед и на секое ниво. Ако човек или бизнис успева , систем го штити законски, банкарски и финансиски. Исто е и во социјалниот живот, се ценат вистинските вредности а не приказни. Американскиот дух е цврст и горд.
ФАКТОР: Ресторан за “ елитни “ гости или место на кое може да ужива “ просечниот “ американец ? Која е целната група , односно дали секој може да си го “ дозволи“ задоволството ?
Постојат ресторани за секоја група луѓе и за секое кесе, полно или речиси празно. Фасцинантен е спектарот од илјадниците ресторански концепти. Како и призорот кога ќе забележиш како богати луѓе без комплекси, уживаат во “неугледни“ етнички- национални кујни и ресторани од сите краишта на Светов. Токму сега, во овој момент, актуелен е трендот да се посетуваат места кои се “непретенциозни“.
ФАКТОР: Кои од познатите звезди , актери , пејачи - биле твои гости ?
Претеседателетот на Колумбиа Cesar Gaviria , Премерот на Доминиканската Република Jacinto Peynado, на листата се американски сенатори и конгресмени. Секако и познати музичари како Iggy Pop, Sammy Hagar (Van Halen), Christina Aguilera,Rudy Perez , Danny Wood (New Kids On The Block) , Pete Stoyanovich
Sasha Djordjevic, Tim & Nina Zagat и многу други.
ФАКТОР: Која е најскапата понуда односно порција што ја има на менито ?
Цената секогаш зависи од употребените намирници. На пример, ако се користат црни тартуфи, јадењето може да чини и повеќе стотици долари.
ФАКТОР: Квалитет на живот. Како Ковачески ги троши парите што ги заработи ?
Главно одејќи во ресторани, за да видам што има ново, што работи конкуренцијата ( се смее) , потоа за обновување на музичката опрема и инструменти, но во моментов сум концентриран во секој поглед на најубавата девојка на светот, која доаѓа кај мене во почетокот на 2013 година ( се смее). Имам пријател од Косово кој рачно изработува накит, еден од најдобрите во Miami, планирам да му дадам лозинка од банкарска сметка па... тој си знае... важно е да Македонката – Австралијанка е среќна!
ФАКТОР: Имаше ли обид или можеби имаш ли план за инвестирање во Македонија ?
Би било идеално кога би успал да најдам партнери во Скопје кои веќе имаат хотел или некој вид локал и да сакаат да направиме ресторан на светско ниво.
ФАКТОР :“Американски сон “ – само флоскула , или реалност што му се случила на Ковачески ?
Американскиот сон беше и е реалност како во минатото така и сега, а им се остварува и на многу други исто онака како што ми се оствари и мене.
Климе Ковачевски, со потекло од Охрид, а сега со адреса во Флорида, за “Фактор “ открива колку е блиску, а колку е далеку Америка. Во овој период почнал да работи и на отворањето на 5 от ресторан во изминативе пет години во кој ќе биде генерален менаџер-партнер. Ресторанот се вика “WOK“, а ќе биде со азиски концепт. Ковачевски во моментов ја поседува консултантската компанија “Miami RCG“. Ова е прво, од серијата интервјуа што ФАКТОР ќе ги направи со познати или непознати, успешни македонски граѓани низ светот.

Слично