Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ КАРАНФИЛОВСКИ: ФЗЦ почнува со производство, гигантот се враќа на старите патеки!

ИНТЕРВЈУ КАРАНФИЛОВСКИ: ФЗЦ почнува со производство, гигантот се враќа на старите патеки!
Првата задача ќе биде пуштање на редовно производство кое би обезбедило профит, за плати на вработените и постепено отплатување на долговите, дури потоа би размислувале за развој, вели во интервју за Фактор првиот човек на Детоил, Тони Каранфиловски, компанијата што ја купи ФЗЦ Куманово. ФЗЦ, по неколкугодишна агонија со ова на голема врата се враќа на македонскиот пазар. некогашниот гигант се очекува да зачекори на старите патеки, особено што ќе биде дел и од изградбата на гасоводот кон Клечовце, но само во делот на монтажата. Фактор: За колку пари и колкав дел купивте од компанијата ФЗЦ 11 Октомври? Т.Каранфиловски: 50,62% од акциите на ФЗЦ 11 Октомври се продаваа на јавно надавање, и нашата компанија ги купи по цена од 550,00 денари за една акција со што имаме обврска да дадеме јавна понуда за сите други заинтересирани кои би сакале да ги продадат своите акции по постигнатата цена. Фактор: Каква е сега сопственичката структура на ФЗЦ 11 Октомври? Т.Каранфиловски: Точната сопственичка структура не ја знам, но сметам дека може да се дознае преку Акционерската книга. Фактор: Зошто се одлучивте за влез во ФЗЦ 11 Октомври? Т.Каранфиловски: Бизнис на долг рок. Свесни сме дека се наоѓаме во економска криза и дека работењето во црната металургија е доста отежнато веќе повеќе години. Како резултат на кризата фабриката дојде на оваа ниво денеска, но сметаме дека на долг рок има перспектива и бизнис во оваа фабрика. Фактор: Каква е финансиската состојба во ФЗЦ 11 Октормври? Т.Каранфиловски: Според првичните информации има многу долгови, обрски кон банки за кредити, обврски према вработени за неисплатени плати, обврски према коминтенти и.т.н. Фактор: Какви се Вашите планови за ФЗЦ 11 Октомври? Т.Каранфиловски: Првата задача би била пуштање на редовно производство кое би обезбедило профит за плати на вработените и постепено отплатување на долговите, дури потоа би размислувале за развој. Фактор: Каква е сопственичката структура на Вашата компанија, која сега има удел во ФЗЦ 11 Октомври? Т.Каранфиловски: Јас Тони Каранфиловски сум основач и Управител во ДООЕЛ Квалитет-Пром Куманово, фирмата е основана во 1991година благодарение на татко ми Грозде Каранфиловски, кој е главниот виновник за оваа што сме ние денес основајќи самостоен занаетчиски дуќан во 1983 година под име Квалитет и отпочнувајќи со бизнис во тоа време како предприемач. Фактор: Од руската компанија Стројтрансгас, посочија дека ФЗЦ 11 Октомври ќе учествува во изгрдбата на гасоводната делница Клечовце. Колку овој проект ќе им помогне на ФЗЦ 11 Октомври да ја подобри финансиската состојба? Т.Каранфиловски: За жал како што знам цевките се набавени од Русија, додека вклучувањето во монтажа е минорно и безначајно за фабриката  од финансиска гледна точка. Фактор: Дали тоа што ФЗЦ 11 Октомври ќе биде дел од изградбата на гасоводната делница Клечовце, беше пресудно да влезете во сопственичката структура на оваа компанија? Т.Каранфиловски: Не, како што одговорив на претходните прашања цевките се веќе набавени од Русија, а нашата одлука за влегување во сопственичка структура на ФЗЦ 11 Октомври се темели на долгорочни развојни планови. Фактор: Дали имате директни контакти со менаџерите на руската компанија Стројтрасгас или со менаџерите на рускиот подизведувач Севергасстројмонтаж, околу проектот гасоводна делница Клечовце? Т.Каранфиловски: Немаме дирекни контакти, но имаме контакти со нивните претставници и македонските фирми кои ќе учествуваат во проектот. Фактор: Дали досега сте имале соработка со некоја од овие руски фирми? Т.Каранфиловски: Не. Фактор: На кои проекти финансирани од државата, досега има работено Кавлитет пром? Т.Каранфиловски: На ниту еден. Фактор: Каква е поврзаноста на Квалитет пром, со Детоил и со Дени Интернационале? Т.Каранфиловски: Квалитет-пром има капитална поврзаност со Детоил, која е исто наша фирма основана во 1993 година од Тони Каранфиловски, Дејан Каранфиловски (мојот брат) и Грозде Каранфиловски (мојот татко) каде управител е Дејан Каранфиловски. Станува збор за семеен бизнис што функционира и ден денес. Помеѓу нашите фирми Квалитет-пром и Детоил со Дени Интернационал нема никаква капитална поврзаност.
Слично

Поврзани вести