ИНТЕРВЈУ ЈЕТОН ШАСИВАРИ: Иванов се промовираше во средновековен монарх!
Аболицијата на Иванов по многу нешта, е пример како еден шеф на држава не треба да аболира. Нашиот систем на помилување и аболиција е фаличен. Иванов од церемонијална фигура во нашиот уставен систем, стана апсолутен монарх од типот на средниот век. Па, денес и во некои кралски земји аболицијата е предмет на судско преиспитување, и слични други механизми. Во средниов век имало англиски судии кои воделе судски битки со семоќниот крал за ограничување на апсолутистичката власт. Аболицијата на Иванов го поткопа оптимизмот и вербата на САД и ЕУ за кредибилни избори на 5 Јуни, вели во интервју за Фактор професорот по уставно право на Универзитетот на ЈИЕЈетон Шасивари.
разговара Горазд Чомовски
Фактор: Какви би можеле да бидат последиците од решителност на владејачката партија да има избори по секоја цена. Претседателот на ДИК Чичаковски ја напушти седницата на ДИК. Тој претходно најави дека нема да стави потпис ако на избирачкиот список има дури и еден сомнителен гласач ?
Шасивари: Сметам дека, датумот на изборите, не треба да биде приоритет, туку квалитетот на изборниот процес, со сите компоненти кои ќе донесат кредибилни избори за државата и општеството признаени од САД и ЕУ и од политичките партии и јавноста. Основниот принцип на Пржинскиот договор е дејствувањето во интерес на сите граѓани и заедници. Политичките партии ги имаат своите интереси. Но, битно е кои се убедувањата на граѓаните за веродостојни избори.
Самиот чин на напуштање на седницата на ДИК од претседателот Чичаковски во која формално се донесе одлука за постоење изборни услови за 5 јуни, за мене лично е многу важна, бидејќи тој, имаше важна изјава, дека ако еден сомнителен избирач ќе има во избирачкиот список, тој нема да го потпише истиот.
Јас како граѓанин лично сметам дека, нема услови за избори на 5 јуни, од едноставна причина што, тие не се можни во услови на усложнување на најтешката политичка криза на Македонија од нејзиното осамостојување до денес.
Ќе имаше услови за фер и слободни избори, ако денес главните актери на политичкиот процес ќе имаа јавни дебати за слободни медиуми со веќе донесени закони и за веќе прочистен и точен избирачки список, во сосема поинаква политичка атмосфера. Па, и да има избори на 5 јуни, со тоа нема да се реши ништо од политичката криза, бидејќи таа уште повеќе ќе се компликува. На Македонија не и требаат уште едни спорни и заглавени избори, кои уште повеќе ќе ја усложнуваат политичката криза.
СИСТЕМОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ Е ФАЛИЧЕН
Фактор: Претседателот Ѓорѓе Иванов не ја повлекува одлуката за помилување, СДСМ ќе ги бојкотира изборите, а најавија дека во наредниот период протестите ќе се интензивираат. Каде води ваквиот развој на состојбата ?
Шасивари: Аболицијата на Иванов по многу нешта, е пример како еден шеф на држава не треба да аболира. Нашиот систем на помилување и аболиција е фаличен. Иванов од церемонијална фигура во нашиот уставен систем, стана апсолутен монарх од типот на средниот век. Па, денес и во некои кралски земји аболицијата е предмет на судско преиспитување, и слични други механизми. Во средниов век имало англиски судии кои воделе судски битки со семоќниот крал за ограничување на апсолутистичката власт. Аболицијата на Иванов го поткопа оптимизмот и вербата на САД и ЕУ за кредибилни избори на 5 Јуни.
Кој ќе ги преиспита одлуките на Иванов. Неговата правна служба? Самиот факт, што Иванов вели дека не ги повлекува одлуките, а денес повикува да му се достават писмени барања од аболираните лица, укажува на фактот дека неговите одлуки се правно погрешни и непоправливи, и тој лично тоа го знае. Каков е тој шеф на држава кој априори, им го прекршува уставното право на презумпција на невиност и на фер и правично судење на десетици и десетици лица, а од друга страна, дава бланко аболиција сега и за во иднина, и тоа пред избори. Лично сметам, дека овие апсурдни одлуки на Иванов, имаат за цел да послужат како предмет за политички пазарења со крајна цел СДСМ да учествува на изборите на 5 Јуни.
ВМРО ДПМНЕ НЕ Е ПОВЕЌЕ МОНОЛИТНА
Фактор: ВМРО ДПМНЕ го направи Борис Трајковски претседател , а потоа тогашниот лидер на партијата Љубчо Георгиевски јавно се откажа од него . Откако владејачката партија изрази несогласување со одлуката на Ѓорѓе Иванов за помилување, дали сега и Никола Груевски би се дистанцирал од претседателот и дали опозицијата ќе успее да го отповика?
Шасивари: ВМРО-ДПМНЕ не е веќе монолитна политичка партија, има луѓе таму кои не се согласуваат со сево ова што денес се случува со Македонија. И во тој смисол, има можност, ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцира од Иванов. Импичмент за Иванов е можен ако се постигне нов политички договор со посредство на меѓународната заедница.
ДУИ И ДПА ДА СЕ ПРЕИСПИТААТ ДАЛИ Е ДОБРО ДА ОДАТ НА ИЗБОРИ
Фактор: Како ја оценувате улогата на двете најголеми албански партии ДУИ и ДПА во оваа длабока политичка криза ?
Шасивари: Улогата на ДУИ и ДПА освен потпишување на Пржинскиот договор, повеќе е периферна отколку, суштинска во поглед на раздвижување на политичкиот процес и во интерес на некои важни прашања за Албанците во Македонија. Но, ако СДСМ ги бојкотира изборите на 5 јуни, не ми е јасно како ДУИ и ДПА (ако учествуваат во нив) ќе се справат, да речеме со над 80 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, после 5 Јуни. Во тој аспект, ДУИ и ДПА ќе треба сериозно да проценат дали е во политички интерес на Албанците, тие да учествуваат на избори без македонската опозиција.
МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ГО ИЗГУБИ КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС
Фактор: Колку е реална опасност Македонија да биде меѓународно изолирана , а на дел од раководствто на ВМРО ДПМНЕ да им биде забранет влез во земјите од ЕУ ?
Шасивари: Можноста за санкции од ЕУ спрема дел од раководството на владејачката партија е отворена, особено по вчерашните најави за такво нешто, што може да доведе и до губење на статусот на Македонија како земја кандидат за ЕУ и НАТО
Слично
