Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Јаневски: Традиционалната доверба во Галеника за нас значи поголема одговорност да го зачуваме квалитетот

Интервју Јаневски: Традиционалната доверба во Галеника за нас значи поголема одговорност да го зачуваме квалитетот

Српскиот фармацевтски гигант Галеника, како дел од бразилската NC Групација помина низ процес на трансформација и модернизација преку инвестиции, што резултираше со раст на присуството и продажбата на производите и во Северна Македонија. Компанијата инвестираше во сите деловни сегменти, посветувајќи значајно внимание и врз регионалните пазари, каде има амбиција да се наметне како регионален лидер. Со генералниот директор на Галеника Северна Македонија Даниел Јаневски разговараме за потенцијалите кои Галеника ги детектира на македонскиот пазар, како и новините што може да ги очекуваат македонските потрошувачи.

Галеника е препознатлив фармацевтски бренд кој уште од минатото е секојдневие во македонските домови. Како ве доживуваат и препознаваат потрошувачите?

Особено сум горд што нẻ препознаваат како сигурен партнер со висок квалитет и со традиција на македонскиот пазар. Односно, Галеника е веќе 76 години присутна во домовите на нашите потрошувачи, а тоа се три генерации кои имаат доверба во нас, во нашиот квалитет. Таа доверба за нас креира и исклучително високо ниво на одговорност кон потрошувачите и севкупната заедница. Цврсто проткаени во нашиот одговор на таа доверба се и основните вредности на Галеника - храброст, одговорност, страст и интегритет, атрибути со кои и компанијата се ориентираше кон иновации и развој. Циклусот на инвестиции и модернизација на компанијата го зајакнаа нашето присуство во Северна Македонија и паралелно придонесоа за потрошувачите веќе да го препознаваат и новиот, модерен лик на Галеника.

Како овие новини влијаат на работењето на Галеника на македонскиот пазар?

Галеника е особено динамична во последните години - инвестираше во технолошки развој и модернизација, го зголеми портфолиото со производи, годинава го претстави новиот модерен визуелен идентитет и при тоа континуирано вложуваше во развој и заштита на човечкиот капитал. Овие промени се рефлектираа и во Северна Македонија, и тоа со значително подобрување на нашите резултати. На пример, во последните три години компанијата го зголеми извозот во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора за една третина. Во првиот квартал од 2021 година, извозот во регионот - Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора - се зголеми за 147% во споредба со истиот период во 2020 година. Додека во Северна Македонија постигнавме раст од 34 отсто во првите седум месеци од 2021 година во споредба со истиот период 2020 година. Сето ова ја потврдува довербата што ја уживаме во Северна Македонија, а ќе продолжиме да ја оправдуваме и во иднина. Спомнав дека компанијата е посветена на значителен раст на портфолиото, односно си поставивме таргет во следните пет години да се регистрираат и лансираат по пет нови производи годишно. Инвестициите во Галеника се насочени кон современите потреби на заедницата каде работиме, и која во нас има сигурен партнер со неспоредлива 76 годишна експертиза.

Што ново сега може да очекуваат потрошувачите од Галеника?

Технолошки иновации во секој сегмент од работењето на компанијата. Глобалните трендови диктираат промена во фармацевтската индустрија инспирирана од дигитализацијата. Се отвора простор за нови апликации и платформи кои имаат улога во превентивата но и развојот на здравствената заштита. Галеника од аспект дигитализацијата веќе ги имплементираше најмодерните ИТ алатки и ги редизајнираше своите деловни процеси. Односно трансформацијата стратуваше со воведување на Industry 4.0 and Smart Manufacturing со имплементација на Internet of Things in production. Како прва компанија во регионот, имплементиран е најсовремен софтвер за напредно управување со деловни процеси, SAP S4HANA in the Cloud,, како и иновативна платформа Business-to-Business која им овозможува на клиентите да купуваат преку најновите дигитално искуство, во секое време, насекаде.

Впрочем, компанијата е посветена и на воведување нова генерација лекови и во соработка со сестринска компанија од Бразил - ЕМС, Институтот за истражување и развој на Галеника работи на трансфер на технологија за производи од поновата генерација генерички лекови.

Што ново понудивте на потрошувачите во Северна Македонија годинава?

Согласно нашата корпоративна определба работи да го зголемиме портфолиото на производи што ќе ги понудиме на нашите конзументи. Соодветно, на нашиот пазар во првите месеци седум од 2021 лансиравме четири нови производи.

Кои се производите на Галеника што се најпознати на македонскиот пазар?

Имаме брендови кои на пазарот се присутни повеќе од половина век. Препознатливи по квалитет, а и благодарение на регионалната историја што ја споделуваме уживаат голема доверба кај потрошувачите во државава. Еден интересен пример, Бевиплекс и Јекодерм почнале да се произведуваат пред 66 години и речиси толку се присутни и во Северна Македонија. Додека Пантенол своето место меѓу потрошувачите го креирал пред повеќе од 60 години, а Олиговит најмалку 55 години. Овие брендови се само врвот од листата на производи кои се препознатливи во Северна Македонија, а во кои потрошувачите имаат традиционална доверба. Како и Галеника, и производите во изминатиот период претрпеа унапредувања, добија нов визуелен идентитет, но она што е најважно е што повеќе од половина век го зачуваа квалитетот.

Кои се плановите на Галеника за македонскиот пазар во следните години?

Понатамошно проширување на нашето портфолио на пазарот во Северна Македонија. Присутни сме на пазарот со портфолио кое вклучува лекови на рецепт, лекови без рецепт (ОТЦ), козметички производи и додатоци во исхраната, вклучувајќи производи за зајакнување на имунитетот. Покрај тоа, нашата цел е да бидеме стабилен и сигурен партнер за сите засегнати страни - пациенти, потрошувачи, односно целата заедница, како и за нашите вработени во чиј развој е посветена компанијата. Галеника останува посветена на луѓето и верна на здравјето.


Слично

Поврзани вести