ИНТЕРВЈУ Јакимовски: Ние во ГРОМ сме жилави, не им се плашиме ниту на ВМРО, ниту на СДСМ!
Ние сериозно се наметнавме како трета опција на македонската политичка сцена, вели лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски во интервју за Фактор. Народот изгуби верба во институциите и час поскоро мора да ја вратиме довербата во нив, тврди Јакимовски и додава институциите не се само за заплашување на граѓаните и за казнување, туку тие треба да се гарант за демократските процеси, за мир и за безбедност во државата.
Фактор: Г-дине Јакимовски изборната кампања влегува во самиот финиш, задоволни ли сте од досега сработеното?
Јакимовски: Да задоволен сум. Ние сериозно се наметнавме како трета опција на македонската политичка сцена и тоа за само шест месеци од постоењето на партијата. Покажавме дека сме партија по сите нишани, достојна за респект, како и оние кои постојат две децении. Освен тоа станавме и активен чинител во политичкото милје преку својата понуда, програма и визија. Нашите идеи и решенија се оригинални по многу нешта. Пред се и по тоа што потекнуваат директно од граѓаните на Македонија. Ние бевме само доволно мудри и блиски со нив, седнавме ги сослушнавме и чуеното го преточивме во нова опција.Се вложивме многу во изминатиот период. Немаше село или град кој не го посетивме еднаш , двапати или повеќе. За тоа говори фактот што основавме над 50 општински органзиации, месни одбори, комплетна инфраструктура, крвотокот на Граѓанската опција за Македонија.
Фактор: Вашата политичка опција ГРОМ се испроба на претседателските избори. Настапивте со ваш кандидат Зоран Поповски, освоите 31 368 гласови, дали оваа бројка ве окуражи или демотивираше во пресрет на предвремените парламентарни избори?
Јакимовски: Нам ни е најбитно дека освоивме симпатии кај гласачкото тело. Огромниот број од граѓаните на Македонија мислат дека имавме најдобра понуда за претседател. Но за жал дваесет дневната кампања беше мала за негово целосно профилирање. Факт е дека Зоран Поповски се афирмираше како најдобар кандидат. За жал, Стево Пендаровски не го даде она што од него се очекуваше и се испостави дека форма има - содржина нема. А од Ѓорѓе Иванов не ни очекувавме повеќе. Исто така за жал. Нам ни е најбитно тоа што граѓаните видоа дека ГРОМ има своја опција, свој концепт. А тој концепт е: Не бираме претседател за Брисел и Вашингтон туку за Македонија, претседател кој ќе опстојува на тоа да работиме на подобрување на нашите внатрешни слабости, да креираме економија со раст, а не економија со бројки. Така стокмена држава ќе зрачи многу посилно кон надворешноста. Бројот на гласови ниту нe направи еуфорични ниту пак не демотивираше. Тој број на гласови беше некаде во нашите пресметки, иако, искрен да бидам, ние бевме поблиски до бројката од 45 - 50.000 гласови, а тоа се точно оние 15-16.000 неважечки ливчиња на кои стоеше заокружено бројот 4 - Зоран Поповски.
Зоран Поповски и по своето севкупен професионален и човечки интегритет и својата програма и одважност отскокна од двата кандидати на големите партии и тоа за нас е голем кредит во следните парламентарни избори.Ние сме препознатливи по нашиот квалитет што полека но сигурно испливува на површината. Мислам дека тоа им прави нервоза и вистинска фрустрација на двете најголеми спротиставени партии.
УШТЕ КОГА ТРГНАВНЕ ВО БИТКА ЗНАЕВМЕ ДЕКА НЕ ОДИМЕ НА ИЗБОРИ ВО НОРВЕШКА, ТУКУ ВО МАКЕДОНИЈА
Фактор: На претседателските избори, ГРОМ речиси ги преполови гласовите во Карпош, тоа е местото кое сите го сметаат за ваше упориште, имајќи в предвид дека на локалните избори лани, вие издвојувате победа, на што се должи тоа?
Јакимовски: Токму за тоа говорев досега. Најголем број неважечки ливчиња имаше токму во изборната единица 1 каде е Карпош. Но треба да бидеме и реални дека има суштинска разлика од локални до претседателски или парламентарни избори. На претседателски избори не се зборува за канализации улици, фасади, покриви. Тука граѓаните знаат кој е најдобар во решавање на овие проблеми. На претседателски избори се зборува за висока политика. Тоа што господинот Зоран Поповски не беше доволно афирмиран имаше влијание секаде во Македонија, вклучувајќи го и Карпош.
Фактор: Една од вашите реакции по изборите беше големиот број на неважечки ливчиња?
Јакимовски: Како што реков над 15.000 неважечки ливчиња беа со заокружено име на нашиот кандидат Зоран Поповски. Јас мислам дека Државната изборна комисија треба сериозно да ги разгледа неважечките околу 22.000 гласачки ливчиња од кои над 70% се на ГРОМ. Тоа само по себе е некој индикатор. Но сепак, ние не сме плачковци и одиме понатаму. Тоа е навистина сериозен проблем, не само за нас, туку за севкупниот демократски процес во Македонија. Зарем мислите дека гласачкото тело на ГРОМ е најнеобразованото во државата па го заокружува и Ѓорѓе Иванов и Зоран Поповски?! Можно ли е дека во најобразованиот дел од Република Македонија - изборната единица 1 да има дури 5.700 неважечки гласачки ливчиња?! Во таа изборна единица е и Скопје, со граѓани кои и по 22 години плуралистичка Македонија, замислете, од четири бројчиња не знаат да изберат еден?! Но, неважечките ливчиња на ГРОМ им одговараат и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Бидејќи и заедно ги правеа неважечки. И затоа ДИК на чело со Рилковски ќути по ова прашање. Случајно да беа неважечки за Пендаровски, да видите што ќе се случуваше! Но ние нема да плачеме. Уште кога тргнавме во оваа битка знаевме дека не одиме на избори во Норвешка туку во Република Македонија.
Фактор: Дали претседателските избори беа фер?
Јакимовски: Не можеме да кажеме дека беа насилни, недемократски...па и фер, со оглед на некои минати искуства, иако велам сериозна дамка врз нив ја фрла темната сенка на големиот број неважечки гласови. Тоа не е иманентно за една демократија каква што ние сакаме да се прикажеме пред светот. Бројот на неважечки ливчиња не влијае битно на резултатот, кој води, односно кој е прв- кој втор, но битно влијае на стартните позиции за парламентарните избори. Добра стартна позиција на ГРОМ не му одговара ни на СДСДМ ни на ВМРО-ДПМНЕ.
НАРОДОТ ИЗГУБИ ВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ И ЧАС ПОСКОРО МОРА ДА ЈА ВРАТИМЕ ДОВЕРБАТА ВО НИВ
Фактор: Дали Јакимовски смета дека постои системска кражба на гласови?
Јакимовски: Нема што Јакимовски да смета или да не смета. Тоа не е работа на партиски лидер, туку на институциите на системот кои ги плаќаме и кои му служат на народот. На оние кои земаат над 1000 евра плата а тоа е ДИК. Токму тука е една од најсилните критики на ГРОМ како партија. Народот изгуби верба во институциите и час поскоро мора да ја вратиме довербата во нив. Во нивната објкетивност и стабилност. Институциите не се само за заплашување на граѓаните и за казнување, туку тие треба да се гарант за демократските процеси, за мир и за безбедност во државата. Таа функција е сериозно разнишана кај нас и речиси
Фактор: На 13-ти април, резултатите од претседатеслките, да беа за парламентарни избори ќе значеше 2 пратеници за вас, еден во првата изборна единица и еден во третата изборна единица? Сепак, изборите се в недела што очекувате?
Јакимовски: Секако дека очекуваме најмалку да имаме пратеничка група, односно да освоиме пет мандати. На тоа работиме цело време, ентузијазмот не не непушти ниту во еден момент. Посетивме илјадници домови и веќе да нема човек во Македонија кој не слушнал за ГРОМ. После првиот круг претседателски избори ние сме силно видливи на политичката сцена. Конечно тоа го покажуваат и сите анкети и сите агенции за мерење на рејтинзите на политичките партии. Морам да признам дека за толку кратко време од нашето основање ние веќе направивме вистински подвиг и тоа ќе видите во недела нема да остане незабележано. Граѓаните ќе го кажат своето мислење за ГРОМ како нова светла точка во политиката.
Фактор: Со колку пратеници ќе бидете задоволни или поточно со кој резултат ќе бидете задоволни во недела на 27 април?
Јакимовски: Ако одиме со некоја детална математичка пресметка би рекол три пратеника е добар резултат, четири е многу добар, а пет одличен!
Фактор: Во неколку наврати изјавувате дека ГРОМ ќе биде дел од извршната власт, што значи тоа?
Јакимовски: Па ако освоиме пет пратенички мандати нормално е дека ќе учествуваме во Владата! Тоа значи дека ГРОМ со својата пратеничка група и со своите пратеници во Парламентот во секое време ќе биде она јазиче на вагата кое натежнува и кое прави баланс во политиките меѓу владејачките и опозициските партии. Ние како активен партиципиент во секое време сме подготвени да понудиме поголем и нов квалитет на власта со имплементација на програмските заложби на ГРОМ. Се разбира, дали ќе влеземе во извршната власт или не ќе решат највисоките органи на партијата, а условите под кои ГРОМ би влегол во идната власт дополнително ќе ги дефинираме.
ЛЕВИТЕ И ДЕСНИТЕ СИ ПРАВАТ КАЛКУЛАЦИИ КАКО БИ БИЛО ДОКОЛКУ ГРОМ БИ БИЛ СО НИВ ВО СОЈУЗ
Фактор: Аналитичарите велат дека Јакимовски во кампањата претерано ја критикуваше опозицијата, отколку власта. Мислите ли дека опозицијата е повеќе виновна за актуелната состојба во државата, од власта?
Јакимовски: Вие ги цитирате опозициските аналитичари. Тоа што тие не можат да препознаат кого критикува ГРОМ, само по себе покажува какви аналитичари се. Не е точно тоа е тенденциозно тврдење на , за жал пристрасни аналитичари. Јас би рекол токму обратно. Ние подеднакво ги критикуваме и едната и другата политичка партија. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тие цело време и во кампањата и претходно сакат да ја наметнат таа реторика дека на сцената постојат само тие две големи политички партии и со тоа му го стеснуваат правото на избор на граѓанинот. Токму тоа ние сакаме да го смениме. Да им кажеме на граѓаните дека не е се црно или бело, дека во животот може да се внесе боја. Затоа постои ГРОМ, затоа постои третата опција Граѓанската опција за Македонија. А тие нека си лежат улулкани во својата величина дека се две најголеми партии. Засега им годи „големината“. Но има една поговорка. Колку се големи толку им се големи и грешките што ги прават па многу лесно можеме да „погодуваме“ токму во нив.
Фактор: Кој е концептот што ГРОМ им го нуди на граѓаните. Лево и десно или ниту лево ниту десно?
Јакимовски: Е токму таквиот вокабулар сакаме да го избегнеме. Не постои лево и десно или ниту лево ниту десно. Постои нешто со конкретно, егзактно име кое се нарекува политички центар, во нашиот случај трета опција. Тоа не е политички преседан туку докажан политички контекст и концепт кој одамна вирее во многу понапредни демократии како во Словенија, Чешка, од неодамна и Бугарија. Левите и десните сега си прават калкулации како би било доколку ГРОМ би бил со нив во сојуз. Колку пратеници би освоиле со ГРОМ плус, а фактите покажуваат дека дали едната, дали другата партија, доколку го има ГРОМ со себе ќе има уште шест пратеника повеке. Но нашите гласови нема да одат ни лево ни десно, туку во центарот! Токму центарот е гласот на граѓаните кој вели дескопјеизација зошто живот е секаде, помалку пари за влада повеќе за народот, фукнкциоинална демократија, слобода на стопанството и државата, намалување на инквизициските казни..
Намерно се креираше атмосфера во јавноста дека постојат само два фаворити, две опции, а третата е аутсајдер.
ЖИЛАВ БОРЕЦ СУМ, ЗАТОА ЌЕ ЈА ФОРМИРАМ ТРЕТАТА ОПЦИЈА
Фактор: Досега имаше неколку обиди за профилирање на трета опција, но досега сите завршија неславно. Верувате ли дека е дојдено време за трета опција?
Јакимовски: Не знам на кого мислите? Веројатно на Тупурковски, на Тито Петковски, на ЛДП? Но, ќе се сложите ниту еден од нив не е жилав борец каков што сум јас, ниту има такви организаторски способности и храброст работите да ги насловува со вистинските зборови без оглед дали тоа некому му се допаѓа уили не. Граѓаните го кажаа своето мислење за тоа со широкото прифаќање на Граѓанската опција за Македонија. Речиси да немаше средба или место каде не бевме пречекани со раширени раце и со погледи полни со очекување. Ние во оваа кампања одевме исклучиво позитивистички. Ние не плукавме, ние само одевме, разговаравме, и ги сослушувавме граѓаните, селаните, небработените, вработените, стечајците,земјоделците. И верувајте имаат многу што да кажат. Токму тие не убедија во потребата за трета опција. Две децениската транизиција во која се менуваа едни или други им донесоа многу тага и егзистенционални или други проблеми на граѓаните. Постојано се менуваат едни или други, а нив живеачката им е полоша и полоша. Расте сиромаштијата, расте невработеноста. Македонија ја коси „бела чума“ младите заминуваат од земјата во подобар живот. Овде владее очајот и бесперспективноста. Таа слика мора да се смени. Таа состојба сама ја наметна третата опција, бидејќи и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ потрошија добар дел од животот на Македонците и имаа шанса работите да ги свртат на подобро. Сега доаѓаат нашите „пет минути“.
Фактор: ГРОМ на граѓаните им понуди и програма. Кои се топ петте приоритети, доколку имате можност да партиципирате во власта?
Јакимовски: Можам да наредам пет, но имаме педесет и пет приоритети. Како што реков прво мора да ја вратиме довербата во институциите на системот, кои треба да се ослободат од стегите на владејачката партија. Потоа на ред е судството кое одамна го изгуби интегритетот и е под силно влијание на извршната власт. Слободата на медиумите е еден од клучните приоритети. ГРОМ прв ја промовираше дескопјеизацијата односно враќање живот во секое гратче и во секое село. Милиони евра инвестиции се потрошија на еден километар квадратен во Скопје и сите сонуваат за вработување во Скопје и во администрацијата. Тоа е најпогрешното нешто што ни се случува. Досега згаснуваа села, и ако продолжиме по овој пат ќе згаснат и градовите низ Македонија. Македонија час поскор треба да се врати на патот на ЕУ и НАТО интеграциите . ГРОМ инсистира на намалување на даноците и на казните кои добија инквизициски размери, за дури 80%. На замјоделците мораме освен субвенции да им ги дадеме сите придружни поволности, ослободување од данок за репроматеријали, воведување т.н. зелена нафта, семенски материјал. Мораме да ја засилиме и поддршката на социјалните случаи , а пред се и над се, да ги смалиме јавните трошења. Неможе владата секоја година да ги зголемува буџетските трошења по 150 милиони евра. Во оваа држава богато живеат само власта, банките, нотарите и извршителите. Сите други се борат за живот. Каде се тука граѓаните? Ова е технократска и лихварска дрѓжава или граѓанска? Дојде време да се слушне гласот на обичниот граѓанин. Тој е во Граѓанската опција за Македонија. Него го носи ГРОМ! Мислам дека на 27 април граѓаните на Македонија без оглед на етничката, половата или било која друга припадност тоа јасно ќе го кажат.
И.М.

Слично