Интервју Зеќири: По еден споменик на ДУИ и на ВМРО ДПМНЕ, за да престанат да се расфрлаат со пари од Буџетот!
Изет Зеќири е пратеник во македонското собрание од Националната демокатска преродба, партијата на Руфи Османи. Во јавноста стана препознатлив со своите жестоки економски дебати, парирајќи им на сите погрешни владини одлуки кои се носат во Парламентот. Во интервју за Фактор одговара на прашања за предлог буџетот за 2013, за Скопје 2014, за задолжувањата.
Фактор: Пред вас пратениците е предлог буџетот за 2013. Вие обвинивте дека е нетранспарентен. Зошто?
Зекири: Владините политики во суштина се погрешни имајќи ја в предвид кризата со која се соочува економијата и населението. Перманетното зголемување на буџетската потрошувачка во апсолутни износи преку финасирање на тековните трошоци за купување на социјалниот мир во социјалниот сектор, земјоделството и зголемувањето на непродуктивните трошоци во јавната администрација и јавните претпријатиа има директно негативно влијание во зголемување на фискалната оптовареност на економијата и граѓаните без повратен позитивен ефект за економијата и граѓаните.
Асиметричната фискална политика на Владата во смисла на безпрекорна наплата на даноците, а особено ДДВ, акцизата и даноците од доход од економијата од една страна и ненавремено враќање на ДДВ и другите даноци на економијата заедно со неплаќањето на обврските кон фирмите кои работат за Владата има директно негативно влијание врз нарушената ликвидност на фирмите и блокирање на нивните жиро сметки.
Владата денес е главниот економски оператор која преку системот на манипулирање на јавни тендери има директно влијание врз условите за фер конкурентност и прави голема дисторзија на пазарот преку фаворизирање на компании поврзани со актуелната Влада.
Во ситуација на опаѓање на извозот и губење на традиционалните пазари во ЕУ и соседните земји, Владата треба сериозно да спроведе строги мерки на штедење и намалување на непродуктивните јавни трошоци и да ја преиспита својата политика во земјоделството преку стопирање на сегашната социјална алокација на субвенциите во финансирање на развојни проекти преку адекватна територијална алокација, преиспитување на социјалната политика во насока на финансирање на проекти со цел вработување на социјалните категории и започнување на програми за драстично намалување на јавната администрација паралелно со зголемување на вработените од заедниците на база на квалитетни критериуми, а не партиски клучеви приватизација или ликвидација на јавните непродуктивни компании.
Актуелната влада наместо да предложи мерки за таканаречената принудна наплата на побарувањата треба да направи промена слична на Словенија и Хрватка, да им овозможи на фирмите да утврдат финансиски резултат и да плаќаат ДДВ и даноци на доход само на наплатена реализација. Со овој реформски зафат ќе и се помогне многу на економијата и државата и ќе го сподели товарот на неликвидноста во сразмерен дел со економијата.
Сите ресори кои се под водство на ДУИ заедно имаат буџет кој е помал од буџетот на МВР
Фактор: Рекордни 1200 амандмани за буџетот, од кои повеќе од 400 се ваши, на што најмногу реагирате?
Зеќири: Моите тврдења и ставовите на Национална Демократска Преродба се засновани на конкретни анализи на поделбата на владините сектори и учеството на поединечните министерства во целовитоста на буџетот на Република Македонија. Очигледно е дека во сегашниот владин состав, албанците воглавно се на чело на министерства кои имаат стратегиска важност од аспект на евроатлантските интеграции на Република Македонија, но сепак министареста кои скоро воопшто не играат улога во имплементацијата на развојните и инфраструктурните програми и проекти со исклучок на Министерството за животна средина и просторно планирање. Веќе е очигледно дека владата на Република Македонија во последно време функционира по еден вид на инерција проследена со скоро апсолутна инертност и инфериорност на министрите албанци.
Како за илустрација сите сектори кои се управувани од страна на албански кадри заедно имаат буџет во износ 8.322.260.000 денари, односно само 7,4% од вкупниот буџет на Република Македонија за 2012 година. Во 2011 година сите ресори управувани од страна на кадар на ДУИ имаа заеднички буџет од 8.849.023.000 денари односно само 5.53% од вкупниот државен буџет во износ 159.992.000.000. Во овој износ од друга страна со 74% учествува Министерството за Одбрана кое пак нема никаква контрола над развојните и инфраструктурните програми и проекти. Дури и да се вклучи во анализа и Министерството за Одбрана, не треба многу да се мачиме за да видиме дека сите ресори кои се под водство на албански кадри контролираат заедно буџет кој е помал од буџетот на Минитсерството за Внатрешни Работи контролирано од страна на министерката Јанкуловска која менаџира со буџет во износ 8.582.827.000 денари. Јас во овој момент во интерес на времето не би сакал да ве замарам со други анализи, но бидете убедени дека доколку ги претставиме развојните и инфраструктурните проекти ќе видите дека албанците земаат во реалноста многу помалку од 5%.
При гласање на буџетот за одредени ставки да се примени Бадинтеровиот принцип
Фактор: Некои од албанските политичари повикуваа на паралелен буџет, Можно ли е тоа?
Зеќири: Сметам дека за финално да се разреши ова прашање би требало едноставно при гласање на буџетот за одредени ставки да се примени Бадинтеровиот принцип. Во тој случај топката би била префрлена на аалбански терен и се би зависело од способноста на албанските кадри да предлагаат проекти од национален интерес за албанците во Република Македонија.
Владата треба да формира Фискален совет кој ќе ги разгледува прашањата поврзани со концепирање и извршување на Буџетот на Република Македонија и финансиите.
За конципирање и извршување на Буџетот на Република Македонија, мора буџетот да помине низ фискалниот совет.
Фискалниот совет да се состои од 15 членови и со него да раководи Министерот за финансии. Осум члена се од редот на министрите во Владата на Република Македонија, два члена се преставници од експертската јавност од областа на финансирањето, два члена се претставници од Заедницата на единиците на локалната самоуправа, еден член од редот на невладините организации и еден член од Стопанските комори во Република Македонија.
Одлуките во Фискалниот совет се носат со мнозинство на гласови освен одлуките поврзани со областа на образованието, културата, здравството и инфраструктурата кои се носат со консензус. Истиов предлог е даден од моја страна и во Собранието на Република Македонија кои тргнувајќи од нивната стандардна лага дека буџетот се носи со консензус одбија да го поддржат овој предлог.
На актуелните владетели од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да им изградиме по еден споменик како компеназција за прекин на овој проект со голема цена на чинење.
Фактор: Со несмалено темпо ќе продолжи Скопје 2014, може ли тоа да им помогне на градежниците?
Зекири: Без дискусија Скопје 2014 е гробница на македонските јавни финансии заедно со перманентното зголемување на јавната и државната администрација во која по објективни анализи на Светска банка има до 30.000 лица вишок вработени. Елементарна математика тврди дека 30.000 лица по 500 евра месечна плата го чинат буџетот 180 милиони евра на годишно ниво или 50% од предвидените капитални инвестиции без да произведуваат никаков позитивен ефект, туку напротив само се купува социјалниот мир и се корумпира администрацијата во континуитет.
Скопје 2014 е продукт на погрешните проценки дека кризата нема да ја погоди земјата и дека стапките на раст ке стигнат годишно ниво од 4-6%. Двете претпоставки не се реализираа во целост, но архитектите на овие погрешни проценки наместо да ја стопираат реализацијата на овој пројект и да го оставаат за подобри времиња ја зголемија пресметковната вредност на овој проект и денес никој не знае точно да каже која е досегашната вредност или колку ќе биде конечната вредност на овој проект 300 милиони, 400, 500 или господ знае колку .
За иронијата биде поголема во овој пројект кој се состои само од десетина административни згради и дваесетина статуи од антиката и словенската преродба рокот за завршеток на работите е бесконечен, бидејки 50% од досега изведените работи не се исплатени, па како резултат на тоа компаниите кои ги изведуваат работите не се ликвидни да продолжат понатаму. Од друга страна финалните работи кои се предвидени да бидат во класика, готика или кој знае каков стил ќе треба да ја зголемат цената на чинење уште повеќе преку системот на тендероманиа бидејки актуелната влада преку овој пројект не претендира да ја промени само историјата на македонскиот народот туку Скопје да го направи културна и туристичка атракција за целиот свет. Голема заблуда со тешки финансиски последици за сите нас. Би препорачал на актулените владетели на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да им изградиме по еден споменик како компеназција за прекин на овој проект со голема цена на чинење.
Имам впечаток дека владата има проектирана цел - долговите да се вратат по истекувањето на нејзиниот мандат од друга Влада .
Фактор: Долгови, задолжувања на државата. Аргументите на власта се дека државата со јавен долг на ниво од 30 % од БДП е се уште ниско задолжена земја?
Зеќири: Економската теорија и искуството на успешните транзициони економи не учи дека корелацијата меѓу реалните стапки на раст и на задолженоста на државата и економијата се од суштесвено значење. Мимо фактот што стапката на задолженост на јавниот сектор е на просечно ниво во однос на критериумите на Мастрихт, додуша, сега е малку и зголемено ( тековен дефицит на јавните финансии од 3% од БДП и долг од 60% во однос на БДП) тоа не значи дека ситуацијата со долгот е стабилна. Главниот проблем се состои во фактот што владините политики не резултираа со зголемен прилив на инвестиции во целина, а особено на странските , економијата пати од структурна неликвидност и непрофитабилност и не се знае точно кој е износот на внатрешниот долг на државата кон фирмите и на фирмите на ниво на економија. Како резултат на изнесеното, лесно е да се предвиди дека земјата за краток период ( до пет години) може да се доведе во ситуација да нема капацитет да врати 2 милијарди евра бидејки тоа ќе значи дека секоја година ќе треба да врати по 400 - 500 милиони евра. Ако не се преземаат драматични чекори на ревизија или прекин на непродуктивните инвестиции, ревизија на субвенциите во земјоделството и намалување на големата јавна и државна администрација тогаш било која идна влада ќе мора да ги сервисира долговите на товар на капиталните инвестиции односно ние ќе бидеме држава која фунционира на ниво на критчна точка на рентабилност односно нема никаков развој финасиран од парите на граѓаните. Владата ги менаџира јавните финсии со ново задолжување за враќање на доспеаните долгови. Имам впечаток дека владата има проектирана цел - долговите да се вратат по истекувањето на нејзиниот мандат од друга Влада .
Фактор: Значи ли тоа дека е можно грчко сценарио по македонската економија?
Зекири: Со оглед на фактот што сме мала и неконкурентна економија меѓу последните во Европа со погрешна политика на јавните финасии во ова кризно време веќе влегуваме во ситуација кога буџетот не може да ги сервисира тековните обврски од тековните приходи. Оваа ситуација ја доведе актуелната влада во состојба да позајми милионски суми евра со високи стапки на интерес од меѓународните финансиски пазари со вискои камати. Заедничкото на актулента влада со поранешните влади на Грција е фактот што се манипулира со макроекономските статистики , а особено со внатрешниот долг и со големите дубиози во јавниот и приватниот сектор. Истите дубиози еден ден ќе испливаат на површниа и ќе мора да ги платат сегашните и идните генерации. Но, трагедијата во нашиот случај може да биде поголема од онаа на Грција, бидејки ние сме надвор од НАТО и ЕУ и никој нема да ни помогне во таква ситуација .
Фактор: Бизнисмените се гушат во огромна неликвидност, а Владата призна дека должи големи суми на пари кон нив, а сега ќе им ги враќа. Дали е тоа спас за економијата?
Зеќири: Светската економска и финансиска криза која се случи во 2008 година се прелеа и во нашата држава. Секако дека најголеми последици од тоа се почуствуваа во реалниот сектор. И покрај тоа што Владата на Република Македонија презеде низа мерки за ублажување на последиците од економската криза, сеуште се потребни мерки кои треба да го рехабилитираат македонското стопанство и да се создадат услови за одржлив стопански раст и подобрување на ликвидноста на стопанските субјекти. Целта на донесување на предлогот на законот за гарантен фонд за економска обнова и развој е да се формира гарантен фонд за економска обнова и развој заради ублажување на негативните ефекти од глобалната економска криза врз македонското стопанство и создавање на услови за подобрување на ликвидноста на стопанските субјекти.
Една од главните потреби за основање на гарантен фонд е потешкотијата на малите и средните претпријатија да обезбедат доволно колетерал, според барањата на банките како обезбедување за одобрените кредити. Гарантен фонд преку издавање на гаранции им овозможуава на претпријатијата олеснет пристап во добивање на кредити. Кредитните гаранции им помагат на МСП да дојдат до финансиски средтва со кои го поджуваат својот развој или пак тековното работење.
Формирање Гарантен фонд за економска обнова и развој на компаниите од две милијарди денари (32,6 милиони евра) со кој ќе се даваат државни гаранции на банките кои ќе одобруваат кредити на компаниите за инвестиции.
Државните гаранции да ги издава Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) за нови инвестиции и довршување на веќе започнати инвестиции, како и за набавка на обртни средства. Кредитите да се даваат во рок од 3 до 10 години. Гаранцијата за поединечен кредит може да изнесува најмногу до 50% од износот на главнината на кредитот, но не повеќе од 60 милиони денари.
Со донесување на овој Закон ќе се формира Гарантен фонд за компаниите поради ублажување на негативните ефекти од економската криза врз македонското стопанство и ќе се создадат услови за подобрување на ликвидноста на компаниите.
Бидејќи во комисијата за финансирање и буџет, предлог законот не помина, дури пратениците од власта не учествуваа во дискусија само гласаа против, тоа е доволен доказ за тоа колку тие се заинтересирани за бизнис заедницата.
Во услови на криза најголема улога треба да игра банката за подршка на развојот која во крајна инстанца на индириектен начин треба да ги помага со поволни кредити извозно ориентираните компании.
И.М
Слично
