Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ИВО ВАЈГЛ: Времето сè помалку работи во корист на Македонија!

ИНТЕРВЈУ ИВО ВАЈГЛ: Времето сè помалку работи во корист на Македонија!
По договорот  потпишан во Скопје, реално очекувавме дека во Брисел  ќе постигнеме  решение за излез од политичката криза. Но за жал лидерите на политичките партии не покажаа подготвеност за отстапки,вели  за Фактор Иво Вајгл. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент и посредник во преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ . Европратеникот  посочува дека лидерите  на партиите се обврзале  дека во преден план ќе ги стават  државните,  наместо личните и партиски  интерси, но за жал  не се држеле  до договореното.       „Соосема  е јасно  дека решение на политичката криза, кризата во довербата помеѓу политичките лидери и одговорите на тешките изнесени обвинувања, може да се најдат само во Македонија, во дијалогот и обврските на политичките фактори и разјаснување на обвинувања во институциите на правната држава.  Во овој дел можностите на посредникот и олеснувачите од ЕУ се ограничени,  објансува  Вајгл.  Според него, се уште постои простор за  постигнување на договор за нормализација на состојбите во Македонија.   Сепак, европратеникот со порака до лидерите:  Времето минува и се помалку работи во корист на Македонија  и најзините стратешки интереси.  Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Каде ја лоцирате вината што на последната средба во Брисел после 12 часови  преговори  не беше постигнат договор  помеѓу         ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и постои ли рок до кога би требало да биде постигнато решение за политичката криза? Иво Вајгл:  Врз основа на договорот за надминување на политичката криза кој беше парафиран  на 2-ри јуни во Скопје,  беше реално да се очекува, дека лидерите на македонски партии ќе  продолжат со приближувањее на ставовите  по прашањата кои беа оставени да се разговараат  на состанокот во Брисел  и дека на тој состанок  ќе дојдат со усогласени ставови кои треба да  овозможат постигнување на конечно решение за излез од  кризата.  Наместо тоа,  на состанокот во Брисел одржан минатата недела  се соочивме  со недоволна подготвеност  од двете страни за отстапки за да се направи  чекор  напред,  што беше предуслов  за продолжување на патот на Македонија кон евроатланските структури. Фактор: Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ порача дека нивниот лидер и премиер Никола Груевски  ќе се повлече само доколку  така одлучи народот. Од друга страна, претседателот на СДСМ  Зоран Заев    бара преодна Влада  во која премиер нема да биде Груевски.  Може ли  во ваква ситуација на дијаметрално спротиставени ставови да се стигне до договор? Иво Вајгл:  Да потсетам, дека лидерите на македонските партии со својот потпис кој го ставија  на средбата одржана на 2 јуни во Скопје се обврзаа дека ќе дадат предност на државните  пред личните и партиски интереси. Тоа за жал не се оствари во Брисел. Сосема  е јасно  дека решение на политичката криза, кризата во довербата помеѓу политичките лидери и одговорите на тешките изнесени обвинувања, може да се најдат само во Македонија, во дијалогот и обрските на политичките фактори и разјаснување на обвинувања во институциите на правната држава.  Во овој дел можностите на посредникот и олеснувачите од ЕУ се ограничени. Сепак мислам дека се уште постои можност за продолжување на преговарачкиот процес  кои треба да  финишира  со постигнување на позитивен резултат  кои повеќе од неопходен за Македонија . Фактор: Се повеќе расте  сомневањето за пристрасност на Комесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ  и на европратениците како и за неискреност во пристапот во  преговороите за решавање на кризата во Македонија . Како ги коментарите критиките  адресирани до вас? Иво Вајгл: Што се однесува на обвинувањата до било кој од посредниците (олеснувачите) за досегашниот процес за негов неуспех е крајно некоректно и не заслужува коментар. Фактор:  Колку реално е можно во овој релативно краток период од 10 месеци   да се обезбедат  неопходните услови за спроведување на фер и демократски избори кои  треба да се одржат  следната година?  Иво Вајгл: До април 2016 година, кога се предидува да бидат одржани парламентарните избори, многу  од договорените законски и други иницијативи може да се реализираат, меѓутоа тоа зависи исклучиво  од  позициите на македонските политички партии и  нивните лидери. Јас сега би сакал да предупредам: времето  минува и се помалку работи во корист на Македонија  и нејзините стратешки интереси.
Слично

Поврзани вести