Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ СЕЛМАНИ: За да заврши кризата мора да се искорени криминалот во државниот врв!

ИНТЕРВЈУ СЕЛМАНИ: За да заврши кризата мора да се искорени криминалот во државниот врв!
Иако се има  впечаток дека излезот од кризата е спор  и дека истата изгледа како да е безизлезна во одредени моменти, меѓутоа има напредок и тоа значаен, совеста се буди кај граѓаните секој ден се’ повеќе и повеќе без разлика на етничката припадност,  вели политичарот и бизнисмен Имер Селмани. Според него, поларизацијата на општеството по етничка и верска линија сега во однос на 2009 год е далеку поголема. „Еден дел од актуелните политичари и направија лоша услуга на нашата држава и на нашите граѓани. Земјата ја водат на погрешна насока. ДУИ е можеби  клучен  фактор во политичката разврска на сегашната криза. Тие треба да одлучат дали треба да бидат на страната на заштита на поединци и во редовите на нивната партија или треба да бидат на страната на народот. Имер Селмани кој беше кандидат за шеф на државата  смета дека  сега Македонија има потреба од вистиски претседател, дури и повеќе и од 2001 год. За жал го немаме.                   „Во САД се случи Обама во два мандата, во Лондон пред некој ден се случи Садик Кан, зошто на Македонија да не и се случи нов Селмани! Според поранешниот министер за здравство и  лидер на сега зганстата Нова Демократија , аболицијата  уште повеќе ги потврди сомнежите кај македонските граѓаните  дека во врвот на државата се случувало кримининал, додавајќи дека  излезот од кризата е декриминализација на институциите и на државата а не покривање и државна заштита на истата. Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Како би ја дефинирале политичката криза и  во кој правец ќе се бараат излезни решенија? Селмани: Политичката криза во нашата држава е комплексна, повќеслојна и повеќедимензионална. За излез од кризата ќе мора да се бара  политичка и правна разврска. Политичка во смисла на политичка одговорност на сите тие што ја злоупотребиле довербата на граѓаните, додека правна со правна одговорност на сите тие што ја злоупотребиле службената дожност. Иако се добива впечаток дека излезот е спор од оваа криза и дека истата изгледа како да е безислена во одредени моменти, меѓутоа има напредок и тоа значаен, совеста се буди кај граѓаните секој ден се’повеќе и повеќе без разлика на етничката припадност од една страна и од друга страна иако споро меѓутоа Специјалното јавно обвинителство ја врши својата работа кое  за што и  беше основано и поддржано од пратениците од Собранието на РМ. Фактор:  Дали мислите дека со аболицијата или амнестијата на актерите на општествената криминализација  може да се излезе од кризата и луѓето да имаат доверба во институциите ? Селмани: Не, аболицијата само уште повеќе ги потврди сомнежите кај македонските граѓаните  дека во врвот на државата се случувало кримининал. Излезот од кризата е декриминализација на институциите и на државата а не покривање и државна заштита на истата. Фактор: Во ова време кога се пресретнуваат политичката и економската криза. Што   би сакале повеќе да бидете лидер на партија или стопанственик? Селмани: Ова се тешки времиња за сите нас, секој од нас има одговорност во зависност од улогата што ја имаме во општеството, како граѓанин, стопанственик или политичар, се разбира дека како политичар одговорноста и можноста да се делува за да се променат работите е далеку поголема. Фактор:  По Вашата претседателска номинација и т.н. обид за „Обамизација“, изборно обединување на етничките кампуси , дали Македонија повторно е вратена во рамките на едно нетолерантно и мултиетничко општество ?  Селмани: За жал да, поларизацијата на општеството по етничка и верска линија сега во однос на 2009 год е далеку поголема. Еден дел од актуелните политичари им направија лоша услуга на нашата држава и на нашите граѓани. Државата ја водат на погрешна насока. Фактор: Кај албанскиот електорат има две уверувања - едното е дека ДУИ и албанците се т.н фактор од кој зависи актуелната разврска на кризата ,  и второто дека   Ахмети се ослободува од заложништвото на Груевски ? Селмани: ДУИ е битен а можеби и клучен  фактор во политичката разврска на сегашната криза. Тие треба да одлучат дали треба да бидат на страната на заштита на поединци и во редовите на нивната партија или треба да бидат на страната на народот и заштитата на интересите на граѓаните на Република Македонија.  Јас навивам за ова второто.  Фактор:  Дали  пред  една недела  сте имале средба со лидерот на СДСМ  Зоран Заев  и дали „Амстердамската  тројка “  со која имате  блиски релации   ќе биде  освежувањето во  трансформацијата  ВМРО ДПМНЕ? Селмани: Со Г-дин Заев сум имал средба и тоа не тајна, јавна на јавно место. Повеќе од 10 год се знаеме и неретко и во минатото сум се сретнал со него како и со многу други актуелни политичари и од власта и од опозицијата. Фактор: Кој се плаши од Специјалното јавно обвинителство - политичарите, бизнисмените, судиите, полициските тајни служби . Очекувате ли релано   некој од високите  функцинери на владејачката партија да зазврши зад решетки ? Селмани: Од Специјалното јавно обвинителство  се плаши секој он кој дебело се огрешил пред законот или ја злоупотребувал службената положба и моќ. Фактор:  Колкава и каква цена Македонија ќе плати доколку останеме изолирани во сопстеваната самодоволност  без интеграција во НАТО и ЕУ ? Селмани: Република Македонија  едноставно не може на среден и долг рок да се замисли надвор од НАТО и ЕУ. Надвор од овие семејства немаме никаква перспектива, ние сме мала држава за да бидеме доволни самите на себе. Фактор: Дали очекувате некој нов  Селмани , еден ден да биде претседател на Македонија  и што би направиле доколку сега би ги имале ингеренциите на шеф на држава? Селмани: Во САД се случи Обама во два мандата, во Лондон пред некој ден се случи Садик Кан, зошто на Македонија да не и се случи нов Селмани! Сега Македонија има потреба од вистински претседател, дури и повеќе и од 2001 год. За жал сега го немаме. Фактор: Како е возможно со една од „најпросперитетна“ економии  во светот  Македонија  да се најде пред длабока политичка  безна ? Селмани: Во секоја мала и сиромашна држава како Македонија политиката  има големо влијание врз економијата, особено  ако државата е најголем стопаственик и потрошач како кај нас. Посакувам да заврши што поскоро политичката криза за да последиците по економијата бидат што помали односно да не бидат катастрофални. Фактор: Што е неверодостојно дека имаме економонски пораст кој базира на буџетската потрошувачка со перманентни задолжувања или владеечката коалиција ја присвои  државата за  партиски и лично интереси ? Селмани: Првото сигурно ни се случува и тоа се промовира од страна на владата. Ова приказна е добра и успешна само ако владата истата не ја злоупотребува. Кога има масовни злоупотреби лесно  се влегува во магичен круг кој на крајот може да биде кобен за економијата на државата и стандардот на граѓаните.
Слично

Поврзани вести