ИНТЕРВЈУ Игор Јанев: Испраќаме порака на несериозна држава!
Македонија нема капацитет да делува во рамките на ООН, што се покажува и со последниот дипломатски скандал се неплаќањето на чланарината во Светската организација со што го изгуби правото на глас на Генералното Собрание, оценува за Фактор Игор Јанев. Универзитетскиот професор по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград проценува дека Македонија нема ниту стратегијата за името, бидејки сите чекори во разврската на овој проблем се поврзани со капацитетот на нашето делување во ООН. „ Овој пропуст не ги намалува битно шансите за реализацијата на стратешките цели за името. Ние ке ја платиме чланарината. Меѓутоа, доведува до штета по угледот на Македонската дипломатија и држава. Како што веке 20 години укажувам Македонија треба да биде насочена на зголемувањето на државите кој ја признаваат земјата под уставното име. Ова е потребно за да еден ден ја смениме референцата (ФYРОМ) во уставното име Р. Македонија во ООН“ , посочува проф. Јанев.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Македонија не платила членарина за две години (2013 и 2014), а минималната сума што требала да се плати за враќање на правото на глас е 24.606 американски долари. Каква порака со ова испраќаме до Светската организација и до меѓунардоните партнери?
Јанев: Со очигледниот пропуст со неплаќањето чланарина за две години се праќа порака дека Македонија е несериозна држава и дека нема квалитетен дипломатски кадар. Покрај тоа, се гледа дека Македонија нема ниту стратегија за името, бидејки сите чекори во разврската на овој проблем со името се поврзани со капацитетот на нашето делување во ООН. Ние имаме проблем со “колективното признавање од универзалната организација” под уставното име, а за ваквото признавање на уставното име ни е потребно Генералното собрание на ОН.
Фактор: Во ситуација кога се водат преговори со Грција околу спорот со името кои се под покровителство на Обединетите нации , дали со ова дополнително се намалуваат шансите за надминување на долгогодишниот проблем со јужниот сосед?
Јанев: Овој пропуст не ги намалува битно шансите за реализацијата на стратешките цели за името. Ние ке ја платиме чланарината. Меѓутоа, доведува до штета по угледот на Македонската дипломатија и држава. Како што веке 20 години укажувам Македонија треба да биде насочена на зголемувањето на државите кој ја признаваат земјата под уставното име.
Ова е потребно затоа еден ден да ја смениме референцата (ФYРОМ) во уставното име Р. Македонија во ООН. Имено, ние имаме ситуација во која, слично како и Палестина и Косово треба да работиме на додполнителните признавања, кај нас специфично за името (односно под уставното име). Оттука, Македонија треба да примени “ Косовско - Палестинска“ стратегија и постојано да зголемува бројот на држави со кои има воспоставено дипломатски односи под уставното име.
Ова е императив за дејствувањето во Генералното собрание на ООН. Наместо да се работи на зголемување признанија под уставното и воспоставување дипломатските односи со оние држави со кои немаме дипломатски односи, ние правиме елементарните пропусти, и праќаме порака дека самите не го разбираме проблемот со името.
Треба ли некој да одговара за ваквиот дипломатски скандал и каде точно ја лоцирате вината?
Јанев: Дали треба да се одговара за ваков дипломатски пропуст е работа на Владата и евентуално Парламенотот односно политичките партии во Македонија. Мое мислење е дека покрај управата за мултилатерала во МНР, Премиерот и Претседателот на РМ треба да имаат специјалните советници за името.
Исто така, би било добро една дирекција во МНР да биде исклучиво со задача да се бави со името во ОН. Ако правилно се работи, јасно е дека Македонија е на чекор да ја добие битката за името. Но ова бара засилена акција во Генералното собрание на ОН, кое еден ден треба со резолуцијата да ја смени референцата со уставното име.
Но доколу се работи како и досега, без активно барање нови признаниа под уставното име, без укажување на пропустите и на самиот ОН кога бевме зачленети под нелегалните дополнителни услови, со други зборови без активно дејствување Македонија “колективно да се призне од сите”, очекувана победа нема да се случи.
Слично
