Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Ѓорѓи Спасов: Ципрас создава простор за креативно решение на спорот за името!

ИНТЕРВЈУ Ѓорѓи Спасов: Ципрас создава простор за креативно решение на спорот за името!
„Радикализмот на Сириза ќе спадне првиот ден по изборите“, проценува поранешниот министер и екс македонски амбасадор Ѓорѓи Спасов. „Програмата на Сириза не е ултра левичарска. Таа е модерна социјалдемократска партија како ПАСОК, но успеа радикално да ги постави барањата за противење кон мерките за штедење наметнати од ЕУ“ , вели Спасов.  Во однос на македонско грчкиот јаз околу прашањето за името, екс македонскиот амбасадор  оценува дека лидерот и иден премиер  Алексис Ципрас ќе го  почитува постигнатиот консензус меѓу грчките политичките партии по тоа прашање. „Атина ќе инсистира на име со географска одредница (во смисла Горна, Северна или Вардарска Македонија) за севкупна употреба. Но Грција и Сириза имаат простор поимот севкупна употреба да го толкуваат креативно, а околу придавката македонски имаат слобода да изнајдат европско решение“,  вели  за Фактор амбасадор Ѓорѓи Спасов. Кревките политички односи  меѓу Макеоднија и Грција  не ги попречуваат двете земји јакнењето на стопанската соработка. „ Во сферата на бизнисот станува збор за взаемен економски интерес, во кој се вклучени моќни поединци од двете земји“, оценува за Фактор поранешниот министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов. разговараше Горазд Чомовски Фактор:  Дали по победата на Сириза може да очекуваме цела  меѓународна заедница да се сврти против Грција ако се има во предвид дека Брисел во Сириза гледа како „баук кој кружи низ цела Европа“?  Спасов:  Не. Сириза е едно протестно движење, создадено на бранот на острите мерки за штетедење, кои беа наметнати заради преголемото задолжување на Грција. Радикализмот на Сириза ќе спадне првиот ден по изборите. Ќе биде направен обид за поправедна распределба на товарот и може би за репресија кон претходните неодговорни политички елити. Но, Грција реално има богатство со кое може да се раздолжи и да се стабилизира.Таа преставува само 2% од вкупната економија на ЕУ и тој факт постојано ЕУ ќе го има на ум. Фактор: Како гледате што за првпат после 30 години во една европска земја ќе биде формирана радикално левичарска Влада  и може ли победаата на Сириза  да има последици и врз земјите од опкружувањето? Спасов: Програмата на Сириза не е ултра левичарска. Таа е модерна социјалдемократска партија како Пасок, но успеа радикалано да ги постави барањата за противење кон мерките за штедење наметнати од ЕУ, да се спротистави на префрлање на товарот од кризата врз најсиромашните во земјата и да  создаде голем блок на противење кон политиката на традиционалните и долгогодишни политички елити во Грција. Такво нешто веќе се случи во Бугарија по појавата на движењето на Симеон Втори, но по еден манадат на такви сили може да се врати претходната политичка рамнотежа. Фактор:Напуштање на еврозоната, отпишување на долговите, крај на европската политика на штедење. Дали едно вакво сценарио е на повидок со превземањето на власта од страна на левичарската партија ?  Спасов:  Сириза не ги поставува толку остро тие работи. Таа бара пред се нов план од ЕУ за раздолжување на Грција, кој ќе биде во функција на излегување од сегашната економска криза која доведе до висока стапка на невработеност, сиромаштија и иселување од Грција на 52 илјади лица само во текот на минатата година. Таму ќе се промени даночната политики која ги привилегираше и им гледаше низ прсти на богатите, поинаку ќе се управува со националното богатство, и ќе биде направен одбид за оданочување на огромни суми од скриените(односно украдените) пари на грчкиот народ. Сириза е радикална левица само во однос на Пасок чии политики во голема мера се поместија кон десниот центар. Тоа беше причината и за Папандреу да го напушти Пасок и да формира своја партија пред овие избори.   Фактор: Ако актуелниот премиер и лидер на Нова Демократија Андонис Самарас се смета за креатор на проблемот со името, дали  автоматски  значи дека идниот  грчки премиер Алексис Ципрас  ќе има поголема политичка волја да влезе похрабро во решавање на прашањето за името?   Спасов: Не мора да значи. Сириза ќе го почитува постигнатиот консензус меѓу политичките партии на Грција по тоа прашање. Име со географска одредница( во смисла Горна, Северна или Вардарска Македонија) за севкупна употреба. Но Грција и Сириза имаат простор поимот севкупна употреба да го толкуваат креативно а околу придавката македонски имаат слобода да изнајдат европско решение и да помогнат во решавањето на проблемот ако Република Македонија остави простор и покаже волја за решавање на тој проблем. Фактор: Зошто одличните македонско-грчки економски односи не можат да бидат пример  како треба да се работи на унапредување  на политичките релации меѓу двата соседа? Спасов: Во сферата на бизнисот станува збор за взаемен економски интерес, во кој се вклучени моќни поединци од двете земји. Некои од тие бизниси, како оној на македонската влада со милијардерот Кондоминас, кој е во притвор, се на ивица на легалноста и не се целосно транспарентни. На таков вид бизниси дури и им одговара една сива политичка зона. А ако политичкиот спор меѓу двете земји им одговара на националистичките елити во двете земји за зачувување на нивната политичка подршка, тогаш нерешавањето на спорот станува самo уште еден профитабилен бизнис за нив.     
Слично

Поврзани вести