ИНТЕРВЈУ ГОРАН МУРАТОВСКИ: Враќањето во Македонија го дочекав со голем ентузијазам!
Виолинистот Горан Муратовски во интервју за Фактор вели дека на музичките уметници им е потребна нова концертна сала, поголема продукција на носачи на звук, поголема застапеност во медиумите, почеста промоција во странство како и повеќе финансиски средства. Муратовски, кој дипломирал на Факултетот за музичка уметноств во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко, а постдипломските студии ги завршил во германскиот град Детмолд вели дека иако му се укажувала можност да ја напуши Македонија никогаш не размислувал да си замине.
„Одлуката за заминување беше предизвикана за личен и професионален развој, но никогаш не била поврзана со потребата за емиграција. Враќањето дома го дочекав со уште поголем ентузијазам бидејќи знаев дека ќе имам можност да го пренесам стекнато знаење и искуство. Работата во повеќе оркестри и ансамбли и соработката со врвни светски имиња е од непроценливо богатство и ми претставува особено задоволство што имам можност искуството да го пренесувам на моите ученици“, вели виолинистот Муратовски.
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Зошто сон на речиси секој уметник кај нас, без разлика дали се работи за сликар, писател, композитор или филмаџија, е да дојде до сигурна буџетска плата, а со својата професија да се занимава од хоби?
Муратовски: Основните два национални оркестри во моментот се финансирани од државата. Оттука би рекол дека желбата на уметниците музичари да обезбедат место во овие оркестри не е детерминирана од сигурната плата туку многу повеќе од можноста која се добива за професионален развој. Се надевам во некоја блиска иднина како што е трендот во Европа и кај нас големите корпорации ќе бидат финансиери на уметноста како дел од нивната општествена одговорност.
Фактор: Дипломиравте на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Олег Кондратенко. Постдипломските студии ги завршивте во германскиот град Детмолд. Зошто и покрај можноста професионалната кариера да ја продолжите во Германија, сепак одлучивте да останете во Македонија, во меѓувреме се зголемува бројот на млади луѓе кои ја напуштатземјата?
Муратовски: Одлуката за заминување поддржана од семејството и професорот беше предизвикана за личен и професионален развој,но никогаш не била поврзана со потреба за емиграција во странство. Враќањето дома го дочекав со уште поголем ентузијазам бидејќи знаев дека ќе имам можност да го пренесам стекнатото знаење и искуство. Работата во повеќе оркестри и ансамбли и соработката со врвни светски имиња е од непроценливо богатсво и ми претставува особено задоволствошто имам можност искуството да го пренесувам на моите ученици.
Фактор: Можете ли да направите споредба со искуствата што ги имате дома и во странство? Што и' недостига, според Вас, на Македонија за да ги стигне европските стандарди?
Муратовски: Во делот на музиката недостасуваат неколку клучни елементи кои за жал се поврзани со голем износ на средства. Би споменал неколку: нова концертна сала која многу недостасуваше и со нетрпение го очекуваме нејзиното отворање, потоа поголема продукција на носачи на звук, поголема застапеност во медиумите на она што го работиме како и почеста промоција во странство.
НЈАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД УМЕТНИЦИТЕ НЕ СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ
Фактор: „Македонскиот пијанист е слика на дејствувањата и случувањата во државата“ – дали би ја промениле и надополниле оваа изјава на пијанистката и професорпоклавирДаницаСтојанова?
Муратовски:Како што споменав на музиката и уметноста им недостигаат мецени, но сепак музиката го наоѓа својот пат и водобри и лоши времиња.
Фактор: Дали уметниците го заборавија најважното , а тоа е да бидат свои и независни. До кога тие ќе бидат во функцијна политичките партии?
Муратовски: Мислам дека уметниците-музичариво најголем дел се единствено во функција на музиката.
Фактор: Дома важите за успешен музичар на кој и публиката и критичарите реагираат позитивно. Како поминуваат вашите настапи во странство? Во чии композиции најмногу се пронаоѓате како состав?
Муратовски:Квартетот Зографски се залага за афирмација на камерната музика во Македонија и покрај опусот од класичната литература особена важност придаваме и на современите композиции од македонски автори.
ПОДОБАР СТАНДАРД И ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА УМЕТНИИЦИТЕ
Фактор: Кои се Вашите критериуми по кои оценувате дали некоја изведба е врвна или не? Кои се најважните работи кои ги барате во Вашите настапи , но и кога слушате други музичари?
Муратовски: Сметам дека одособена важност е во изведбата изведувачот да има индивидуален пристап во кој ќе даде свој осврт како ја доживува композицијата. Јасниот израз на музичката мисла ја отсликува зрелоста на музичарот да ја пренесе музиката на најсоодветниот начин.
Фактор: Која е државата, регионот, местото каде музиката им значи на луѓето повеќе отколку на другите?
Муратовски: Би рекол дека континентална Европа како лулка на уметноста и музиката ,останува да придава најголемо значение на музиката.
Фактор: Колкава е според Вас идеалната плата за еден просечен уметник, или иделната сума на месечни примања со која Вие би живееле со семејството нормално, без да се стискате, како што се вели ?
Муратовски: Постои дефинитивна потреба од подобрување на стандардот и примањата на уметниците но апсолутните износи се неблагодарни за дискусија. Сепак уметноста нема цена.
