ИНТЕРВЈУ ГОРАН БУЛДИОСКИ: Во македонската приказна не веруваат ни нејзините граѓани
Ни по четврт век самостојност ние ги немаме основните белези на една спастрена и функционална заедница.
“Потребна ни е држава во која ќе имаме правен систем, каде што граѓанините ќе се чувстуваат заштитени. Наместо заплашувања , притисоци, уценувања конечно треба да имаме избори на кои граѓаните ќе можат да го искажат своето мислење без притоа да се плашат дека ќе останат без работа ако гласаат во согласност со своите убедувања. Македонија, во првите 15 години од својата самостојност имаше избори после кои дојде до мирна промена на партиите на власт. Тоа е придобивка на едно зрело и демократско општество која ако ја изгубиме, губиме сите и тие што се на власт денеска и оние кои сакаат да дојдат до неа. , “одговара нашиот соговорник.
Горан Булдиоски е директор на Иницијативата за Отворено општество за Европа. Пред да се приклучи на фондацијата Отворено општество, тој работел за Советот на Европа, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како и за Националниот младински совет на Македонија.
Тој е загрижен за масовната емиграција од Македонија.
“Кога луѓето би се чуствувале сигурни во својата држава не би си заминувале, а се повеќе млади, па дури и неколкугенерации во семејства ја напуштаат Македонија. Во прашање е еден од најголемите егзодуси на населението во нашата историја . Бројот на македонски граѓани кои се иселиле од државата во последниве години постојано расте. Тоа значи дека тие не чувстуваат доверба во системот за да напредуваат, не сметаат дека во државата има пазар на трудот и слободна економија како поле за конкуренција на вредности и квалитет . Тоа се сериозни индикатори дека драматично е намалена доверба во понудените концепти на политички и економски прогрес”.
”Сериозен проблем за државата е отсутвотона креативен политчкиот еснаф кој држи до дадениот збор. Македонското општество се поларизирашедо тој степан што луѓето веќе не можат да седат еден до друг и нормално да дискутираат. Партиите мора да престанат да ги узурпираат инстутуциите на власта и преку нив да му го перат мозокот на народот”.
Разговараше Горазд ЧОМОВСКИ
Фактор: Евробирократите во Брисел подолг период немаат одговор на суштински прашања. Дали нејзиното единство е разнишано и кои се причините за длабоките пукнатини во ЕУ ?

Фактор: Дали ова значи дека проширувањето на ЕУ со нови членки во наредните неколку години нема да биде приоритет ?
Булдиоски:Кога имате една земја членкакако Велика Британија којасака да ја напушти ЕУ нормално е дека приклучувањето на нови не е приоритет. Но тоа не значи дека ЕУ не е заинтересирана за Балканот. Напротив, комисијата во Брисел сака целосно да се стабилизира регионот и земјите аспиранти да бидат дел од европското семејство. Но политичкиот момент не е на нивна страна. Исто така, во овој момент на Балканот прашање е дали има домашна енергија да се спороведат процесите за модернизација идемократизација и волјаза справување со криминалот и корупцијата . Засега нитуво Брисел, ниту во главните градови на земјите членки нема јасна визија за развојот на унијата во наредните 20-30 години.Со тоа се отвора и прашањето како Унијата ќе остане релевантна и корисна не само за постојните членки туку и за земјите кандидати.
Фактор: Како ја оценувате динамиката со која земјите аспиранти, пред се Македонија, за влез во ЕУ ги исполнуваат обврските и насоките кои ги добиваат од Брисел како услов за добивање „зелено светло “ за старт на преговори ?
Булдиоски: Прашањето не е колку земјите аспиранти ги исполнуваат обврските за приклучување кон ЕУ, туку колку воведувањето на европски стандарди е придобивка за граѓаните на овие држави. Во крајна линија, тие мора да бидат применливи за граѓаните во реалниот живот. Напротив, денес законските решенија со леснотија се усвојуваат во Парламентот без и да се помисли за нивно спроведување. Со дигање на два прста се носат низа закони за неколку часа без притоа да се проценат користа и последиците од ваквите законски решенија. На тој начин и собранијата во овие држави вклучувајќи ја Македонија ја изгубија довербата и вредноста во очите на населението. Мислам дека владите во земјите кандидати наместо да бидат преокупирани со тоа што треба следно да направат за членство и задоволување на Брисел или Берлин, треба да се насочат кон решавање на домашните проблемиупотребувајќи ги европските стандарди и рамки.
Но за жал политичките елити во овој момент не се конструктивни за градење на една успешна приказна од која сите ќе бидат задоволни или во најмала рака најголем дел од македонските граѓани. Невладините организации, и покрај сите нивни напори, не можат да понудат решенија кои би биле слушнати. Честопати нападнати од власта најголем дел од енергијата ја трошат за бранење, за реакција на нападите, а не за креирање на нова визија за развој. Бизнисите, кои за жал се многу зависни од државата кој им е огромен должник, се борат да преживеат а не да инвестираат. Доказ за тоа е бројот на мал број на инвестиции, кои не се спонзорирани или директно спроведени од државата.
Фактор:Дали Македонија предолго се заминава самата со себе не гледајќи што се случува во нашето опкружување и пошироко ?
Булдиоски: Политичката криза која предолго трае го отвори прашањето за тоадали и во која мера македонското општество е демократско и функционално. ? Во моментов не гледам кај политичките водства енергија ниту посветеност во градењето на европските стандарди и вредности. Владеачката елита е загрижена само за својот опстанок, и тоа по цена на апсолутна власт. Опозицијата ја има насочено целосно својата енергија за надминување на политичката криза и по можност доаѓање на власт. Помалите партии и партиите на малцинствата или молчат или се пазарат за сопствените , често тесногради, интереси.Македонската Влада подолго време нема волја и сигнали за исполнување задачите кои ги бара Брисел. Постојано се бараат изговори за неисполнување на критерумите и стандарди што сме обврзани да ги реализираме ако сакаме да добиеме препорака за почеток на преговори со ЕУ. Ние 25 години се обидуваме и не успеваме да создадеме држава и тоа е најголемиот и најсеризоен проблем . Потребна ни е држава во која ќе имаме правен систем, каде што граѓанинот ќе се чувстува заштитен. Наместо заплашувања , притисоци и уценувања потребни се избори на кои граѓаните ќе можат да го искажат свое мислења без притоа да се плашат дека ќе останат без рабоата ако гласаат согласно со своите убедувања а против оние кои се на власт. Македонија, во првите 15 години од својата самостојност имаше избори после кои дојде до мирна промена на партиите на власт. Тоа е придобивка на едно зрело и демократско општество која ако ја изгубиме, губиме сите и тие што се на власт денеска и оние кои сакаат да дојдат до неа. За жал ние и по четврт век самостојност не успеавме да изградиме држава .
Фактор: Каде ја лоцирате вината кога велите дека и по 25 години независност не сме успеале да изградиме држава? Дали недостигот од политички дијалог и градење на широк консензус за клучните прашања за државата е еден од проблемоте што речиси постојано функционраме на принципот два чекори напред три назад ?
Булдиоски: Виновниците треба да ги бараме пред се’дома, a не надвор. Точно е дека ние имаме соседи кои не ни мислат баш најдобро и ни создаваат сериозни проблеми.Отворените прашања со соседите влијаат врз стабилноста и просперитетот на македoнскатa држава.Но во овој момент, фундаменталните проблеми се внатрешни. Столбовите на една модерна европска држава се градат кога политичките елити, граѓанскиот сектор и претпријатијата седнуваат на маса и градат една заедничка визија.За стратегиските правци на развојот, власта и опозицијата би требало да имаат одреден континуитет и минимален конзенсус. Не може после доаѓање на нова гарнитура на власт да се прват промени од корен само заради тоа што некои други предходно владееле со државата. Или некој да извади поука дека оставање на полн буџет е лоша политика и наместо тоа да ја задолжува државната каса. Не може институциите да се партизираат до тој степен клучните сектори да бидат во функција на партито-кратијата, а за потребите на граѓанството да се мисли како на “фрлање коски” за останатите. Сериозен проблем за државата е отсуствотона креативен политчки еснаф кој држи до дадениот збор. Македонското општество се поларизираше до степан што луѓето веќе не можат да седат еден до друг и нормално да дискутираат . Партиите мора да престанат да ги узурпираат инстутуциите и преку нив да му го перат мозокот на наордот. Сонувам за денот кога политичките елити, граѓанските организации и бизнисите ќе се договоаат за одредени фундаменти од кои нема да има отстапувања без разлика кој е на чело на дражавата. На пример наместо меѓусебно да се обвинуват за испразнетиот државен буџет, претходно треба да се договорат на децениска стратегија за тоа дали треба и во која мера да се задолжуваме, дали тие задолжувања се претворат во инвестиција која носи повеќе пари за населението. Реалноста е комплетно различна и средствата се користат за непродуктивни цели и потрошувачка, па било тоа и да се пензии и плати на државните службеници.
Добро е да има политичка битка меѓу партиите за да се види и какви се нивните визии за државата. Но досега ние не сме видел јасен концепт ниту долгорочен план за развој и напредок на државата.На пример, секој би се сложил дека ние треба да имаме добро образование бидејќи тоа ќе ни донесе школувани и квалитетни кадри . Но, каков е квалитетот на македонскто образование денес? Кога луѓето би се чуствувале сигурни во својата држава не би си заминувале, а се повеќе млади, па дури и неколку генерации од семејства ја напуштаат Македонија. Во прашање е еден од најголемите егзодуси на населението во нашата историја. Бројот на македонски граѓани кои се иселиле од државата во последниве години постојано расте. Тоа значи дека тие не чувствуваат доверба во системот за да напредуваат, не сметаат дека во државата има пазар на трудоти слободна економија како поле за конкуренција на вредности и квалитет . Тоа се сериозни индикатори дека драматично е намалена доверба во понудените концепти на политички и економски прогрес.
Фактор: Како да се врати довербата во политичарите, институциите.. ?
Булдиоски:Довербата која е изгубена во системот, државата не може да ја врати преку ноќ. Ако лојалноста кон одредена политичка партија е гарант за работно место и успех во животот се показатели на една општа ерозија на општествените вредности. При една ваква состојба не може да очекувате кај младите да има ентузјазам или простор за нивна стимулација . Ваквиот начин на практикување на власта само ги мотивираа младите да си ја бараат среќата надвор од границите на земјата. Тоа бара одговорност од оние што ја водат државата но и од граѓаните кои треба да сфатат дека некои владини потези кои на прв полгед им изгледаат како добри може да имаат катастрофални последиции врз земјатана долг рок.
