Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ФАТМИР БЕСИМИ: Ахмети не е сервилен во релациите со Груевски!

ИНТЕРВЈУ ФАТМИР БЕСИМИ: Ахмети не е сервилен во релациите со Груевски!

Али Ахмети е неприкосновен лидер на ДУИ, со целосна доверба внатре и надвор од партијата. Со овој одговор Вицепремиерот за евроинтеграции ги отфрла критиките дека борбата на интелектуалното и военото крило кај интегративците е вон контрола на партискиот шеф. “ Информациите дека ДУИ има споредна улога, дека лидерот Ахмети е сервилен во  релациите со премиерот Груевски во  споделувањето на  власта, е погрешна перцепција, диктирана од опозицијата“, вели Фатмир Бесими во интервју за Фактор.

Последниот извештај од Брисел не е депримирачки за македонските власти, но мора да биде мотивирачки за стабилизирање на законските реформи и правната сигурност на граѓаните.  За Бесими на судството му треба дополнително реформирање, “вклучувајќи ја поголемата транспаретност во постапките што ги водат делителите на правда, како и навремено донесување на судски пресудите и нивна достапност во јавноста”. 

“Не би сакал да бидам во  улога на адвокат, но од позцијата на Вицепрeмиер  за европски прашања сметам дека отсуството политички дијалог во земјата не ни помага  во  процесот на евроинтеграции”.

Фактор: Од  Брисел стигна уште еден Извештај со сериозни критики за се’ поголемото политизирање на државните институции, низа системски проблеми што се однесуваат на судството..,со медиумите. Како Владата ги прима и ќе одговори?

Бесими:  Ние извештајот на ЕК го  сметаме за објективен,  тоа е документ што ни дава ориентација каде треба да се фокусираме во наредниот период.  Во  однос на извештајот во  првиот дел од заклучоците Европскиот Совет го поздравува  фактот што евроинтеграциите остануваат врвен приоритет на Македонија. Вториот важен елемент е што во голема мера ја имаме усогласено  легислативата со ЕУ. И реализацијата на клучните политичките критериуми е на задоволително ниво. Брисел не ги затвора вратите и укажува на тоа дека препорката за старт на преговори ќе се  врати  штом ќе се процени дека земјата има направено одреден прогрес како во делот на реформите, така и во однос на спорот со името. Македонија во наредните месеци мора да работи не само на усвојување на законите туку и на нивна имплементација, особено во делот на судството  каде треба покажеме поголема  ефикасност.

Во делот на судските реформи неопходни се систем-мерки за оценки и вреднувања при унапредувањето  во криерата на судиите  и обвинителите. Неопхоно е  да се зголеми ефикасноста  во дициплинските постапките за нив и третиот дел, да работиме  на зголемување на транспаретноста во судските постапки што подразбира  и поголем пристап  до судски пресуди.

Ние треба целосно да го испочитуваме сугестиите за промени во општеството и институциите што е наведно во забелешките на Брисел . Важно е граѓаните да имаат довербата и сигурност во институциите, секој граѓанин треба да се чуствува еднаков пред законот.

СТАТУС КВО СО ЕУ ГИ ОТЕЖНУВА РЕФОРМИТЕ

Фактор: И овојпат Македонија не доби препорака за  почеток на преговори со ЕУ. Како во Владата го доживувате неповолниот извештај на ЕК – депримирачки или мотивирачки?

Бесими: За Македонија евроатланската перспектива останува неприкосновен стратешки приоритет, а заклучоците што беа донесе од Европскиот совет се во рамките од очекувањата, со оглед на фактот што сеуште нема решение  за името со Грција. Во следниот период ни престои ново напорно анагажирање за  реформите  и да направиме одреден  напредок во областите во кои ЕК има забелешки.

Забелешките од Брисел треба да ги гледаме како укажувања  што треба да направиме   во подобрувањето на состојбите во земјата. Факт е дека  ваквата статус кво ситуација, долгото чекање во предворјето на Унијата дополните го отежнува и спроведувањето  на реформите. Нивниот квалитет би бил далеку подобар и позтивитен, и поефективен,  доколку започнеме сктивни преговори со ЕУ. Важно е до  отпочнувањето на преговроите  да продолжи дијалот на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ.

Фактор: Ја делите ли и Вие  загриженоста поради оценките од извештајот дека Македонија во одделни области и општествени сфери се повеќе назадува? Сега спорот со Грција  околу името не е веќе во пред план. Впечаток е дека се изразува и критика кон внатрешната ситуација во Македонија.

Бесими:  Не би се согласил со констацијата дека прашањето со името не е во преден план во извештајот на Комисијата. Напротив,  уште  на почетокот околу прогресот на земјата, нагласена е потребата и важноста од конечна  постигнување на решение  на спорот со името. Од Скопје и Атина се бараат решителни одлуки, се бара итно затворање на ова спор.  ЕК упатува на потребата земјите членки да ја превземат и улога на  олеснувачи  во  овој процес со цел да се изнајде решение во што е можно пократок рок . Случни заклучоци има Советот на ЕУ. Тонот за ова прашање се зголемува.

Фактор: Лидерот на ДУИ беше промотор на партиско лобирање во Атина и Софија за решaвање на споровите со соседите. Неодамна е објавено дека спорот со Грција не е приоритет за интегративците, за членство и ЕУ и НАТО?

Бесими: Ние имаме официјална програма на партијата каде што дека евроатланската интеграција е еден од главните приоритети на ДУИ, затоа што сметаме дека  на тој начин Македонија ќе биде постабилна како држава, со динамичен просперитет и подгање и импелемнтирање на европските стандарди во економско-соцјалниот живот и унапредување на демократските стандари .

Фактор: Проблем има и во политичката култура – во европскиот документ  се потенцира дека треба да се прифати фактот дека и опозицијата и владата се легитимни, но дека има повисоки цели како членството во ЕУ, кои се поважни за државата oд самиот судир власт-опозиција ?

Бесими: Партијата не е цел само по себе. Граѓанското општество треба да биде плурализам на различни идеии и понуди чија крајна цел ќе биде подобрување на животот на луѓето, постабилни инситуции за да можеме да овезбедиме правн сигурност и слобода . Тргнувајќи од таа основна претпоставка и делувањето на политичките партии би требало да биде во интерес на сите граѓани. Државата да биде во преден планм а не тесно партиските и лидерски интереси.

НЕМА ДА ШПЕКУЛИРАМ СО ТЕЗИТЕ ЗА НАПУШТАЊЕ НА ВЛАДАТА

Фактор:  Колку Владата има поголем слух и разбирање за различните мислења во општествено - политичкиот живот?

Бесими: Во однос на политичкиот дијалог, лидерите на ВМРО ДПМНЕ И СДСМ треба да  направат конкретен  напредок во однос на отворените прашања. Битно е институциите во земјата да станат функционални, односно опозицијата да се врати во Собранието, а во меѓувреме да се постигне  договор во однос на барањата поставени од СДСМ. Не би сакал да бидам во  улога на адвокат, но од позцијата на Вицепрмиер  за европски прашања сметам дека немањето политички дијалог не помага  во  процесот за евроинтеграции. Колку побрзо толку подобро ќе биде за Македонија и нејзините евроатлантски стремежи   доколку политичката криза се надмине што поскоро. Дијалог треба да се води  во рамките на институциите

Фактор: Дел од медумите блиски до СДСМ повторно ја развиваат тезата дека ДУИ би можело да ја напушти владината коалиција поради повеќегодшниот застој  на патот кон ЕУ. Како да се враќа старата стратегија на опозицијата на власт да се дојде  со дестабилизирање  на моќната владината коалиција , преку “излегување на Ахмети од Влада “?

Бесими:  ДУИ досега се има покажано како една од најстабилните политички партнери во Македонија. Досега немаме поставен ултиматуми  врз стрикна партиска агенда. Лидерот Ахмети е меѓу ретките, а можеби и едниствен  кој знае да каже „ДА“ за државните за сметка на партиските интереси. Секако ние по некогаш плаќаме и цена во однос на партските позиционирање и критиките во албанската заедница и нашите партиски ривали..

Фактор: Дали застојот во евронитеграциите би можело да биде причина за ДУИ да донесе одлука за напуштање на владината коалиција? Дали Интегративците повеќе не гледаат простор за заедничко споделување на одговорноста со ВМРО ДПМНЕ во водењето на државата?

Бесими: Не би сакал да шпекулирам со ова. ДУИ имаше  јасна позиција кога почнаа преговорите  за овој состав на Влада. Тогаш кажавме дека главен приоритет ќе бидат евроатлантските интеграции  и економскиот пораст на земјата. Со тоа што ние ќе направиме одредени временски евалуацијата за тоа што е направено  и исполнето од договорено со коалициониот партнер.

Ние никогаш не бегаме од одговорност, ниту се криеме зад некоја политичка партија. Свесно  превземавме ангажман во водењето на ресорите  одбрана, евроинтеграции, правда, економија  во овој и во претходниот владин состав .  Прифативме да водиме министерства кои не се само од интерес на одредена етничка заедница, туку тоа туку се  државен интерес. Ние  се уште веруваме дека имаме капацитет да ја интегрираме  Македонија во ЕУ и НАТО.  Можеби за тоа ќе платиме одредена политичка цена, но цврсто сме определени да опстоиме на таа агенда, се додека гледаме дека има и најмала надеж.

Фактор: Дали падот на рејтингот на лидерот на ДУИ Али Ахмети се должи на  сервилност кон ВМРО ДПМНЕ и Премиерот Никола Груевски, како што Ве критикуваат одредени кругови од опозицијата и албанските интелектуалци?

Бесими: Тој пристап дека ДУИ има споредна улога, дека лидерот Ахмети е сервилен во  релациите со премиерот Груевски во  споделувањето на  власта е погрешна перцепција, креиран од опозицијата. Критиките дека имаме споредна улога во Владата, како коалициски партнер, дека не сме консултирани за стратегиски прашања и одлуки, дека сме гласачка машина, сите тие јавни прозивки се крајно неиздржани.

АХМЕТИ Е НЕПРИКОСНОВЕН ЛИДЕР ВО ДУИ

Фактор:  Интелектуалното крило во ДУИ како да му откажува послушност на лидерот. По последните инициденти во партијата на виделина излгуваат незадоволство  и концепските разлики меѓу потесното членство. За какви несогласувања станува збор?

Бесими: Претседателот на ДУИ Али Ахмети е неприкосновен лидер во рамките на партијата. Тој е авторитет и надвор од нејзините струкури и ужива огромен кредибилитет од основањето на партијата, па се до денес.  Тоа што можеби  досега не било познато за јавноста е демократскиот капацитет и дијалог што го градиме, имаме и развивам во рамките на партиските органи. Ние сме меѓу еднинствените партии каде има најголема демократска расправа, слобода да се слушнат различни  мислења. Секој изнесeн став на наш  член се почитува, а тоа се должи пред се’  на широкоградоста на претседателот на ДУИ.

Фактор: На што се должат инциденти во партијата и колку се точни информациите дека е можно создавање на фракција во партијата која би го дистанцирала Али Ахмети во оперативниот дел?

Бесими: Такви иниденти јас би ги издвоил како изолирани случаи.  Тоа што беше објавено во јавноста повеќе се должи на шпекулации  за одредени интереси, отошто на оперативната политика на ДУИ. Инаку во нашиот статут нема предвидено формирање фракции во рамките во партијата.

Фактор:  Ве загрижува ли податокот дека Македонија во однос на медиумските слободи во континуитет назадува?

Бесими: Слободата на медумите и изразувањето е уставната категорија. Со нашиот Устав се гарантира слободата не само за медумите, туку за секој граѓанин и доколку во било која форма тоа се загрозува треба институциите да реагираат. И во последниот Извештај од Брисел ни се препорачува да докажеме дека немаме селективен пристап  во судските постапки и доследно да ги имплементираме  одредбите за клевета и навреда и не би ја гушеле слободата на општествените критики.

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести