ИНТЕРВЈУ ЕМИНА БУЖИНКИЌ: Мигрантската криза може да предизвика политичка експлозија на Балканот!
Освен Германија и делумно Австрија што го поднесоа најголемиот „ товар“ на оваа мигрантска криза , другите земји од ЕУ не направија доволно или речиси ништо за овој проблем, оценува Емина Бужинкиќ од Центарот за мировни студии во Хрватска. Таа во интервју за Фактор вели дека активирањето на Фронтекс, како сили на НАТО и ЕУ на границите на земјите членки е јасен показател за односот на Брисел кон мигрантите .
„Бегалците не се непријатели а ЕУ со своите 500 милиони жители , сигурно може да прими еден или два милиони бегалци, без да се наруши нејзината внатрешна безбедност. Бужинкиќ проценува дека ако добро не се менаџира мигранската криза таа може да предизвика сериозни политички потреси во ЕУ и земјите од Балканот.
„Во земјите од Вишеградската група промовираат ригидни и репресивни решенија кон бегалците, оградувајќи се со жиза. На тој начин се најдоа во групата на земји со антидемократски и тоталитарни тендеции, при што кокетираат со неофашистички политики“, вели Бужинкиќ од Центарот за мировни студии во Загреб кој деновиве започна проект под слоганот „Добредојдовте мигранти“ .
Разговараше Горазд Чомовски
Фактор: Ситуацијата со мигрантската криза станува се’ потешкa, бегалци и понатаму пристигнуваат, а веќе многу земји побара да се ограничи или дури целосно да се запре со нивнвниот прием. Со оглед на ваквиот развој на ситауцијата кои мерки ги превзема Хрватска ?Бужинкиќ: Присуствувавме на прес конференција на која шефови на полициите на пет земји - Хрватска, Австрија, Словенија, Србија и Македонија најавија заеднички план за профилирање и регистрација на бегалците на грчко–македонската граница, со зајакната контрола на превозот кон Австрија и Германија . На тој начин ќе се обезбедат прецизни дневни квоти за влез на бегалците. Хрватска, на овој начин, недонесува самостојни одлуки , туку селекцијата паѓа врз германските и австриските концепти за се по ригидна евиденција при влезот во тие држави . Како последица на оваа одлука се и хот-спотовите (прифатилишта) во Грција и Турција. Во евидентирањето и селекцијата што ќе одвива на грчко-македонската граница учествуваат и хрватски полицајци. База за селекцијата е потеклото на мигрантите од подрачјата во која е регистрирана воена состојба, што значи од Сирија, Ирак и Авганистан. На овој начин на сите други на кои со месеци им заканува прогонство или несигурност и во неможноста да дојдат до безбеден коридор, од сега на уште помал број на луѓе ќе имаат шанса да мигрираат . Тоа во прв ред се однесува на бегалците од Сирија што дирекно не се зафатени со војна , но сигурно е дека ќе бидат озложени на тероризам, сиромаштија и други фактори на несигурност .
Фактор: Земјите од т.н. Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија), предложија затворање на границите се до Република Македонија. Како го оценувате ваквот предлог и каде води ваквата политиката ?
Бужинкиќ: Во земјите од Вишеградската група промовираат ригидни и репресивни решенија кон бегалците, оградувајќи се со жиза. На тој начин се најдоа во групата на земји со антидемократски и тоталитарни тендеции, при што кокетираат со неофашистички политики . Овие држави го отфрлаат почитувањето на темелното начело на ЕУ – солидарност . Тие дирекно ги поткопуваат заедничките европски темели за добивање на азил и атакуваат врз политизирање на одредбите на меѓународното хуманитарно право . Поставувањето на бодликави огради е спротивно на стандардите на демократијата и плурализмот, како и владеењето на правото што се промовираат од економски развиениот свет се покажува дека ЕУ нема цврсти темели и дека нејзините членки се поврзани со кревки политички врски . Ова е уште една манифестација дека ЕУ нема сили да реагира против тенденциите на ново затварање на границите и нерамнотежа на оделни земји и региони .
Фактор: Како гледате на мериките на НАТО и ЕУ за надзор на границите?
Бужинкиќ: Истоветно како и на поставувањето на подликавите жици. Активирањето на Фронтекст, како сили на НАТО и ЕУ на границите на земјите членки е јасен показател за односот на Брисел кон мигрантите пристапувајќи кон нив како кон непријатели. Се повидливо е како ЕУ во состојба на целосна готовност и одбранбена војна. Тоа започнува со етикитирањето на бегалците како економски мигранти, па потоа како терористи и криминалци . На бегалците им треба помош, а полициските сили треба да обезбедат само сигурен транзит, без дополнителни критериуми за криминална селекција . Бегалците не се непријатели а ЕУ со своите 500 милиони жители , сигурно може да прими еден или два милиони бегалци, без да се наруши нејзината внатрешна безбедност .
Фактор: Се’ уште ли верувате во настојувањето на Германија дека на европско ниво ќе биде пронајдено заедничко решение за мигранстаката криза и покрај сериозните разликите кои постојат меѓу земјите членки во однос на овој проблем ?
Бужинкиќ: Покрај Германија и делумно Австрија што го поднесоа најголемиот „ товар“ на оваа криза , другите земји од ЕУ не направија доволно или речиси ништо за мигрантската криза. Одлуките за релоцирање на околу 250 илјади беглаци од Унгарија, Италија и Грција резултираа преместување само 470 илјади мигранти во други земји од ЕУ. Во моментов во Гермнија се наоѓаат околу еден милион бегалци, а другите членки на ЕУ не нудат помош и не покажуваат солидарност. На тој начин проблем станува приемот на бегалците во Европа . Ограничувањето на влезот на луѓето за добивање на азил го деградира провото за нивна заштита. Истакнати експерти што се занимаваат со миграциите, меѓународното и хуманитарно право, заедничкото законодавство на ЕУ , особено со основите на заедничките европски услови за азил ((Common European Asylum System – CEAS) , ја обврзуваат ЕУ , во целина и поединечно нејзините членки да им овозможат заштита и вдомување на сите кои бегаат од своите држави. Насочувањето на бегалците само кон Германија и Австрија е неодржлива политика и создава контра ефекти . Крајно време е сите членки да ги превземат своите обврски во распоредувањето на товарот на хуманитарната криза и да им дадат поддршка на луѓето кои бараат заштита . Австрија , Словенија и Хрватска , како членки на ЕУ треба да се залагаат за солидарно прифаќање на бегалците и да им овозможат привремената заштита на сите што доаѓаат од подрачјата зафатени од војната во Сирија, Ирак и Авганистан. За другите , што во мигрантскиот бран, бараат заштита од други причини наведени во Женевската конвенција треба да им се овозможи пристап кон меѓународна заштита .
Фактор: Без оглед на сите социјалн-економски потешкотии , дали мигрантската криза може да стане политички екплозив за ЕУ и земјите од Балканот?
Бужинкиќ: Да, тоа би можело да се случи во земјите од балканската рута и земјите членки на ЕУ од регинот доколку ги апстрахираат принципите на хуманост и солидарност како прогресивните интеграциски политики . Создавањето на прифатилишта во Грција и Турција по таканаречени „хот-спот кампови “ не е решение . Таму условите за згрижување на луѓето се лоши и животно загржувачки. Од друга страна ќе се создаде меур кој негде ќе експлодира и ќе се прелие. Коридорите ќе се пренасочуваат кон Грција и Албанија а возможно е да се активира Медитераската рута. И без вакви проекции да ја анализираме сегашната ситуација: Четри илјади мигранти удавени во Егејското и Средоземното море, пет милиони сирици во Јордан , Либан, Турција и ЕУ и повеќе од пет милиони вантрешно раселение во Сирија . Каде ова води !?
Фактор: Хрватскиот центар за мировни студии оцени дека безбедносниот коридор за бегалците не смее да биде повод за расна дискриминација. Кој сака да профитира од оваа голема мигрантска и хуманитарна криза ?
Бужинкиќ: Расната селекција е дискриминаторска мерка што репресивните сили ја користат за да се смали бројот на бегалците и запре нивниот пат кон Европа . Од етички аспект ваквиот метод е погрешен и малодушен . Тој е технички неиздржан зошто расната сегрегација остава простор за дискрециони одлуки што полицајците и војниците ги носат при приемот на мигрантите на границите. Нивните проценки честопати можат да бидат погрешни и на овие луѓе може да им донесе уште поголоема опасност. Според нашата проценка , потребно е да се организира хуманитарна евакуација на сите бегалци од воените подрачја до сигурни дестинации во земјите на европскиот американскиот и австралискиот и афричкиот континент и тоа во држави во кои ќе им биде овозможен пристап за образование , пазарот на труд , на здравствена и социјална заштита . Оваа операција на евакуација треба да се одвива по сугурни и заштитени коридори –морски, копнени и воздушни. Се разбира , бегалскиот бран нема да се намали додека не запре војната, а да се случи тоа ќе треба да поминат години на социјално-економска реконструкција на кризните подрачја. Но и во такви услови значаен дел од мигрантите и никогаш не ќе може да се вратат во своите земји. Затоа ЕУ мора да обезбеди простор за прием на дел од мигрантите и да им обезбеди сигурен и достоинствен живот .
