Интервју Елена Панова, Директор за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија: Во негувањето на традиционалните семејни вредности се крие и магијата што ја носат празниците
„Оваа година бевме фокусирани на воведување на голем број иновативни решенија и производи со кои уште повеќе ја зацврстивме позицијата на компанија која е секогаш присутна во вистинско време да ги понуди вистинските производи на резидентните и бизнис корисниците, со цел да останеме доверлив партнер на кој можат да се потпрат за сѐ што им е потребно од аспект на телекомуникации. Лансиравме и многу производи во соработка со партнери, кои се компатибилни со нашето портфолио. И следната година ќе останеме фокусирани на иновации, нови интересни решенија кои се релевантни за корисниците и со што ќе станеме уште поприсутни во нивниот живот со различни производи прилагодени на потребите и барањата на корисниците“ , вели во Новогодишното интервју за Женски магазин Елена Панова, Директор за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.
Панова Новата година ќе ја помине во друштво во една од соседните земји, додека за Божиќ традиционално со семејството ќе биде во домашен амбиент.
Повеќе читате во редовите подолу:
*Каква година имате зад вас во однос на услугите и производите кои им ги понудивте на корисниците, на вашите клиенти?
- 2023 година беше година исполнета со многу предизвици, но и година кога лансиравме голем број иновативни решенија и производи со кои уште повеќе ја зацврстивме позицијата на компанија која е секогаш присутна во вистинско време да ги понуди вистинските производи на корисниците, со цел да останеме доверлив партнер на кој можат да се потпрат за сѐ што им е потребно од аспект на телекомуникации. Покрај тоа, оваа година лансиравме многу производи во соработка со партнери, кои се компатибилни со нашето портфолио – уште кон крајот на 2022 година лансиравме производ за домашно осигурување во соработка со Триглав, потоа лансиравме осигурување на екран во соработка со Кроација Осигурување, Roadside assistance (услуга помош на пат) во соработка со ORYX, апликација за читање и слушање книги на македонски јазик, Boksy.
A1 Cyber Backup е интелигентно решение кое нуди креирање резервни копии (backup) на податоците, уреди и апликации, брзo враќање (recovery) на податоците во кое било време и заштита од ransomware напади базирана на вештачка интелигенција (AI) кое веќе се користи од деловните клиенти на А1 МКД, но со дополнувањето на оваа услуга со напредни лиценци, практично се надгради заштитата со напредни пакети кои обезбедуваат дополнителни функционалности, напредна заштита од напади, и напредно управување со безбедносните функции.

*Какви инвестиции направивте и со каква ценовна стратегија влегувате во следниот период?
- А1 Македонија контиунирано инвестира во подобрување на капацитетите на мрежата со цел подобрување на искуството за корисниците. Оваа година најважен проект беше проширување на 5Г мрежата и со гордост можеме да кажеме дека веќе на територија на целата држава имаме 5Г покриеност со што се овозможуваат подобри брзини на интернет за сите мобилни корисници.
Покрај тоа, продолжија инвестициите во оптичка мрежа, со проширување во нови подрачја со што имавме можност голем дел од корисниците да ги мигрираме на поквалитетна технологија со супербрз оптички интернет, а овие инвестиции секако ќе продолжат и во наредниот период со цел да сме секогаш во чекор со развојот на технологиите. Исто така, годинава по шести пат го организиравме најголемиот е-спорт настан во нашата земја, кој имаше одличен одзив од страна на корисниците и гејминг заедницата.
