Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ ДУШАНКА  ДИВЈАК – ТОМИЌ: Политичката криз е исцрпувачка за граѓаните!                              

ИНТЕРВЈУ ДУШАНКА  ДИВЈАК – ТОМИЌ: Политичката криз е исцрпувачка за граѓаните!                              
„Драстичниот пораст на бројот на бегалци во псоледниве неколку месеци придонесе тие да станат непосакувани  гости. Тоа предизвикува се поголем проблеми  за нивно прифаќање, што се манифестира  со тоа што се поголем број држави поставуваат  различни пречки на  нивниот пат, вели  амбасадорката на Република Србија во Република Македонија.   Во  викенд интервјуто за Фактор  амбасадорката Душанка Дивјак –Томиќ  посочува    „Сведоци сме на сериозни разлики во степенот на солидарноста, особено  меѓу земјите членки на ЕУ, па дури и заострување на  меѓусебните односи меѓу државите.  Секоја еднострана  одлука  предизвикува  контра мерки, што само дополнително ја влошува целокупната ситуација“.    Дивјак-Томиќ смета дека  политичката криза  во Македонија која предолго трае ја  отежнува севкупната состојба во земјава и исцрпувачки  делува врз граѓаните.     „Во овој момент договорот од Пржино претставува  најреална рамка која треба да доведе до решавање на поголем број прашања  кои се од суштинска важност за понатамошен развој на Македонија. Во таа насока, особено се важни  претстојните предвремени избори  во април 2016 година.  Вашите политичари имаат  целосна одговорност да обезбедат услови  македонските граѓани  слободно да ја  искажат својата волја на изборите што е суштината на сите демократски избори“ , потенцира амбасадорката на Србија.    Српската  амбасадорката   во интервјуто  говори и за  спорот меѓу  СПЦ и МПЦ-ОА кој според неа е пред се црковен проблем.  „Со оглед на тоа што живееме во секуларна држави, ние не можеме  да очекуваме  проблемот да се реши на ниво на  Влади, бидејќи  нивната надлежност е ограничена“.   Во интервјуто за Фактор   Душанка Дивјак Томиќ говори  и за тоа дали  Балканот се’ уште претстаvува „Буре барут“  како и за   односоте во реалациите Белград-Москва –Брисел . Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Бегалската криза натамошно ги оптовари и без тоа тешките односи меѓу соседите во Југоисточна Европа. Се блокираат гранични премини, се поставува жица.   Ескалира состојбата на балканската рута. „Транзитни зони“ или „влезни центри“ , какво  решение е потребно за за бегласкта криза и дали  ЕУ во неможноста да се справи со проблемот,  севсно ги иволвираше и земјите од регинот во овој проблем? Дивјак-Томиќ: Комплексноста на оваа бегалско-мигрантска криза, за која  сите сме согласни дека е најголемата криза по Втората светска војна, при што не смее да   се игнорираат различните предизвици пред кои сме исправени како држави.  Со бегалскиот егзодус  може да се заклучи дека Европа денес, и Европа пред само неколку години  не е истата. Во  Европа е  креиран  еден нов амбиент, нова атмосфера,   помеѓу европските држави, како меѓу членките на ЕУ така и меѓу оние земји кои се  стремат но се’ уште  не  го достигнале тој статус,  се пред  голем испит, а тоа е да ја покажат својата хуманост солидарноста, отвореност но исто така и да се соочат со предизвиците на кои можат да наидат. Балканскиите земји  се неизбежен составен дел од овој нов амбиент, иако со  ништо не  допринесоа да се  случи оваа голема бегалска криза. Сепак  нашите земји  се  принудени да  учествуваат  практично  во сите сегменти  во разрешувањето на овој  голема проблем  како и да се  соочат со предизвииците кои произлегуваат од оваа криза  . Несреќни луѓе кои бегаат од  кризните региони каде што е војува, принудени се да бараат спас. Тоа е нивно природно и легитимно право,  гарантирано во  меѓународното право. Тргнувајќи пред се’  од  односот  на мојата држава. Република Србија кон  бегалците, мислам дека хуманиот пристап, отвореност и подготвеност да им пружиме  помош на нивниот пат до посакуваната дестинација во Европа, е од суштинската важност Балканската рута во последните неколку месеци  е најпосакуваната  патека   на мигрантите.   Драстичниот пораст на бројот на бегалци во последниве неколку месеци придонесе тие да станат непосакувани  гости. Тоа предизвикува се поголем проблеми  за нивно прифаќање , што се манифестира  со тоа што се поголем рбој држави постауваат  различни пречки на  нивниот пат. Сведоци сме на сериозни разлики во степенот на солидарноста, особено  меѓу земјите членки на ЕУ, па дури и заострување на  меѓусебните односи меѓу државите.  Секоја еднострана  одлука  предизвикува  контра мерки, што само дополнително ја влошува целокупната ситуација.  Покрај  зголемениот пораст на бројот на  беглаци/мигранти,   драматично  се зголемува и опасноста  од тероризам на европско тло, што покажа и најновиот масакар на недолжни граѓани  во Париз,  и во други делови низ светот. Како што и Вие констатиравте во Вашето прашање ова дополнително  ја усложнува  ситуацијата . Како транзитна земја, ниту Србија не е поштедена од реперкусии  со кои може да се соочи од бегалско-мигрантската криза бидејќи директно е зависна  од односите на остантите држави од балканската рута , пред се  членките на ЕУ кои се крајната посакува дестинација.  Во таа смисла Србија и Македонија се наоѓаат  во  еднаква ситуација. Меѓутоа што се однесува до Србија, нашиот принципиелен  став останува непроменет во однос на   бегалската криза , но ситуацијата  бара Владата во Србија  да превземе  адекватни мерки за да се осигура  безбедноста на  граѓаните. Србија ќе се залага за дијалог и решавање на сите проблеми, кои  сакале ние или не ,  ги засегнува сите држави од  Европа и регионот.  Токму затоа е потребни се заеднички напори и координирани активности и мерки . ИМА ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА СО МАКЕДОНИЈА Фактор: Колку отворените прашања меѓу Белград и Скопје, како што се различните погледи во однос на Косово и спорот меѓу СПЦ и МПЦ-ОА,  влијаат  врз  добрососедските односи? Дивјак-Томиќ: Србија и Македонија се пријателски соседни земји. Тоа пријателство се почива на цврсти темели - традиционални блиски односи меѓу нашите народи,  блискоста во менталитетот, јазикот, културата, традицијата. Тоа е она што ја определува  нашата сегашност  но и и иднината која е пред нас . Нашите влади кои  ја креираат политиката се  целосно едногласни , дури и кога ставовите на двете држави  не секогаш се совпаѓаат. Односот кон едностраното прогласуавње на независноста на Косово секако, е едно од прашањата каде што  меѓу нашите две ссоедни земји позциите се различни. Нашата позиција, но исто така и од страна на уште важечката обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН 1244 (1999), овој унилатерален чин на Приштина не се промени суштината на статусот на Косово, кое понатаму се дел од суверенитетот на Србија, протекторат на ОН. Македонија презеде поинаков став, водени од страна на некои од нивните интереси, како за време на неодамнешното гласање во УНЕСКО. Морам да кажам Србија исклучително тешко  ја прими одлуката на Македонија  во однос на нивниот став за Косово кое за нас претстувува многу чувствително прашање. Сепак, животот мора да продолжи и ние сме должни да се грижиме за иднината на нашите деца. DSCN4475 Од друга страна,  за Македонија особено чувствителна тема  се  односите меѓу СПЦ и МПЦ, што во суштина е во рамките на црковното прашање и неговото решение е можно само со канонски принципи и процедури. Првиот предуслов за ова е, се разбира,  да се обнови дијалогот меѓу црковните власти. Со оглед на тоа што живееме во секуларна држави, ние не можеме  да очекуваме  проблемот да се реши на ниво на нашите  влади, бидејќи  нивната надлежност е ограничена. Степенот до кои владите  може да влијаат е создавање на услови за да се подобри меѓудржавната соработката, а со тоа директно да придонесеме  за создавање на позитивна атмосфера  во контекст на решавање  на црковниот спор . Што се однесува  до другиот дел од Вашето прашање,  би сакала да нагласам дека Србија како мала држава својот стрАтешки интерес  го гледа  во јакнење на мирот и соработката  целиот регион вклучувајќи  ја  и Македонија.   Што се однесува за Македонија , интересот на Србија е да имаме што подобри односи со вашата земја, а мислам дека  од нас го очекуват и граѓаните на двете земји кои меѓусебно се гледаат како најблиски пријатели. Фактор: Дали некоја од земјите во  регионот и понатаму се потенцијален извор  за дестабилизација.   Последните  несогласувања помеѓу Белград и Загреб околу бегалската криза покажа  дека се’ уште постојат одредени  анимозитетите меѓу соседите? Дивјак-Томиќ: За жал нашиот регион  предолго беше препознатлив како “буре барут“. Убедена сум дека виталните интереси на сите нас кои живееме на овие простори е тој тренд  трајно се пренасочи во правец на јакнење на мирот и стабилност, меѓусебната соработка, целосно интегрирање во европското семејство. На тој пат има уште многу предизвици, вклучувајки и безбедносни , на што сме сведоци и последниве денови . Сепак верувам дека што повеќе  нашите држави се  развиваат и се стануваат економски посилни  а паралелно ја  јакнеме и  внатрешната стабилност тоа ќе овозможи полесно да се справиме со предизвиците кои се пред нас. Го споменавте несогласувањето меѓу Белград и Загреб  во контекст на бегалската криза. Точно е дека имаше  одредени непосакувани  мерки и контра мерки, меѓутоа низ дијалог се  постигна решение  кое потоа  овозможи да се надмине  проблемот со  бегалците на српско –хрватска граница. Сега со оваа криза ние многу подобро се справуваме отколку некои други држави. Ова е само потврда дека сите прашања се решливи ,  со помалку или повеќе напори, само ако се има добра волја и подготвеностз а дијалог . Се разбира дека има упште многу сериозни  проблеми кои ги оптеретуваат  односите меѓу дражавите од регионот . Но , она што е извесно  дека со спремност за отворен дијалог и конструктивен пристап, со меѓусебно почитување ќе се создадат услови  да решат сите прашања и конечно да ги отстраниме  од политичката агенда  на дражавите од регионот. МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ИМААТ ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ  Фактор:  Генерален впечаток е дека Македонија  во изминатиов период ќе остане запомнета како земја со серија на несреќни политички  збиднувања.  Како  ја оценувате актуелна состојба во државава и  каде го гледате  излезот од длабоката политичка  криза? Дивјак-Томиќ: Принципиелен став на мојата Влада е да не се мешаме во внатрешните работи на други држави,  што секако се однесува и на Македонија. Меѓутоа,  со големо внимание ја следиме ситуацијата во Македонија  не само поради причините кои веќе ги наведов, туку и заради  нашиот интерес за јакнење на стабилноста  во регионот во целост а тоа е несомнено и македонски интерес.   Би сакале што поскоро да се реши  политичката криза  бидејки предолго  ја отежнува  целокупната состојба  во земјата и исцрпувачки делува и  од ден во ден се повеќе влијание  врз граѓани  на Македонија. Во тој контекст, политичкиот договор кој беше постигнат  меѓу четрите  најголеми партии, со меѓународно посредништво. Во овој момент договорот од Пржино претставува  најреална рамка која треба да доведе до решавање на поголем број прашања  кои се од суштинска важност за понатамошен развој на Македонија. Во таа насока, особено се важни  претстојните предвремени парламентрани избори  во април 2016 година.  Вашите политичари имаат  целосна одговроност да обезбедат услови  македонските граѓани  слободно да ја  искажат својата волја на изборите што е суштината на сите демократски избори.  Во тој контекст не гледам дека постои место за сомневање во зрелоста на вашите гласачи. Фактор:Иако се најавуваше дека наскоро ќе  биде реобновен  дијалогот  меѓу СПЦ о МПЦ-ОА,  сепак  засега нема  сигнали  за скорешна средба  Можно ли е  реално да се очекува  решавање на црковниот спор пред да биде постигна  компромис за македонско грчкиот спор за името . Идните разговори меѓу двете цркови  ќе се одвиваат под надзор на Московската патријаршија, која ќе биде и некој вид гарант за договорените решенија.? Дивјак-Томиќ: Точно е дека имаше најави за обновување на дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ,  но се уште нема ништо. Немам информации зошто тоа е така, ниту кога  би можело да  почнат  разговорите меѓу двете цркви. Од извори на МПЦ , македонската јавност можеше да слушне  дека македонско-грчкиот спор околу името може да  влијае и врз  дијалогот  меѓу  црковните власти во Белград и Скопје .  Јас такви сознанија немам и не сум во позиција тоа да го коментирам . Инаку нема сомневање дека руската православна црква е  исклучетелно важен фактор во  православниот свет.   Што значи дека ако од неа е побарано помош во решавање  на спорот  тоагш  не би требало да се бара  друга конотација на проблемот  освен дека се работи за црковно прашање.  Сепак  влијанието на меѓудржавно ниво не треба да се занемари, но сепак првенствено треба да се решава во рамките на  СПЦ и МПЦ. НАШ ИНТЕРЕС Е БЛИСКИ ОДНОСИ И СО РУСИЈА И СО ЕУ Фактор : Кој е интересот на Србија за поблиски односи со Русија во една меѓународна констелација  во која Белград кокетира со Москва, а во истовреме јавно се залага  за што побрз прием во ЕУ? Интересот на  Србија е да развива  исклучително добри односи со Руската федерација  кои се константни и транспарентни , еднакво каква што е ориентацијата на Србија  за членство во ЕУ  кој е еден од стратешките приоритети во надворешната политика.  Ние во ова не гледаме   контрадикторности. Всушност, и други европски  држави кои се членки на ЕУ имаат исклучително  развиена соработка  со Русија во многу области. Русија е традиционално  исклучително важен економски партнер на Србија, туку има и многу пријателски став кон интересите на   Србија. Такоиот однос  на Русија за нас исклучително важен во однос на проблемот со Косово . Од друга страна,  Русија   ја почитува нашата определба  за членство во ЕУ и во тој поглед нема недоразбирања.. Освен тоа, мора да се има во предвид  дека Русија е многу важен глобален меѓународен фактор, дел од меѓународната антитерористичка коалиција.  Тоа е  недвосмислена реалност, што  се потврдува и во контекст најновиот опасен равзој особено на Блискиот исток и  и оосбено се поголемата опасност од тероризам.  Во борбата  против оваа најголема закана , која еднакво е опасна за   сите , било да се мали или големи држави,  неопходно заедништво , бидејќи никој не може да се смета за безбеден дека не може да биде  жртва .
Слично

Поврзани вести