Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Донка Барџиева Трајковска: „Скопскиот барок“ е  скапо платен пропагенден билборд  на власта!

Интервју Донка Барџиева Трајковска: „Скопскиот барок“ е  скапо платен пропагенден билборд  на власта!
Проектот “Скопје 2014”  е реализиран спротивно на  волјата на граѓаните, затоа што е целосно заобиколено Собранието каде седат нашите делегирани претставници, дополнително  е криминализиран  со коруптивни активности,конспирација  и идентитетски инжињеринг осмислен  од врхушката на власт и малкумина партиски послушници,без претходна расправа на било кое институционално ниво.Обидот да се подметне нова историја преку изградба на објекти од овој проект е направен  тајно,  а промовиран  во ,,името на народот и за негово добро,, како обид за манипулација на  обичниот граѓанин  со митолошки приказни за величина  и славна историја, се со цел за потхранување на ,,националистички,, патриотски чувства. Ваквиот поглед на овој проект кој ни се подметнува како  културен ,,концепт,, граѓаните  го разобличија  со ,,обојување,, кое претставува конкретно  ,,означување,, на криминалот- вели  во интервју за Фактор, Донка Барџиева Трајковска- универзитетски професор и претседателка на Центарот за заштита на културното наследство. Фактор: Шарената револуција повеќе од дваесет дена на улиците низ Скопје и низ целата земја во своите редови обедини студенти, професори, уметници, политичари, обични граѓани. Во ново руво ги обои повеќето објекти од проектот “Скопје 2014”, а од улица беа испратени силни пораки. Каква културна историја се пишува во моментов? Барџиева Трајковска: Не случајно е  наречена шарена ,не само заради боите кои дополнително ја зајакнуваат метафората на шаренилото кое го создаваат сите  генерации на граѓани од сите општествени слоеви кои се присутни на протестите.Тоа е реален,автентичен  изблик на  револт на  активни граѓани свесни за својата моќ во општеството,свесни дека токму на   граѓаните почива  суверенитетот на  државата.Освен вербалните  пораки и оние напишани на транспарентите ,бојата е едно од  креативните средства  за симболично  означување  на  објектите од  т.н.проект “Скопје 2014”, како  сведоштво   за епигонството  на актуелната  партиска влада од нашето автентично културно наследство. Обидот да се подметне нова историја преку изградба на објекти од овој проект,е направен  тајно,  а промовиран  во ,,името на народот и за негово добро,, како обид за манипулација на  обичниот граѓанин  со митолошки приказни за величина  и славна историја,се со цел за потхранување на ,,националистички,, патриотски чувства. Делумно  партијата  на власт тоа го постигна, но т.н. бомби објавени од опозицијата го разоткрија нејзиниот приземен и лукративен план  во кој, поимот народ  цели десет години бил  употребуван  за исполнување на други криминални цели. Од овде, сега додека  е во тек шарената револуција не може да се говори за  пишување на нова културна историја,таа допрва треба да се случи откако  ќе се создадат услови за слободно творештво. Фактор: Последниве десетина години барокот стана препознатлив знак за Скопје. Стил кој ниту уметноста ниту архитектурата не го живеела на овие простори. Зошто токму барок? Што сакаше да наметне и добие власта? Барџиева Трајковска: Морам да ви кажам дека на почетокот и јас многу често си го поставував ова прашање, иако ми беше јасно  дека ова не е ниту барок ниту неокласицизам,односно ова е една компилација на стилови,еден еклектицизам од одамна надминати и анахрони  стилови карактеристични за западната цивилизација. Но,следејќи ја генезата на случувањата на сите полиња во општеството особено  во образованието -  учебниците по историја за основно и средно образование, пропратена со медиумската партиско-владина кампања во која главни актери се  т.н.историчари и квази историчари архитекти, потоа промената на имињата на улиците, автопатот  и други  јавни објекти со имиња на историски личности  од пред нашата ера ( Филип Втори и Александар Велики) работите стануваат многу по јасни. Имено,стана јасно дека ,,скопскиот барок,, претставува скапо платен пропагенден ,,билборд ,,на партијата на власт за манипулација  на  граѓаните , намерно именувајќи ги   како народ, со митолошки  приказни за измислено славно минато и величина.Оовој  прескап пропаганден ,,билборд,, е платен со наши пари, а се користи за  пропаганда и како извор за партиски и лични приходи  и на тој начин цената што ние ја плаќаме за стиропор,CNC машини кои заменуваат стотина  скулптори,машински изработени столбови и капители и индустриски  произведени  скулптури,станува повеќекратно повисока од било кој оригинал. Фактор: Што се случува на полето на културата и уметноста, има ли напредок или комерцијализација и презентација во други цели ? Барџиева Трајковска:  Она што се случува на ,,полето на културата,, е само еден сегмент  од општиот концепт на делување на партијата на сите останати полиња во државата.Во  суштинска смисла претставува   доследно спроведување на политиката на партијата на власт за која говорев погоре.Се градат  театри, музеи...се изработуваат скулптури и ликовни дела, но не се случуваат врвни театраски остварувања.Имаме музејски згради, но не и музеи.Имаме  скулптури  и ликовни дела,  но не и уметнички дела.  Зошто е тоа така? Затоа што актуелната партија на власт не е заинтересирана за  создавање на услови за вистински вредности туку  за пропаганден кич кој се лепи за најширокиот слој на луѓе.Дополнително, со окупацијата на институциите тие  стануваат алатка за  спроведување на партиска програма.Отворете било кој извештај за сработеното на партијата во изминатиот период и таму ќе ги најдете сите проекти на институциите?!!! Фактор: Што ќе им оставиме на своите поколенија? Барџиева Трајковска: Долгови,  кич, неморал, криминал, лицемерие.. Но најбитно од се,  се историските  фалсификати и идеолошката пропаганда која беше лицемерно осудена со лустрацијата. Дали е дозволено една Влада да се занимава со идеолошки и историски прашања, но и да изигрува мецена со туѓи пари? Фактор: Меѓународната заедница е се погласна во своите ставови дека не се исполнети условите за фер и демократски избори, Германија влегува во игра за посредство,  меѓународните оценки не вброија во неслободни земји. Имаме ли капацитети за излез од кризата? Барџиева Трајковска: Меѓународната заедница најдобро го разбра проблемот,бидејќи стана видливо дека граѓаните  не можат да потегнат институционално решавање во услови кога им се одземени институциите.Сега меѓународната заедница бара од ,,злосторничко,,здружение да ја поправи  ситуацијата! Без слободни институции  нема решение на проблемот ниту излез од кризата.Интенцијата на меѓународната  заедница е ,,здружението,,  да ги врати институциите! Дури тогаш ќе можеме да зборуваме за мериторност во однос на  избирачки список,судство,медиуми,образование .Токму затоа меѓународната заедница е прогласена за надворешен непријател, по примерот на Ван Хауте,а ние кои протестираме сме внатрешен непријател,платеници и сл. Денес, во ваква ситуација не постојат услови да се види дали постои капацитет,бидејќи црното се прави бело,не се знае кој е криминалец, а кој чесен, заради симптоматичното и тотално попречување на правдата и не постапување по законите,односно попречување на правдата.
Слично

Поврзани вести