ИНТЕРВЈУ ДИМОВСКИ: И во Македонија демне опасност од терористички акти!
Дали може да се случи конкретен терористички акт во Скопје, не може никој децидно да одговори. Индиции за таква можност постојат. Сегашната идентификувана група од „Ќелија“ сигурно дека не е во комплетен состав. Треба да се работи на осознавање на другите припадници кои се подготвени на тајно договорен знак да бидат оперативни. Таа е логистичка група, а не борбена. Но, доколку е потребно по даден налог таа може да прерасне во борбена, вели во интервјуто за Фактор професорот Злате Димовски од Факултетот за безбедност во Скопје.
Интервјуто е направено вчера пред веста која дојде од Анкара, каде најмалку 34 луѓе загинаа, а 125 се повредени во силна експлозија што се случи во вечерните часови во турскиот главен град. Од канцеларијата на Гувернерот на Анкара велат дека експлозијата е предизвикана најверојатно од бомба. Одредени медиуми јавуваат дека станува збор за автомобил бомба кој експлодирал пред автобуска постројка во близина на главниот плоштад во Анкара.
Фактор: Дали со признанието на шестмина осомничени од акцијата „Ќелија“ за учество во странски паравоени формации значи дека ние среде Скопје имаме Ќелија на Исламската држава?
Димовски: Даденото признание од страна на осомничените во „Ќелија“ , може да значи многу повеќе од констатацијата дека постојат ќелии среде Скопје и дека и ова е морален чин. Како прво некои ги поучил да дадат признание и со тоа да оневозможат да изнесуваат факти и докази пред судот, јавноста за модусот на работа на групата. Преку тоа ќе ги заштитат од деконспирација другите инволвирани. За останатите кои не дадоа признание од обвинението, констатираме дека се работи за нивно учество во странска војска или паравоена формација, така што тие нема што да деконспираат освен доставените материјали од истражната постапка. Второ, преку овој чин настојуваат да ја придобијат наклонетоста на судот, граѓаните за тоа дека се каат и дека преку исполнување на казната од страна на државата ќе се ресоцијализираат и вратат во нормален живот, а казната поради признанието би била минимална. Трето и во казнено - поправниот дом ќе ја продолжат агитацијата и индоктринацијата на нови „жртви„ за учество во формациите на Исламската држава.
Оваа група може да се окарактеризира како илегална група, а не како класична ќелија. Групата кооптирала, проучувала, индоктринирала и врбувала лица, потоа фунансиски ги помагала, сигурно дека организирала обука и лицата за кои се потврдило дека се подготвени ги испраќале на боиште сосема подготвени за делување, по почно договорена и разработена рута. Ваквите групи не се ќелии. Ќелиите се „огнени“ групи кои апсолутно конспиративно егзистираат, после опстојни обуки и етаблирани начини на постапување во различни животни ситуации. Тие се поставуваат на одреден терен тајно, имаат алиби зошто се таму, функционираат сосема нормално, дури и премногу граѓански се со цел по никој основ да не бидат сомнителни на безбедносните служби.
Егзистираат посебно еден од друг, затоа што групите се состацени од тројца или петмина. „Тројките“ се најзастапени затоа што се оперативни и најборбени. Комуникацијата со повисоките структури во терористичка организација ја одржуваат на таен претходно договорен начи. Без потреба не комуницираат, а начини на комуникација може да биде електронска, телефонска. Преку „мртва јавка“ или „поштенско сандаче“, преку врзни,јатак, со тајни знаци користејќи криптозаштита итн. Формираат мрежа, прават подготовки и се умируваат до знакот на дејствување. Оваа идентификувана група е логистичка група, а не борбена.Но, доколку е потребно по даден налог таа може да прерасне во борбена.
Тие на полуконспиративен начин идентификувале можни борци, ги врнувале и/или ги испраќале на обука пред стапување во формациите, некаде попатно се обучувале и уфрлувале во редовите на борците на Исламската држава.
Фактор: Постои ли опасност во Скопје да се случи масакр како во Париз, во Истанбул? Или нема потреба од страв?
Димовски: Опасностите се присутни насекаде па и кај нас. Ако до 1995 година сметавме дека тероризмот изразен низ различни форми е нешто што е далеку од нас и им се случува на други, после атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров се покажа дека и ние сме ранливи и можеме да бидеме предмет на делување од такви групи. И денес, ниту една држава не е апсолутно заштитена од тероризмот, па затоа сметам дека и нашата држава е подложна на делување на одредени групи од терористичката провиненција. Дали може да се случи конкретен терористички акт, не може никој децидно да одговори. Индиции за таква можност постојат. Сепак граѓаните не треба да се плашат затоа што безбедносните служби се доволно обучени за да ги препознаваат појавните форми и да се спротивстават на евентуалното нивно дејствување. Затоа постојат антитерористички и контратерористички активности, кои континуирано се преземаат.
Фактор: Првоосомничен е оџа од Тутунсус џамијата. Дали верските објекти најчесто се гнездата од каде се врбуваат борци за боиштата во Сирија и во Ирак?
Димовски:Религијата независно која, игра многу значајна улога во функција на полесна индоктринација, убедување и прифаќање на улогата на борец. Религиските претставници знаат за улогата на догмите и верувањата и ги употребуваат за да некогаш го убедат, зацрврстат волја или потполно го „окупираат“ со идеите за задгробен живот, награди и почесни места во посмртниот период и дека духовното нема граници за разлика од материјалното. Религиското верување е она што во нормални услови ни дава кураж за да ги пребродиме сите тешкотии во животот. Токму тоа е и моментот за индоктринација. Жално е што верските објекти се користат за протажирање екстремни идеи и начини на однесување затоа што тие се за друга намена.
Фактор: Како функционираат ќелиите на терористичките организации? Слушнавме на судењето дека постојат канали за финансирање, комуникација, транспорт. Дали тероризмот е борба за правда или борба за пари и моќ?
Димовски: Бројните репрезенти од науките за безбедност прават дистинкција на тероризмот од организираниот криминалитет. Неспоивоста е во целите кои се сакаат да се постигнат. Кај организираниот криминалитет главна цел на севкупното дејствување е правење на пари, капитал и добра. Кај тероризмот тоа не е случај. Таму главна цел се одредени политички, идеолошки, религиозни или етнички цели кои се сакаат да се постигнат. Се друго е помалку или повеќе идентично. Оргнизациска структура, делување, врбување на „жртви“ – реализатори на активноста за исполнување на целите, конспиративноста во севкупното делување, наметнување на хиерархиска послушност, диспциплина спрема внатре и према надвор (сите кои го загрозуваат постоењето на групите), воспоставување на мрежи, минијатурни групи – оперативни или борбени, одделување на многу средства за врбување на припадници на структурите на државите, полицајци, цариници, административен кадар, адокати, судии, обвинители, затворски персонал се за олеснување на протокот на сопствените активности.
Фактор: Има ли некоја претпоставена бројка колку македонски граѓани се бореле во Сирија, во Ирак и колку тие по нивното враќање тука би претставувале опасност и каква е вообичаено мисијата на повратниците?
Димовски: Пoименично и како веројатна бројки на учесници во други воени или паравоени единици за жал ги добиваме преку соработката со други безбедносни служби кои имаат поширок опсег на можности за дознавање. Бројките на луѓе не се толку важни, важна е нивната задача. Можно е да се добие задача да се создаде мрежа во Република Македонија и да се идентификуваат потенцијални „борци“, да ги врбува, индоктринира и испраќа на боиште. Но, сигурно дека тука не застануваат активностите. Кога имате веќе постојна структура која делува тајно, тогаш не се работи само за селекција на лица само за надвор, туку и за домашни улови. Сегашната идентификувана група сигурно дека не е во комплетен состав. Треба да се работи на осознавање на другите припадници кои се подготвени на тајно договорен знак да бидат оперативни. Исто така треба да се идентификуваат лицата кои се инволвирани во безбедносниот систем кои доставуваат тајни податоци и разузнавачки информации за потребите на планирањето на структурата од терористички групи и организации. Не се проблем само повратници од боиштата, туку оние кои се инволвирани во системот на различни позиции и задоени со екстрмни идеи и ставови и можат да бидат логистика на групите, но и активни чинители на подривачки активности.
М.Ј.

Слично