Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интервју Димитров: Македонија никогаш не излегла од црни сценарија

Интервју Димитров: Македонија никогаш не излегла од црни сценарија
Македонија  никогаш и не излегла од црни сценарија, од балканските војни па се до овој момент. Има ли поцрни сценарија од фактот дека не ни признаваат црква, име, јазик, идентитет... прашува писателот Братислав Димитров додавајќи дека неговиот   повик до македонскиот народ е конечно да излеземе од тие црни сценарија. Во интервју за Фактор, Димитров  кој  е еден од иницијаторите за формирање на Граѓанското движење за одбрана на Македонија   оценува  дека  оние кои се обидуваат да дојдат на власта преку разни валкани трикови и активности  се очајнички потези кои призлегуваат од фактот дека тие луѓе во периодот од девет години не успеале да понудат никаква програма.                                                                „Истите актери во 2000 година користеа разни служби и ја обзнанија аферата „Големото уво“, се случи монтирана војна, а тие влегоа во техничка влада.  И овој пат сакаат да освојат власт, но не преку избори тоа е срамно е за една партија, посочува Димитров.  На прашањето на Фактор дали Македонија остана  заглавена во минатото,  режисерот Братислав Димитров со порака:   Тој што не го знае минатото не може да ја разбере сегашноста, а следствено на тоа, не може да ја проектира иднината. разговараше Горазд Чомовски Фактор: Позната и привлечна е една анегдота  на Толстој, која ќе ја започнам со сентенцата „предавство на интелектуалците”. Толстој како висок службеник и автор на „Војна и Мир” го прекорил  војничкиот другар затоа што тој, во текот на еден марш,удрил човек кој се одалечил од редот и кој побрзал да се врати назад. Толстој го прашал „Зарем не Ви е срам” да постапувате така со ближниот свој, наместо да му помогнете? Војникот му одговорил: „Ако му помогнам, ќе влезе во редот и може да отиде пред мене” Дали ова е типичен балкански синдром. Во Македонија најдобро живеат луѓе- аморфни маси приспособливи во сите сфери на живеењето каде што имаат исклучителен интерес а другото е второ или трето степено. Нема крај кога треба да се изигра братот, пријателот, соседот, држава, медумите..? Димитров : Тезата за интелектуалецот како „совест на општеството“ е бесмислена од повеќе аспекти но најмногу заради следниот: Технички е неизводливо некој некому да биде совест. Секој сам си го носи крстот. Во еден роман владетелот го прашува слугата: „Дали си подготвен да умреш наместо мене? Слугата му одговара: „Господару, јас можам да умрам за вас, ама не можам наместо вас!“ „Балкански синдром“, „Буре барут“ и слични глупости, ги измислија големите империјалистички сили, за ние да се чувствуваме лошо, а тие да  владеат  лесно.  Покрај овие пропагандни будалаштини тие се познати и по многу други фини активности како на пример, крстоносни војни, фашизам, комунизам... А во последно време гледам се прославија и со Европската унија. Никогаш и никаде во светот аморфни луѓе не живеат добро. Ако мислите само на материјалниот аспект, тогаш (за жал) сте во право. Што се однесува до предавствата, не гледам ништо ново ниту актуелно. Се надевам дека сите ги знаеме приказните за Каин и Авељ, Јуда и многу други од нашето секојдневие. Фактор: Дел сте од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.  Упативте повик до сите граѓани  да си ја бранат татковината од внатрешни и надворешни непријатели.  Значи ли дека со овој Ваш повик имате индикации за црно сценарио и на кого алудирате кога велите цитирам  „ Влегуваме во една криза, која е монтирана се разбира и од надвор со една срамна и една безобразна и патолошка поддршка од некои луѓе? Димитров:  Секој што ја знае светската и македонската историја знае дека нашата татковина никогаш и не излегла од црни сценарија, од балканските војни па се до овој момент. Па има ли поцрни сценарија од фактот дека не ни признаваат црква, име, јазик, идентитет... Мојот повик до македонскиот народ е конечно да излеземе од тие црни сценарија! Сепак, најстрашно и најцрно сценарио (кое најмногу боли) е што наши браќа и сестри Македонци, заради свој највулгарен личен интерес соработуваат со странски служби и за туѓи интереси! Фактор: Формирањето на Граѓанско движење  за одбрана на Македонија коинцидира и со најавата на СДСМ за  објавување на  “политичката бомба”   со која на  виделина  ќе излезело сето криминалоно владеење на премиерот Груевски. Дали  случајот „Пуч” целосно ќе ја умртви  демократијата или ќе ја  разоткрие вистината? Димитров:  Вистината одамна е откриена. Истите актери во 2000 година користеа разни служби и ја обзнанија аферата „Големото уво“, се случи монтирана војна а тие влегоа во техничка влада  И овој пат сакаат да освојат власт но не преку избори како во секоја нормална држава туку со разни валкани трикови и активности. Тоа се очајнички потези кои произлегуваат од фактот дека тие луѓе во период од девет години не успеваат да понудат никаква програма. Во тоа тажно друштво е и оној познат режисер (кој цел живот е привилегиран!), а сега прави црна листа на луѓе од културата во својот славен „тефтер“. Дреме на фејсбук како шипарица и објавува имиња! Тој можеше да биде министер за култура во политичка влада (во која буквално ништо не направи) а ние не можеме ниту да подржиме политичка опција! Срамота! Фактор: Познат македонски актер ќе праша  како не сте вознемирени за промашената економска политика во државата, за галопирачката сиромаштија, за „Скопје 2014” кое го нарекува перална за пари,  за „вештачкото прикажување на лажен економски раст преку сулудото градење на споменици” ? Димитров:  Кога мудрецот со прстот покажува на месечината, будалата гледа во прстот а не во месечината. Јас во „Скопје 2014“ гледам револуционерен пресврт. Градот и од економски и од социјален аспект одлично заживеа, за разлика од пред тоа, кога центарот беше празнотија и сивило каде што ни пиле не прелетуваше. Во „Скопје 2014“ се појавија споменици на наши историски личности и великани без кои не може да се замисли македонската кауза. А тие циници, безбожници и „космополити“, проектот го нарекуваат „Дизниленд!?“ Навистина не знам за кој актер се работи ама според неговиот исказ гледам дека завалијата бил врвен експерт во многу различни области, без кои неговата глума немаше да биде толку „позната“. Фактор:  Ве загрижува ли фактот што се’ поголем е бројот на  македонските граѓани кои чарето го  бараат надвор на границите на државата. Зошто би сакале да се заминат доколку во земјата добро се живее? Димитров: Тој факт секого загрижува и во Бугарија, Романија, Грција, Полска, Ирска... каде што има уште поголемо иселување. Фактор: Дали станавме општество за една вечер и каде води ваквата поделеност, лицемерност, суетност? Димитров: Вакви катастрофични дијагнози и прогнози се бесмислени иако се вообичаени во целата историја на човештвото. Сите генерации во најразлични епохи постојано тврдат дека порано било подобро а сега е се полошо и полошо. Еден голем руски филозоф во својата книга (која доживеа милионски тираж во светот)  тврди дека, кога светот навистина би бил се полош и полош, до сега би се распаднал. Секако, светот има лоши периоди но сепак се развива. И човек што се искачува на планина, во некои делови оди удолу но сепак се искачува угоре. Од аспект на просечен човечки живот, разбирливо е секој сака да биде веднаш добро, сега и тука. Но секој што ја знае историјата и почетоците на создавањето на денешниве богати и демократските општества, знае дека тие биле далеку полоши од нас. Покрај тоа (за разлика од нив) ние сме во потешка стартна позиција затоа што излеговме од еднопартиски социјалистички систем со комунистичка идеологија. Фактор:  Останавме ли заглавени во минатот преиспитувајќи се’ кои  сме , што сме од каде сме, каде сакаме да одиме? Димитров:  Тој што не го знае минатото не може да ја разбере сегашноста, а следствено на тоа, не може да ја проектира иднината. Кои сме? Од каде доаѓаме? Каде одиме? Тоа се најважните прашања што секој човек, секоја држава и секоја цивилизација, мора постојано да си ги поставува, заради својата лична слобода и ментална хигиена.
Слично

Поврзани вести