ИНТЕРВЈУ ДАНИЕЛА АДЕМОСКА: Во Капитол Мол создадовме трговски центар со европски шмек!
Даниела Адемоска е менаџер и сопственик на Капитол Мол и Резиденс. Во интревју за Фактор говори за почетоците во работата на станбено - трговскиот центар, тешкотиите, но и ибавите работи со кои се соочиле.
Како се подготвувате за овој период од годината?
Среќни сме што за кратко време изградивме огромна база на задоволни потрошувачи и со нашето постоење го подобривме квалитетот на животот на нашите граѓани. Постојано креираме активности кои сметаме дека се интересни за посетителите, така на 7,8 март ќе имаме хуманитарни активности за помош на фондацијата Златна рипка, со учество и поддршка од тимот на новоотворената игротека Посејдон и Просветно дело како партнери во трговскиот центар на овој настан. Неодамна го отворивме и новото Кампионе кафе, каде љубителите на одличното италијанско кафе и вкусната италијанска храна ќе можат да уживаат. Постојано имаме активности, креираме пријатна и домаќинска атмосфера, за сите категории, и задоволство ми е да ја препорачам целата понуда на Капитол Мол, бидејки знаеме дека очекувањата и барањата на нашите потрошувачи се особено високи. Секој потрошувач го сака најдоброто за себе и за своите најмили, и се надевам дека успеавме во тоа.
Во рамките на комплексот Капитол мол и резиденс се наоѓа и станбениот дел. Постои голем интерес за становите од граѓаните, кои се причините?
Станува збор за дел од ексклузивни станови и деловни простории кои ги промовираме по цена од само 1099 евра по м2. Слободно можам да кажам дека е тоа исклучително ниска цена за она што се нуди, имајќи во предвид колку имаме вложено во овој објект. Нудиме пространи и модерни деловни простории и станови, со функционален распоред, идеално испланиран простор и многу светлина. Постои беспрекорна звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени во градбата се од највисок квалитет што на секој станар или деловна компанија им овозможува максимална заштеда на енергија, потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.
Граѓаните ја увидеа предноста, на едно место да имаат сè: домување и деловно работење придружено со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Имено во еден објект можете да ги завршите сите обврски, да одите на фитнес, во супермаркет, да платите сметки, а истовремено да ви е овозможено и задоволството на шопингот и забава за целото семејство. Капитол Резиденс дефинитивно афирмира поинаков квалитет на живеење и работење.
Комплексот Капитол мол и резиденс го карактеризира препознатлива фасада, современ дизајн, енергетска ефикасност и највисока технологија која е вградена во објектот, што сеопфатно го прави уникатен простор кој ги одзема воздишките на посетителите. Изолацијата е беспрекорна, така што иако фактички живеат над трговски центар, вревата и гужвата нема да ја почувствуваат, а ќе ги користат сите поволности. Внимававме на многу мали детали, а сè со цел да обезбедиме хармонија, и задоволство на идните станари кои тука, на овој магичен простор ќе ја започнат својата животна приказна. Посетете ги становите, пријатно ќе се изненадите!
Имате уникатен концепт на работа на трговскиот центар Капитол мол, кажете ни нешто повеќе за тоа?
Топла, семејна атмосфера, е она по што се разликува Капитол Мол од останатите трговски центри. Имаме избалансирана содржина, каде секој член на семејството може да најде нешто за себе, како и да се завршат неопходните обврски. На приземјето се наоѓа супермаркетот Рамстор, телекомуникациски салони, познати кафулиња, цвеќара, познатиoт бренд Том Тејлор, парфимерија, продавница за саати и накит. мунивачница и многу други содржини. На првиот кат се повеќе реномирани модни брендови Котон, Кампионе, Ваикики, Колезионе, МегГрегор и Гаастра и други, како и ланецот за козметика dm. Вториот кат е за најмладите и спортот, , детски продавници и канцелариски материјал и голема спортска продавница како и ексклузивен фитнес центар. Третито кат е резервиран за забава во најголемиот забавен центар во градот Капитол плеј составен од две игротеки и одлична куглана. На третиот кат се сместени и неколку ресторани каде се ужива во кругот на пријателите и најблиските. Можеби немаме премногу брендови, но тие кои се во Капитол Мол, се внимателно избрани, препознатливи по својот квалитет и имиџ.
Нашиот принцип на работа е дека не треба да брзаме, и секогаш долгорочно да ги согледаме ефектите од секоја активности.
Капитол Мол се наоѓа во најголемата скопска општина, во која граѓаните имаат голем избор на активности и навистина огромна понуда. Колку тоа ја отежнува или олеснува вашата обврска да им понудите нешто интересно, да бидете први, автентични и да ги задржите своите лојални потрошувачи?
Капитол Мол е отворен за сите граѓани на Скопје и земјава. Не радува кога ќе забележиме потрошувачи и од останатите населби и градови, кои насмеани го напуштаат трговскиот центар. Секако Аеродромци се нашите најверни и најчести посетители. Како трговски центар со европски шмек, семејството на брендови постепено го збогатуваме, така што навиката да се доаѓа во Капитол Мол е постојано во нагорна линија. Веруваме во она што го работиме, и не отстапуваме од квалитетната содржина и концепт. Имаме фантастична фитнес сала и клуб за куглање, ресторани со многу урбана атмосфера и многу повеќе. За разлика од отворањето кога и не беа отворени повеќе продавници и локали, денес ситуацијата е поинаква, и навистина сите оние кои ќе дојдат повторно во капитол Мол пријатно ќе се изненадат. Имаме топла пријатна атмосфера, како ретко на кое друго место, и токму во таа насока ќе ја збогатуваме содржината и понатаму.

Слично