Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Д-Р МАРИЈА РИСТЕСКА: Демократијата во Македонија е во опасност!

ИНТЕРВЈУ Д-Р МАРИЈА РИСТЕСКА: Демократијата во Македонија е во опасност!
Постојат сериозни индиции во прислушуваните разговори дека демократијата денес во Македонија е во опасност. Веќе извесно време сите аспекти на јавниот живот, од администрацијата до јавните претпријатија и граѓанското општество се политизирани, оценува  д-р Марија  Ристеска.   Во разговор за Фактор со д-р Ристеска го анализиравме истражувањето  за  добро владеење кое  го  спроведе Центарот за истражување и креирање политики во кое резултатите  покажува   висок процент на недоверба  на граѓаните во државните институции .                                                                               „Индексот на добро управување генерира докази во однос на неефикасност на јавната администрација да имплементира политики и да даде отчет за постигнатите резултати, нетранспранетното троошење на јавните финансии, де факто пристрасното донесување на јавни политики иако за истите беа неопходни широки и сеопфатни јавни консултации, и најмногу недостатокот на доверба на граѓаните во институциите како резултат на недостигот на државотворност во јавниот сектор“ , посочува  д-р Ристеска . Во однос на тоа дали институциите се спремни да споведат фер и  демократски избори,  д-р Ристевска  посочува  : „За жал оценката дали институциите се спремни за да спроведат фер и демократски избори ќе биде субјективна и политичка, а не објективна и основана на докази зашто нема поставено јасни индикатори за мерење на нивната спремност“.                                        Во истражувањето може да се забележи и потребата од поголема транспаретност при трошењето на буџетските средства , пробелм  кој според  д-р Ристеска  со години се провлекува.                                               „Се поголема е свеста на граѓаните за проблемите со управувањето на јавните финансии и затоа сметам дека следната власт ќе мора да понуди исчекор во однос на подигање на транспарентноста, инклузивноста на граѓаните во буџетирањето и отчетноста во однос на тоа како се трошат јавните пари зашто притисокот на граѓаните за овие прашања врз власта се повеќе ќе се зголемува“. Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Како ја оценувате транспарентноста, функционалноста, ефикасноста и отчетноста на институциите?   Што всушност покажа  анализата  во истражувањето  „Добро владеење“? Ристеска: Индексот на добро владеење на централно ниво е резултат на едногодишната работа на ЦИКП (Центар за истражување и креирање политики) заедно со своите партнери ГОНГ од Хрватска и Центарот за европски политики  од Брисел, на развој на методологија со која систематски ќе се провери како во пракса институциите на централно ниво (Владата на РМ, Собранието, министерствата и двата фонда – ФЗО и ПИОМ) ги применуваат принципите на добро владеење: транспарентност, учество во процесот на креирање политики, отчетност и ефективност. Анализата на собраните податоци преку 133 индикатори покажаа дека централните институции имаат релативно низок степен на примена на практиките за добро управување. Просекот за сите институции изнесува 30%, што е нешто помалку од третина од максималниот број на можни бодови. Просечно, најдобри резултати има остварено Собранието на Република Македонија 40%, а најслаб резултат имаат остварено министерствата со 23% на исполнетост на индикаторите. Резултатот на владата изнесува 25%, додека просекот на двата фондови опфатени со истражувањето изнесува 31%. Фактор: Вашето истражување покажало дека 62.5 отсто од граѓаните не и веруваат на Владата а слична е состојбата и со Собранието, високи 63.9 проценти се изјасниле негетивно. На што се должи релативно високиот процент на недовебра  во извршната и законодавната власт ?   Ристеска: Користењето на мешан метод во истражувањето: прашалници, интевјуа и анкета на граѓани, имаше за цел да ја провери хипотезата дека степенот на добро владеење / управување ја условува довербата на граѓаните во институциите / власта. Имено, во теоријата за јавна вредност појдовната хипотеза е дека политиките и владеењето треба да создава вредност за граѓаните, а за возврат граѓаните имаат повисока доверба во власта која создава за нив јавна вредност. Индексот на добро владеење ја потврдува оваа хипотеза. Имено, истражувањето покажува дека (не)доброто владеење е право пропорционално со недовербата на граѓаните во институциите / власта. Тоа исто така значи дека доколку институциите ја подобрат примената на принципите на добро управување може да се очекува и довербата на граѓаните во нив да порасне. ИСПОЛИТИЗИРАНИ  И НЕЕФИКАСНИ ИНСТИТУЦИИ  Фактор: Колку резултатите од истражувањето ја отсликуваат  реалната состојба ако се земе во предвид дека Македонија  повеќе од една година е во длабока политичка криза. Опозицијата  до неодамна го бојкотираше Парламентот, а  прислушуваните разговори кои ги објави  СДСМ  укажа  на можна злоупотреба на институциите? Ристеска:Дури и да ги прифатиме тврдењата на премиерот Груевски дека некои материјали се точни,  некои се делумно точни, а некои се лажни, постојат сериозни индикации во прислушуваните разговори дека демократијата денес во Македонија е во опасност. Веќе извесно време сите аспекти на јавниот живот, од администрацијата до јавните претпријатија и граѓанското општество се политизирани. Индексот на добро владеење / управување генерира докази во однос на неефикасност на јавната администрација да имплементира политики и да даде отчет за постигнатите резултати, нетранспранетното троошење на јавните финансии, де факто пристрасното донесување на јавни политики иако за истите беа неопходни широки и сеопфатни јавни консултации, и најмногу недостатокот на доверба на граѓаните во институциите како резултат на недостигот на државотворност во јавниот сектор. Овие појави не се нови и постоеја уште пред да се објават прислушуваните материјали, беа спорадично споменувани во различни извештаи кои беа критикувани како субјективни заради слаб методолошки пристап. Но, Индексот на добро управување генерира докази за овие појави, ги потврдува и заради издржаната и теоретски основана методологија овозможува истите да бидат основа за објективни анализи кои може да ги информираат реформите во јавниот сектор во иднина. КАДЕ СЕ ТРОШАТ  ПАРИТЕ  НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ?! Фактор:  Проблеми детектирате и во делот на буџетската транспарентност, надополнета со слабиот резултат во категоријата „вклучување на граѓаните  во процесот на политичко одлучување“ . Очекувате ли  во наредниот период Министерството за финансии  да дава поголема  отчестност   за тоа на што се трошат  државните пари  оосбено откако дополнителниот  заменик министер  за финансии е од редовите на СДСМ?   Ристеска:Во однос на доброто управување со јавните финансии од 2004 година наваму нема големи измени на принципите и препорачаните добри практики од страна на меѓународните финансиски институции како ММФ. Доколку се имало политичка волја за добро управуавње со јавните финасии СДСМ уште во своето владеење можело да покаже резултати. Сметам дека ниту една од политичките партии нема да покаже волја да го отвори процесот на буџетирање кон граѓаните, да го зголеми периодот на расправа на новиот буџет, да направи граѓански буџет или да го вклучи известувањето за јавниот долг како интегрален дел од известувањето за трошењето на буџетот (ова се главните отстапки на Македонија во однос на добрите практики при управување со јавните финансии) во отсуство на притисок од граѓаните. Се поголема е свеста на граѓаните за проблемите со управувањето на јавните финансии и затоа сметам дека следната власт ќе мора да понуди исчекор во однос на подигање на транспарентноста, инклузивноста на граѓаните во буџетирањето и отчетноста во однос на тоа како се трошат јавните пари зашто притисокот на граѓаните за овие прашања врз власта се повеќе ќе се зголемува. Овдека најголем акцент би ставила на известувањето за јавниот долг кој Владата го прави но одделно од известувањето за трошењето на буџетот што остава многу простор за интерпретација дека буџетот го администрира јавниот долг, пракса спротивна на принципите на добро управување со јавните финансии.        МАКЕДОНСКА ДЕМОТИВИРАНОСТ НА ПАТОТ КОН ЕУ Фактор: Извештаиите на ЕУ за напредокот на Македонија , врз чија основа се даваат препораките за почеток на преговори, покрај прогресот на земјата ги нотираат и слабостите со управувањето на државата. Колку  македонското  законодствто е во согласност под евроспките стандари и принципи? Ристеска:Заситеноста на ЕУ од проширување и внатрешните проблеми со кои се соочува (како мигрантската и финансиската криза) ја ослабуваат улогата на ЕУ во реформските процеси кај кандидатките за членство. Немањето на јасна перспектива дека еднаш ќе станат ЕУ членки земјите од Балканот, вклучително и Македонија се помалку имаат интерес да ги приближуваат своите политики и владеењето до европските стандарди. А немањето заеднички политики во определени области овозможува следењето на напредокот во истите да биде оценувано со субјективни оценки. Всушност ЦИКП, ЦЕП и ГОНГ со Индексот на добро управување сакаат да воспостават објективна и споредлива (со други земји) рамка на индикатори во област каде ЕУ нема заедничка политика (добро управување), и со тоа освен што ќе се мери напредокот на земјата во ЕУ интегративните процеси, ќе се постават и насоки за идни реформи. На тој начин даваме придонес и кон дебатата за промена на прогрес извештаите на ЕУ кои долго време се критикувани дека немаат методологија, и не користат објективни индикатори за оценка на напредокот на земјите кандидатки, туку ги развлекуваат и оддалечуваат целите, а со тоа и конечното проширување на Унијата кон Балканот. Фактор:  Препораката за почеток на преговрои со ЕУ е дополнително условена со   спроведување на Договорот од Пржино и  одржувањето на на фер и демократски избори .  Дали институциите  се подготвени да спроведат фер, демократски и слободни  избори ? Ристеска:Токму ваквите дополнителни услови, како решавање на проблемот со името или спроведувањето на договорот во Пржино, кои се нејасни, и за кои не постојат точно утврдени одредници за да се мери успехот на нивното постигнување се во центарот на критиките на пристапот на ЕУ кон земјите на Балканот и зголемување на политизацијата на процесот на проширување кое во суштина би требало да биде технократски процес на градење на капацитет за членство, приближување на законодавство и примена на стандарди и вредности споделувани меѓу сите земји членки на Унијата. За жал и оценката дали институциите се спремни за да спроведат фер и демократски избори ќе биде субјективна и политичка, а не објективна и основана на докази зашто нема поставено јасни индикатори за мерење на нивната спремност. Затоа индикаторски рамки како онаа која неодамна ЦИКП ја промовираше во областа на добро владеење на централно ниво стануваат многу важни и за ЕУ и нејзината ефективна улога на влијание врз Македонија, политички елити и регионот воопшто.        
Слично

Поврзани вести