ИНТЕРВЈУ Д-р ЛАЗАРЕВИК: Лекарите заминуваат во потрага по достоен живот!
Д-р Владимир Лазаревик е основач на меѓународниот интернет проект „Healthgrouper.com“ чија главна цел е да ги обединува интересите на докторите и пациентите .
Тој кариерата во јавното здравство ја почнува во 2000 година кога е назначен за портпарол на Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување. Во 2006 година е именуван за заменик министер за здравство , при што беше предводник на реформските процеси и потребата за зголемување на автономијата на јавните здравствени установи и воведувањето менаџмент во здравството. Лазаревиќ во 2008 година кариерата ја продолжува во Светската Здравствена Организација како претседател на Постојаниот комитет на СЗО за Европа и Извршен претседател со 60 Регионално Собрание на СЗО за Европа кое се одржа Москва.
Фактор: Првичната анализа од истражувањето на „Healthgrouper“ поврзано со миграцијата на Здравствениот персонал во земјите од регионотпокажуваат поразителни податоци. Расте бројот на лекари кои својата перспeктива ја бараат во некој од европските и светски центри. Кои се причините за ваквиот негативен тренд?
На овој проблем влијаат повеќе фактори кои ние ги имаме групирано во неколку категории, но преовладуваат желбата за професионален развој, и повисоките примања со кои еден лекар може да обезбеди поквалитетен живот во некоја од западните, а понекогаш и во источните како што се арапските земји. Дополнително, миграцијата на здравствениот персонал се должи и на соодносот на производство и побарувачка на лекарите на домашниот и на странските пазари за вработување. Така на пример, во Македонија на трите медицински факултети се запишуваат годишно околу 500 студенти, од кои од оваа година кога излегуваат и првите дипломирани студенти и од Штип просечно дипломираат 250-300 млади лекари кои бараат работа. И тоа ќе се случува секоја наредна година. Дури и во една година да се вработат 400 или повеќе лекари како што беше случај оваа и минатата година, проблемот останува за наредните години. Македонскиот здравствен систем и во приватниот и во јавниот сектор нема капацитет да апсорбира толкав број на нов кадар. На тој начин се формира еден систем во кој де факто лекарите се принудени да бараат работа во странство. И тоа се случува во праксата. Дополнително, ниските примања, и малите можности за самостоен и достоен живот ги насочуваат да бараат развој на својата кариера некаде каде ќе имаат поголеми можности за професионален и личен развој.
Фактор: На што се должи овој лекарски егзодус кога се повеќе имаме инвестиции во здравството, континуирано се испраќаат лекари на доедукација во некои од светските центри а се почесто експерти од странство доѓаат во Макеоднија и вршат оперативни зафати со македонски колеги ?
Мора да кажеме дека не е специфичен одливот на кадар само за Македонија, туку е глобален феномен. Така на пример една Етиопија има 1 лекар на 100 000 жители што практично го оневозможува функционирањето на тој здравствен систем. Проблемот на отселувањето лекари најмногу ги засегнува оние земји кои имаат многу малку здравствен персонал. Кај нас не може да се каже дека тоа е случај, туку напротив, ние произведуваме повеќе од што ни е потребно лекари. Во однос на школувањето на лекари во странство, тоа според мене е одлична пракса која може да даде долгорочни позитивни резултати. Речиси сите лекари кои учестуваат во нашето истражување можностите за професиоанлен развој ги ставаат веднаш до економските причини поради кои мигрираат. Истото се однесува и на доаѓање на странските експерти во Македонија. Она што е значајно да се каже е дека малите земји се соочуваат со објективен недостаток од искуство во одредени медицински интервенции од причини што нема доволен број на пациенти. Така, за да еден наш лекар се усоврши во одредена област која е да речеме на ниво на субспецијализација неопходно е да учи од лекари кој тоа го работат во многу поголем обем. Во праксата на медицината волуменот на случаи (број на интервенции) е клчучен индикатор за тоа дали ќе му верувате или не на одреден лекар кој треба да ве оперира.
Фактор: Колку се релеванти податоците дека за само три години над 600 лекари ја напуштиле Македонија, а колкав е бројот на медицински сестри нема податоци?
Тешко е да се најдат точни податоци за одливот на лекари од Македонија, а слична е ситуацијата и воо станатите земји. Единствен податок кој постои е издадените сертификати за добра пракса од лекарските комори. Но, дури и да е издаден сертификат тоа со сигурност не потврдува дека лекарот се отселил. Според нашето истражување и преку разговори со официјални лица во лекарските комори во Србија, Македонија, Косово и Албанија од регионот се имаат отселено повеке од 1500 лекари во изминатите три години. Од тоа најголем број се лекари од Србија, по што следуваат Македонија, Косово и Албанија. Но точен број многу тешко може да се дознае. За Македонија бројката се движи околу 450 за изминатите три години.
Хелтгрупер сега работи на усовршување на онлајн платформата со цел да се направи мапа на лекари кои работат во странство, со можност лекарите сами да креираат сопствени профили. Идејата е на тој начин да се добие една пореална слика за тоа колку лекари од целиот регион денес работат во странство. За медицинските сестри исто така е проблем да се добие реален податок.
Фактор: Дали отвореноста на Западниот пазар за македонските лекари значи дека им се признваат нивните дипломи, и дека имаат поминато низ добра едуцација и лекарска пракса која ги задоволува европските стандарди?
Не би можело баш така да се каже. Во овие неколку години она што се случува е дека се отвори прозор на можности за лекарите од нашиот регион да бараат работа во странство. Тоа е од причини што во поголем број од западно европските земји се соочуваат со недостаток на медицински персонал. Типичен пример е Германија, но и поблиските земји како што е Словенија. Школувањето на еден лекар чини многу пари, и е исклучително скапо. Со демографската транзиција при што населението во западните земји живее подолго и процентуално се зголемува бројот на стари луѓе во однос на помладите, се зголемува и потребата од здравствен персонал, како од лекари но исто така и од медицински сестри. За да еден лекар успее да се вработи потребно е да полага дополнителни испити, да го познава локалниот јазик и сето тоа одзема многу време и е дополнителна работа. Но, она што е интересно во овој период е дека за разлика од земјите во нашиот регион каде нема јасна синхронизација помеѓу производството (уписот) на лекари, и можностите за нивно вработување, во западните земји се чини дека постои организиран систем кој нуди можности за вработување на точно определени, да кажеме “непопуларни” дестинации за локалните лекари, со странски лекари. На тој начин, овие земји ги задоволуваат своите потреби за кадар за кој не плаќаат ништо во делот на нивното школување, а од друга страна на лекарите кои се одлучиле да заминат од своите земји им се отвораат нови можности. Сега, се разбира дека за да успеете да се вработите во било која западна земја мора да имате добро образование. Тоа може и не мора да биде кредит за нашите медицински факултети, и повеќе е индивидуално поточно специфично за тие лица кои се решиле професионалните кариери да ги насочат надвор од Македонија, или надвор од некоја од земјите во регионот.
Во 2010 година со цел да се спречи или барем контролира одливот на медицински кадар од земјите во развој кон развиените земји Светската Здравствена Организација усвои Глобален Код за етичко регрутирање (вработување) на здравствен персонал. Целта на овој документ беше и е да се постават нови стандарди во делот на можностите кои им се нудат за вработување на лекарите кои доаѓаат од посиромашните земји, во однос на последиците кои нивниот одливо може да ги направи во нивните здравствени системи. Ние во одговор на ова прашање имаме закажано разговори со амбасадорите на неколку западно европски земји и ќе се потрудиме да добиеме официјални ставови во однос на нивните внатрешни политики за вработување на кадар.
Фактор: Ако генерацијата пред 10 или 15 години се смета за добро теоретски и практично поткована, може ли денес да се купи диплома на Медицинскиот факултет?
Не можам да одговорам на тоа прашање зошто не знам дали некој успеал да купи диплома. Искрено не верувам дека е тоа можно. Сигурно дека е можно некој испит да се помине полесно, или со врски, но да се купи диплома тоа е практично невозможно. Плус, дури и некој да купи диплома на крајот на денот треба да работи како лекари. Тоа е исто така по мене е невозможно.
Фактор: На што се должи незадоволството од здравствените услуги и дали тоа значи дека владините реформи не ги даваат посакуваните резултати ?
Пациентите и во Германија може да бидат незадоволни, посебно ако очекувањата им се многу високи. Кај нас, а и во соседните земји точно е дека постои незадоволство, но тоа е пред се насочено кон условите во болниците, и кон односот на средниот медицински пероснал, многу помалку кон односот на лекарите. Во однос на реформите повторно не би можел да кажам дали ги даваат или не посакуваните резултати. Многу е тешко и неблагодарно да се генерализираат работите во здравството од причини што постојат големи крајности. Од многу позитивни до крајно негативни искуства кои ги доживеале пациентите при обезбедувањето на здравствени услуги.
Фактор: За да ја ублажи состојбата Министерството неодамна распиша конкурс за прием на лекари од соседна Србија, што уште повеќе го зголемило револтот на вработените и на волонтерите во јавното здравство. Дали ни е потребна Национална здравстевна стратегија, која ќе биде долгорочна и базирана на докази со што би добиле реална слика што се случува во здравствениот систем и какви потреби и корекции треба да се направат?
Министерството за здравство има постојани обиди да се подобрат нештата во здравствениот систем. Искрено не знам што точно се постигна со повикот за лекари од Србија и дали некој се пријави на тој конкурс, но не верувам дека имаше некој голем ефект. Сигурно имале некоја цел која сакале да ја постигнат со тоа, но јас не знам што е таа цел. Во однос на стратегијата, тоа е како да кажам едно специфично прашање. Ние имаме и немаме стратегија. Ако зборуваме на стратегија како документ, имаше, се надополнуваше, за да во конечната верзија точно не се знае дали постои или не. Но, дури и да има напишан документ тоа не значи дека ќе се работи согласно таа страгегија. Кај нас во изминатите години реформите се движат во насока на партиските манифести. Поточно, тоа што е ветено во партиската програма во принцип и се спроведува во пракса. Мислам дека постојано се прават корекци и се менуваат или надополнуваат работите. Колку работите се добри или лоши тешко е да се каже. Во секој случај, реформирањето на здравствениот систем е исклучително тешка, комплексна и скапа работа.
Горазд Чомовски

Слично