ИНТЕРВЈУ Бучковски: За тенковските делови ме намести Црвенковски, но тоа не го прави Груевски добар премиер!
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски во интервјуто за Фактор зборува за актуелните економски случувања во Македонија. Се навраќа на аферата Телеком, ги коментира последните случувања во СДСМ и најавата за кривична пријава. Бучковски во интервјуто не е ни малку нежен ниту кон актуелниот премиер Груевски, ниту кон поранешниот претседател Црвенковски.
Фактор: Г-дине Бучковски, како поранешен премиер како денес ја оценувате економската ситуација во земјата?
Бучковски: Економската ситуација е исклучително тешка, а според мое мислење нема да има драматични промени и во наредната година.
Фактор: Дали сметате дека економската криза можеше и требаше подобро да се менаџира во последниве години?
Бучковски: Можеше и мораше да се менаџира подобро. Груевски и неговиот економски тим беа упорни во трошењето на буџетските пари за непродуктивни трошоци, пред се на реализацијата на проектот Скопје 20014 и станаа шампиони во нерационалното трошење за себепромовирање, со безбројните рекламни кампањи.
Фактор: Дали се направија голем број на стратешки грешки, како што тврди опозицијата, со непродуктивни градби и трошења, што сега ја чинат Македонија нови задолжувања?
Бучковски: Според мене најголема стратешка грешка е што не ја почнавме изградбата на големиот енергетски проект Чебрен и Галиште и второ, незамисливо ми е зошто ни по 7 години од владеењето на ВМРО ДПМНЕ не го проширивме гасоводниот систем во Македонија, пред се зошто Скопје не е гасифицирано. Беше готов проектот за гасниот прстен околу Скопје кога ја предадов власта пред 6 и пол години, беше обезбедена и финансиската конструкција, преку делумно затворање на клириншкиот долг со Руската федерација.
Нерасчитувањето на аферата Телеком создаде впечаток во јавноста дека Владата која јас ја предводев не била имуна на корупција
Фактор: Дали корупцијата го јаде македонскиот систем?
Бучковски: Веројатно да, иако според вреднувањата на Транспаренси има напредок, но тоа е само создадена перцепција кај нашиот просечен граѓанин.
Фактор: Зошто денес на Владата на Бучковски се покажува како на Влада која влегла во коруптивни зделки?
Бучковски: Напротив, сметам дека Владата која јас ја предводев го положи тестот на најголемиот меѓународен тендер кај нас, а тоа беше приватизацијата на ЕСМ, кој ги доби највисоките оцени од меѓународната заедница во поглед на транспарентноста. Исто така без никакви приговори поминаа и другите два големи тендери, за изработка на биометриските пасоши и тендерот за вториот крак на обиколницата околу Скопје. Да ве потсетам, јас сум досега единствениот премиер кој поништи едно јавно наддавање за супер атрактивно градежно земјиште, тоа е плацот спроти Народна Банка, кој го доби Веро на повтореното јавно надавање.
Фактор: Во тој контекст, каква е вашата поврзаност со аферата Телеком за која СДСМ поднесе кривична пријава?
Бучковски: Веројатно заради оваа нерасчистена афера се создаде впечаток во јавноста дека Владата која јас ја предводев не била имуна на корупција. Сепак, приказната со Маџар Телеком ја следат контраверзи уште од самата продажба на Македонските телекомуникации во 2001 година. Факт е дека Владата на СДСМ формирана во 2002 година беше во непојавена војна со Маџар Телеком. Да подсетам, немаше исплатено дивиденда за државата во 2002, имаше минимална дивиденда за 2003тата, а јас наследив неисплатена дивиденда и за 2004тата година и недонесен Закон за електонските комуникации со кој требаше да се либерализира пазарот на телекомуникации. Овој Закон е еден од најсилно мониторираните законски решенија и беше еден од предусловите за добивање на кандидатскиот статус во ЕУ. Законот беше донесен во парламентот по бурна дискусија, ако внимателно го прочитате стенограмот од таа седница ќе извлечете заклучок какви биле ставовите на СДСМ, какви на ДУИ, но многу интересно е и однесувањето на ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија. Се на се, во тоа време повеќе или помалку монополот на Маџар Телеком, загарантиран со нивниот договор од 2001 година, односно дуополот што го имаа со Космофон, беше наследен проблем. Повеќе не би говорел во детали затоа што сум сведок во судскиот процес кој се води против поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации, Трпковски, а е поврзан со наводните привилегии што ги добиле Маџар Телеком и Космофон.
Фактор: Како би го оцениле Владеењето на СДСМ во десетте години колку што беше на власт, апропо десетте години на ВМРО ДПМНЕ? Која Влада беше или е покорисна за граѓаните?
Бучковски: Јас сум можеби субјективен, но секогаш ќе одговорам дека тоа е СДСМ. Ако сум неутрален и критичен, најголемите грешки СДСМ ги направи во периодот на приватизацијата.
Конечно сфатив дека мојот судски предмет за тенковските делови е дело на Црвенковски
Фактор: Ви пречи ли тоа што токму СДСМ, вашите сопартијци поднесуваат кривична пријава?
Бучковски: Секако дека ми пречи, ме прави тажен состојбата во која сега Црвенковски ја втурна партијата. Тој дефинитивно, заедно со дел од раководството почна да се пресметува со мене како неистомисленик, со што им испраќа порака и на другите неистомисленици, на пример денес на Бузлевски, утре на некој трет. Сепак во секое зло има и некое добро, сега конечно сватив и јас дека и мојот судски предмет за тенковските делови е дело на Црвенковски. Долго не верував во таа приказна, веројатно и заради мојата јавно демонстрирана нетрпеливост со поранешниот Министер за правда Маневски, но сега многу се разјаснија и други околности...на пример улогата на Црвенковски во формирањето на НСДП на Тито Петковски и односот на Црвенковски и неговите најблиски соработници на Изборите во 2006-тата година.
Фактор: Ќе учествувате ли на локалните избори?
Не, нема да имам своја независна кандидатура, ниту своја независна листа.
Фактор: Некои медиуми пишуваат дека во март по локалните избори, а при евентуален пораз на СДСМ, речиси целиот условно кажано стар кадар ќе се обиде да влезе и да ја реформира партијата. За актуелното раководство на СДСМ, ова е сценарио на ВМРО ДПМНЕ?
Бучковски: Кој стар кадар, па во политиката јас ценам дали е некој способен или неспособен, дали влегол во политиката како афирмиран, нешто да придонесе за развојот на партијата, а не да дојде спуштен со кран на Бихачка, без биографија, за да се вдоми, да најде денес работа како пратеник, а утре како министер можеби. Значи по локалните избори, при евентуален неуспех, очекувам да се вратат сите кадарни, а моментално диференцирани или пасивизирани кадри. Ни треба реформа, ни требаат непосредни внатрепартиски избори, ни треба пак да ја освоиме демократијата и да го почитуваме различното мислење. Доста му е на СДСМ од делегатски систем, наместени делегати според непотистички принципи и воскреснат демократски централизам
Владата на Груевски погрешно ги утврдува инфратсруктурните приоритетите
Фактор: Влезот во ЕУ и НАТО е блокиран, како еден моментум од кој државата би можела економски да се крене на нозе, смета ли Бучковски дека е можно деблокирање на Евроатлантските интегративни процеси?
Бучковски: Да можно е, дали ќе се случи уште сега на декемврискиот самит, не зависи веќе само од нас.
Фактор: Најавувавте во предизборната кампања во 2006 - та Македонија да биде поврзана со автопат со 4 - те свои соседи, Софија, Атина, Белград, Тирана. Шест години потоа, нема ништо, повторно само ветувања? Во кого е проблемот во македонските политичари или во општата ситуација?
Бучковски: Проблемот е пред се кај политиките на сегашнава Влада. Не успеа да најде концесионери барем досега за поврзување со Приштина што е наједностеавно, а не пак да се поврземе со Софија, што мораше да биде врвен приоритет во патната инфраструктура.
Фактор: Како да играме со Русија енергетски, а притоа да не ни се налути САД?
Бучковски: По последната изјава на помошник државниот секретар во Стејт Дипартментот, Гордон, треба да ни биде јасно дека нашиот стратешки партнер и најголем сојузник САД, бара да не бидеме енергетски зависни од Русија. Како ќе се реализира оваа препорака, кога за нас гасификацијата и евентуалниот крак од новиот гасовод Јужен поток е императив и ребус што треба да се реши!

Слично