Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ БЛЕРИМ РЕКА: Зошто Албанец премиер да не ја води напред Македонија?

ИНТЕРВЈУ БЛЕРИМ РЕКА: Зошто Албанец премиер да не ја води напред Македонија?
ЕУ е загрижена за дестабилизацијата на Македонија. Оваа воопшто не е дипломатска порака на Могерини, како влијателен политичар во ЕК. Пред 14 години, на почетокот од воениот конфликт се зборуваше за сериозна политичка криза. Овие ставови професор Блерим Река ги извлекува како сериозно предупредување пред првиот бриселски дијалог меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот  македонски амбасадор во ЕУ предочува нов концепт на конзенсуална демократија. “Македонија може да продолжи да функционира  како единствена држава, но во еден нов политички  систем,  во кој ако не за сите прашања, тогаш бар за 5 главни прашања треба да постои меѓу-етнички консенсус на двата народа: Македonскиот и Албанскиот за: Уставот,  државната граница,   службениот јазик, евро-атланските интеграции, буџетот и надворешната политика. Проректорот на Универзитетот ЈИЕ  негира дека Албанците се резервирани кон овој политички конфликт во македонскиот партиски табор, само се чуваат да не запалат друг фитиљ, оценува екс амбасадор во ЕУ  Река во интервју за Фактор. Тој смета дека би било добро на чело на државата да застане етнички Албанец: „Зашто да не? Досега на оваа тема јас слушнав само противење, но не и разборито аргументирање зашто тоа е невозможно. Тоа уште повеќе ми го зацврстува моето убедување дека во моментот во Македонија има дефицит на државен патриотизам, а суфицит  на етнички национализми.“ Раговараше Горазд Чомовски Фактор: Брисел ја нуди својата поддршка и посредништво, но и укажува  колку е важно да се покажат домашните демократски капацитети за излез од кризата. Дали ЕУ може, сака и мора да биде медијатор? Блерим Река: Не сум сигурен дека ЕУ во понеделник ќе биде медијатор. Повеќе  го гледам тоа како еден обид  за олеснување, а не директно посредување. Бар не од главната политичката инсtитуција на ЕУ- Советот; туку посредно од 3 евро-пратеници. Тоа  и не е непозната пракса на олеснување од  страна на Брисел, а последен  пат видено во Албанија, кога евро-пратениците успеаа да исздејствуваат договор помеѓу власта и опозицијата. Фактор - Дали оваа порака е сигнал дека на Македонија и е потребен  нов општествен договор за базичните принципи на функционирање на државата ?  Блерим Река: Па изгледа требаше да дојдеме до оваа ситуација за да  се увиде потребата од една критичка анализа на постоечкиот политички систем.  Десет години по осамостувањето, во 2001 година се направи парцијален обид за унапредување на тогашниот политички систем преку уставните амандамани согласно Охрдискиот Рамковен Договор. Но како  што времето проаѓа, се гледа дека ни по 14 години тоа не  е постигнато. Сега во ова кратко интервју е невозможно да ја представам мојата политичка визија, но овде ќе напоменам само неколку главни елементи врз кои што би можело да се гради еден нов политички систем за Република Македонија. Прво, Македонија треба да функционира како консензуална демократија, по моделите за многу-етничките држави,  согласно теориите на Лијпхард, Франк и др. Знам дека ова веднаш ќе се  сфати како  некое барање за федерален политички систем, но не е тоа. Македонија може да продолжи да функционира  како единствена држава, но во еден нов политички  систем,  во кој ако не за сите прашања, тогаш бар за 5 главни прашање треба да постои меѓу-етнички консенсус на двата народа: Македoнскиот и Албанскиот за: Уставот,  државната граница,   службениот јазик, евро-атланските интеграции, буѓетот и надворешната политика. Во тој нов политички систем, мнозинската демократија ќе продолжи преку општите и локалните избори, на кои би се избирале пратениците на Собранието и судиите на  судовите, додека предеседателот - би се гласал консенсуално во Парламентот. Досега неговиот легитимитет,  добиен на избори не содветуваше со неговите лимитирани уставни компетенции.  Зборувам за институцијата Председател а не за личноста. Имено имаме председател избран од народот, со голем демократски легитимитет, но со мала политичка моќ.  Имаме судии именувани од власта а не судии избрани од народот. Само така ќе можеме да добиеме две независни гранки од власта, легилсативната и судксата, кои во иднина не би биле под туторство на ек зекутивната. „ТРОЈКАТА“ НА ЕУ НЕМА ЈАК МАНДАТ Фактор: Пораката на Брисел е дека ангажирањето на „европската тројка“  има олеснувачки карактер, а не разрешувачка улога  во надминувањето на политичката криза. Значи ли ова дека европратениците  веќе го опипале пулсот кај  власта и опозицијата околу нивната  подготвеност за отстапки од засега „бетонираните“ позиции  за излез од политичкиот јаз? Блерим Река:  Секако дека како и сите добронамерни граѓани и јас посакувам ова  ЕУ олеснување да успее. Но не сум сигурен дека прво оваа тројка има таков јак мандат, а потоа ни дека има таква сила да ги убеди двете страни за да ја надминат политичката криза. Без прејудицирање, не сум  песимист, но повеќе  сум реален оптимист.  Фактор:  Дали инволвирањето на европските преставници укажува  на тоа  дека Македонија во моментов не ги задоволува ниту елементрани политички и европски критериуми или заканата дека може да ни се одземе препораката за преговори е дел од притисокот врз домашните играчи? Блерим Река:  Самиот факт дека од највисоките ЕУ представнци се укажува “длабока загриженост” за политичката криза во земјата, укажува дека не се исполнува политичкиот  копенхашки критеријум. Замислете, пред неколку годни во Брисел се зборуваше дали ЕУ треба да  посредува помеѓу Македонија и Грција за спорот за името, а во понеделник во Брисел, почнува олеснување  од страна на ЕП за внатрешен политички спор. Слушам деновиве и за оваа можност за одземање на препораката од ЕК. Tоа би било голем чекор назад во евро-интеграцијскиот пат. Но, мислам дека ЕК- иако може- нема да го направи тоа за да не ги обесхрабри над половина од граѓаните на Македонија који се уште веруваат во членството во ЕУ. Освен овој - да го наречам внатрешен фактор- нема да дојде до одземањe на препораката, и заради ивториот- надворешен- фактор,  а тој  произлегуива од анализите на ЕК дека со тоа, на Македонија ќе и се одеземе и последниот “морков”,  со што би се отворила можноста земајата да бара други геополитички алтернативи- вон ЕУ. С одеземање на препораката, се плашам ќе се казни не само власта, туку целото општество, значи и тоа се уште големо мнозинство кое се  уште верува во ЕУ- а не во други алтернативи. Сепак се уште мислам дека проширувањето на ЕУ останува геополитички процес а не само техничка вежба на исполнување на критеријуми, и главните одлуки во Брисел секогаш  ги земаат  во предвид и геополитичките последици. Фактор: Поранешниот Еврокомесар за проширување Штефан Филе дирекно посредуваше во разрешување  на собранискиот инцидент од 24 декември, меѓутоа  заклучоците кои беа донесени од Комисијата за расветлување на случајот сеуште не се имплементирани? Блерим Река: Во претхдното прашање  веќе одговорив за реалните лимити на тројката од ЕП. Ако  порано не успеа  поранешниот евро-комесар, уште помалку можат европарламентарците. Да не ме разберете погрешно. ЕУ континуирано сака да ни помогне, пред две години преку ЕК (Филе), сега преку ЕП, (тројаката), и пред некој  ден преку Советот (Могерини).  Но не ќе може да  ни помогне, ако ние сами не си помогнеме. Таа е само олеснувач, а  не носител на политичките одлуки. Тоа всушност и ни се укажа неколку пати од Брисел, дека не може ЕУ да одлучува за нас. Впрочем Македонија не е центар на светот, и во моментот ЕУ е преокупирана и со други потешки предизвици во светот, од: посредувањето преку Германската Канцеларка Меркел во Украина, преговорите со Иран,  до енергетската сигунрост,  или проблемите со; ИСИС, грчката финанцисјка криза, со емигрантите од Сирија. Ако не постои политичка воља од главните домашни актери, тешко ќе  може да се изнајде политичко решение.  Пред се затоа што едно е потпишување, а сосема друго е (не) исполнување на потпишаното, што е веќе видено кај анс.  ЕУ е soft power и има влијателна мека моќ,  но не може да одлучува политички наместо нас самите. Колку што знам, бар до сега Европската унија не употребила некаде hard power или импонирачки решениа за одредени проблеми. Но тоа не значи дека Брисел нема други – пософистицирани- инструменти на влијание. ЕУ НЕ МОЖЕШЕ ДА ИСПРАТИ ПОСЕРИОЗНА ПОРАКА Фактор: Колку  е оправдана вознемиреноста на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини  која изрази загриженост  за можна дестабилизација  во Македонија  и сметате ли дека таа и Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан имаат план „Б“ доколку  дијалогот  меѓу европратениците со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не дадат резултати?      Блерим Река: Во дипломатскиот речник, нема како да ви ја пренесат посериозно пораката од ЕУ. Двата кључни збора од нејзината изјава се: “загриженост” и “дестабилизација”. Ако ја споредиме оваа нејзина квалификација денес во 2015, со онаа од Советот на ЕУ во 2001: “сериозна политичка криза”, мислам дека нејзината изјава треба многу сериозно да се  третира. Единствената разлика од двете ситауцији помеѓу овие 14 години е тоа што тогаш Советот на ЕУ беше загрижен за политичката криза од меѓу-етнички конфликт. Денес ова загриженост се адресира за интра-етничката криза. Фактор: Како ги оценувате барањата за меѓунардоен мониторинг во правната разврска на случајот „Пуч“ и аферата  „Прислушување? Блерим Река: Во денешниот глобален свет, во кој  Вестфалијскиот  класичен модел на државниот суверенитет е релативизиран, не гледам проблем во барањата за меѓународен мониторинг. Па  целиот свет е во некој вид на мониторирање. Тоа се  прави сите овие години  и во Западен Балкан од страна на ЕУ.  Нема веќе изолирани  острови, освен можеби Северна Кореја, која е надвор од секој било надворешен мониторинг. Што се годишните извештаи  за напредокот на Европсака Комисија- - ако не мониторинг? Па не само ние, но и целоит регион е под постојан мониторинг од страна на ЕУ. Поготово судството. Сега затоа што тоа и официјално се бара, сето тоа се  квалифицира како мешање на суверени компетенции во судството. Јас чак и мислам, требаше  порано да побаравме меѓународен мониторинг за овие случаји, затоа што со тоа ќе беа расветлени од  една независна институција и со самите резултати од тој мониторинг ќе се затвореа изворите на последната политичка криза. АЛБАНЦИТЕ НЕ СЕ ПАСИВНИ ГЛЕДАЧИ НА КРИЗАТА, САМО ВНИМАВААТ ДА НЕ СЕ ЗАПАЛИ МЕЃУЕТНИЧКИОТ ФИТИЉ Фактор: Опозицијата бара формирање на преодна влада која  би ја вратила земјата на нормален колосек.  Како ги дожувавте  реакциите околу идејата  албанец  да биде на чело на таа Влада и зошто се уште  со анимозитет се гледа на ваквите и слични предлози? Блерим Река: И овој анимозитет кон идејата Албанец-иден премиер, доволно зборува во какво поделено општество живееме. Во претходниот одговор укажав за потребата за нов политички систем на Република Македонија, кој што ќе овозможи градење на мулти-етничка држава, затоа што  Македонија и е мулти-етничко опшстество. Но се уште не и мулти-етничка држава. Доволно е да ги видете последните наоди од Јавниот Обвинител на РМ, кои укажуваат да ни после 14 години од Рамковниот Договор, се уште  не е постигната ветената цел од 2001, да Албанците бидат представени во државната администрација со 20%. Податоците објавени пред два дена  укажуваат се уште на 19,5%, а во одредени министерства, државни и судски институции таа представенсот на Албанците е едно-цифрена (под 10%). Да не збориме овде за невозможноста Албанците да бидат на најважните 6 државни позиции во Македонија како што се: Претседател,  Премиер, Предесетел на Собранието, Министер за Финансии, Министер за Надворешни Работи и Министер за Внатрешни Работи. Затоа овој анимозитет кон идејата Албанец за Премиер, го гледам како израз на менталитетот кој се уште државата ја гледа како –етничко својинска категорија. Значи сопственици на државата се Македонците, а Албанците се пот-станари, па затоа главните државни функции се резервирани само за првите, додека на другите може да им се дозволат другите спроедни функции. Тоа го објаснува исто така и аномизитетот и противењето  кон албанскиот јазик, како службен јазик, заедно со македонскиот. Мислам дека денес на Македонците им недостасува државен патриотизам. Кога би бил етнички Македонец, за доброто на државата, како барање на една третина од граѓаните на оваа држава, воопшто не би се двоумел за албанскиот како службен јазик, кој и така е  уставна категорија. Или еден Албанец Премиер да ја води напред државата. Зашто да не? Досега на оваа тема јас слушнав само противење, но не и разборито аргументирање зашто тоа е невозможно. Тоа уште повеќе ми го зацврстува моето убедување дека во моментот во Македонија има дефицит на државен патриотизам, а суфицит  на етнички национализми. Фактор: Зошто Албанците од трибина го следат двомечот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? Кој би биле бенифитите за нив од овaa “бомба –пучиситчка “ поларизација во Македонија? Блерим Река: Не би се согласил дека сме пасивни гледачи на овој интра-македонски двобој. Албанците само не сакаат да ја де-ескалираат постоечката и така веќе сериозна политичка криза. До тука таа e политичка криза  и некако може да се исменаѓира. Ако Албанците би се инволвирале, таа може да добие размери на дестабилизација. Затоа Аланците во  Македонија се конструктивен чинител, кој не сака додатно да ја ескалира кризата претварајќи ја во меѓу-етничка криза. Фактор: Дали етничко-религиското обединување во ученичко-студентските - професорски протести и автономија се некаков знак за граѓанска Македонија?  Блерим Река: Па верувам ова само го дополнува моето претходно прашање дека  Албанците не се пасивни гледачи на  тоа што се случува во земјата, туку активен и конструктивен чинител. Студентските протести, професорскиот пленум,  хонорарските протести,  тие на просветните работници, протестите против загадавуњето, не беа едно-национални туку мулти-етнички негодuвања кон одредини владини политики.  Се покажаа како успешни, постигнувајќи ја целта- издејствувајќи одредени отстапувања од власта.  Значи, 14 години по војната македонците и албанците не знаат само да се убиваат меѓу себе, туку и зеднички да протесираат за своите права. Овае може да биде ембрион за нова граѓанска и консенсуална Македонија, во која нема  да пропадне државата, ако Албанскиот  јазик стане службен јазик, или ако Предеседателот или Премиерот на државата биде Албанец. Швајцарија, ниту  е пропадната, нити  е поделена држава, туку со векови модел на консенсуална демократија,  на благосостојба и економски  една од најразвиените во свтот. Не сум слушнал дека таа пропадна како држава зашто има четири службени јазици, или на чело на државата е  представник од  различните  етнички заедници. reka
Слично

Поврзани вести