ИНТЕРВЈУ БАШКИМ БАКИУ: Заев треба да знае, власта не се поклонува, власта се зема!
Македониските партии ќе постигнат договор за излез од политичката криза, меѓутоа не така брзо. Прво ќе имаме политичка а подоцна и правна разврска, прогнозира аналитичарот Башким Бакиу.
Според него, ВМРО –ДПМНЕ би прифатила широка владина коалиција во септември во која Никола Груевски не би бил премиер, но под услов во пократок период да се реализираат избори
„Но оваа опција би ја елиминирала техничката влада, а особено правното решение со проблемот на прислушкуваето“. За Бакиу, клучното прашање е што ако победи повторно ВМРО- ДПМНЕ и по цена премиер да не биде Груевски. Како се одоговлекува кризата така според Бакиу расте притисокот врз лидерот на ДУИ Али Ахмети од страна на албанската етничка заедница. Бакиу за Фактор говори зошто лидерот на СДСМ тактизира со објавувањето на материјалите поврзани со случајот „Монструм“.
Горазд Чомовски
Фактор Ќе биде ли постигнат договор за крај на политичката криза?
Бакиу Сметам дека ќе биде постигнат договор за излез од политичката криза, но не бргу. Работите ги гледам од два агла( преспективи) едно е тактизирање на сите актери особено помеѓу СДСМ и ВМРО, мислејќи што после решавањето на кризата односно изборите, и тоа што реално би требало да се случи договор со што би завршила кризата .
За жал клучниот пристап на партиите во моментов е првата опција односно тактизирање. Анализирајќи ги последните средби на лидерите особено со Комесарот за проширување и добрососедската политика на ЕУ Јоханес Хан, насочуваат повеќе кон политичко решение, од колку и правно( одговорност за тоа што се случи со прислушувањето како чин и анализа на разговорите).
Фактор Што доколку ВМРО-ДПМНЕ повторно победи на изборите во април?
Бакиу Практично ВМРО ДПМНЕ и премиерот со тактизирање би оделе на избори и тоа што побргу, па дури и со цена на широка коалиција, која што би и овозможИла неколку миистерски места и функции на СДСМ, која што реално не верувам дека има подготвена партиска инфреаструктура визави владејачката партија.
И во оваа насока, сметам дека до септември Груевски може и да попушти за широка коалиција во која што тој не би бил премиер, но со услов во пократок период да се реализираат избори, и овој период до септември ќе го користи за да купи време.
Но оваа опција би ја елиминирала техничката влада, а особено правното решение со проблемот на прислушкуваето.
Клучното прашање е што ако победи пак ВМРО- ДПМНЕ,и по цена премиер да не биде Груевски.
Фактор Каков ќе биде ефектот од објавувањето на вистина за „Монструм “?
Бакиу Заев од друга страна вели дека има сеуште материјали, и ќе продолжи, иако до сега тие немааа некаков ефект, освен оставките на тројца министри.
Дилемата е какви се материјалите што ги има СДСМ кои се поврзани особено со случајот „Монструм“, за кој што до сега го користеа само како адут за да ги уплаши, како што вели Заев грозната вистина, која што сигурно ако е од прислушкуваните материјали ја знаат и од ВМРО-ДПМНЕ.
До сега конкретно со овој случај тактизирал и ја држел како “уцена“ кон политичките противници, случај за кој што вистината препоставувам би ги разлутило и албанците и македонците.
Да заокружам, дека Заев со одрени прислушкувани материјали дал порака до тие што биле инволвирани дека сепак ја знае вистината за она што се случи кај Смилковско езеро. Но искрено не знам колку и со објавувањето на материјалите за овој случај ќе постигне ефект. Лидерот на СДСМ Зоран Заев мора да знае дека власта не се поклонува, власта се зима.
Фактор Дали под притисок на Албанците Али Ахмети ќе ја напушти владата?
Бакиу Што се однесува до ДУИ, како партија која има значителен број на пратеници, има големо влијание и во уривањето на актуелната власт во која што и самата припага но и во насочувањето на земјата и политиката во правец на опстанокот на истата. Во моментов сигурно прават калкулации и тактизирања, но сметам дека од големиот притисок од страна на Албанците лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе биде принуден да и врши притисок на ВРМО-ДПМНЕ.
Слично
