Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ БАШКИМ БАКИУ: преодна влада за враќање на довербата!

ИНТЕРВЈУ БАШКИМ БАКИУ: преодна влада за враќање на довербата!
Албанските политички партии не можат да се амнестираат од одговорност без разлика што тие не биле прислушкувачи  туку мета на прислушување, посочува во интервју за Фактор Башким Бакиу. Проценките на политикологот од Институтот за креирање на политики и добро владеење се дека  т.н. бомби на лидерот на СДСМ ќе се  одразат  врз функционирањето на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ–ДУИ. „ДУИ во моментот има политичка моќ што може да има големо влијание и во владината коалиција, но моите предвидувања се дека најпрвин прислушкувањето ќе има внатрепартиско( кај ВМРО ДПМНЕ) влијание отколку  внатре коалициско“, вели Бакиу. Според него, на Македонија и е потребно што поскоро формирање на експертска Влада како и меѓународно посредништво  за излезе од политичката криза . Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Правна или политичка разрешница на  „Македонскиот Вотергејт“.Која е правно-политичката технологија при вакви афери во кој опозцијата е во залет а власт во дефанзива? Башким Бакиу:Во опозицијата не веруваат во правна разрешници поради недовербата кон извршната и судската власт. Од друга страна немаме елементарно ниво  на политичка култура со што некој би презел одговорност за ова, па дури и со најмал чекор - да се даде оставка, како морален чин. Ваков сличен случај освен Вотергејт имавме и во Чешка каде премиерот Петер Некас даде оставка во 2013 година поради прислушкување на министрите. Фактор: Каква порака се испраќа до меѓународните партнери  доколку се потврди автентичноста на разговорите во кои се инволвирани и странски амбасадори акредитирани во Македонија? Башким Бакиу:Ова прашање не бара проширена реченица за одговор, просто доколку се потврди автентичноста на разговорите, тоа значи уривање  на меѓународниот углед на земјата, владиниот кредибилитет, пред се прекршување на Виенската конвенција. Фактор: Како ја оценувате индиферентноста на  ДУИ и ДПА во врска со т.н, бомби и дали нивниот молк е вниматленост поради нивна можна дирекна или индирекна  вмешаност  во некои незаконски  дејанија? Башким Бакиу:Од секогаш сум бил критичар на актуелниот систем на земјата. Тој не овозможува порамномерна распределба на моќта на заедниците, нивната фактичка рамноправност што не коренсподира со демографката слика. И во овој случај се потврдува дека албанските политички партии, од осамостување на земјата до денеска, се потврдува дека тие немаат реална вистинска политичка и институционална моќ. И во овој случај се потврдува дека албанците секогаш биле прислушувани, а не прислушувачи, па некогаш дури на шега велам дека дури и преведувачите на прислушуваните политичари албанци биле не-албанци. Албанските политички водачи биле аут од актуелната операција на масовно прислушување, но сигурно дека ќе носат дел од одговорноста особено ако се потврдат многубројни прекршување на човекови права и примена на ПИМ мерки без налог. Затоа во овој случај лидерите на ДУИ и ДПА чекат што ќе се случи и каква би била разврска во оваа пред се политичка криза предизвикана од македонскиот политички блок. Албанците сигурно знаат дека биле прислушувани, но сега е биотно за чии интереси и во каков контекст. Фактор: Дали аферата  со прислушувањето ќе влијае врз функционирањето на владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ ДУИ? Башким Бакиу:Апсолутно ќе има влијание во коалицијата, но од друга страна не може сите да се обвинат бидејќи во секоја политичка партија и на ова  власт има чесни политичари, кој што не се вмешани во незаконски дејанија.  ДУИ во моментот има политичка моќ што може да има големо влијание и во владината коалиција, но моите предвидувања се дека најпрвин прислушувањето ќе има внатрепартиска диференција, пред се кај ВМРО ДПМНЕ. Фактор:  Дали меѓународно посредништво е  единствен  механизам за излез од кризата со чија помош Македонија ќе може да ја надмине  сериозната политичка криза?Што и е потребно - преодна,  техничка или експертска Влада ? Башким Бакиу:Ова проблематика мора да се реши со меѓународно посредништво, бидејки во моментот довербата се повеќе се намалува кон оние институции што реално би требале да ја решат ситуацијата. Досегашните искуствота покажуваат дека меѓународните олеснувачи доаѓаат штом кризата кулминира и кога е очигледно дека институциите не се способни да ја решат ситуацијата, како што се случи во време на конфликтот 2001,  кога дојдоа мегународни олеснувачи Леотар, Пердју. Мислам дека  треба што што поскоро да се формира Експертска влада, со мандата од минимум една година, Во тој период ќе се стабилизираат сите институции, би се вратила целата недоверба во општеството, поделеноста на граѓанството и елеиминираат опасностите од соцјлани и етнички конфликти. Нормално тој владин состав треба да биде составен од искусни експерти во својата област.
Слично

Поврзани вести