Интервју Аце Коцевски: Ќе го гасифицирам Велес, и ќе го заштитам од секаков вид загадување!
Аце Коцевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје. Роден е во 1961 година во Велес. Се школувал и на Колеџот на Европската Унија во Бриж-Белгија. Коцевски беше градоначалник на Велес во два мандати, а изгуби во 2009 година од актуелниот градоначалник Горан Петров. На противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев му порачува да води чесна изборна кампања, да не ги злоупотребува ресурсите на општината и државата, да не се служи со закани и уцени врз вработените во јавниот сектор и да не купува гласови. Трката да биде рамноправна, а кој има повеќе доверба да победи.
Фактор: Кои се економските проекти со кои на велешани ќе им понудите локален економски развој ?
Коцевски: Мој врвен приоритет ќе биде подобрување на бизнис климата, за да дојдат до израз способностите на менаџерите, кои со отворање на нови производни капацитети ќе создадат многу нови работни места во реалниот сектор. Велес поминува низ многу лоша фаза од својот развој. Од еден од најразвиените индустриски градови, стана жртва на транзицијата, со рекорден број невработени, многу стечајни работници и работници прогласени за технолошки вишок. Голем број граѓани се чист пролетеријат, затоа што во Велес нема многу алтернативни можности за заработувачка. Затоа и сиромаштијата е многу голема, куповната моќ секојдневно се намалува, а тоа негативно се одразува во многу области.
Ќе започнеме со гасификација на Велес, ќе ги прошириме и со комунална инфраструктура ќе ги доизградиме постоечките индустриски зони Речани, Узус и Превалец и ќе изградиме нова индустриска зона Караслари. Ќе имаме бројни активности за да ги привлечеме домашните и странски инвеститори.
Фактор: Koj ќе биде клучниот инфраструктурен проект со кој ќе настапите на овие избори?
Коцевски: Ќе изградиме атмосферска канализација за да ги прифатиме големите води од поројните дождови, што заради конфигурацијата на теренот од повисоките зони на градот се слеваат на главната улица Благој Ѓорев и создаваат големи проблеми. Важен приоритет е патот до с.Иванковци и до с. Мамутчево, како и патот до с. Сливник и фекалната канализација во најголемото село Горно Оризари. Се разбира ќе изградиме многу нови водоводни и канализациони мрежи, улици, тротоари, паркови, мост преку Битолска пруга, пешачки надвозник од Младински Парк до Градскиот стадион и многу, многу други комунални објекти.
Фактор: Кој ќе биде адутот, односно конкретно какви мерки ќе превземете со кои ќе ја намалите невработеноста и сиромаштијата во градот како што најавивте?
Коцевски: Велес ќе го промовираме како атрактивна бизнис дестинација, заради централната, прекрасна местоположба на патните и железничките крстопати и заради близината на аеродромот. Планираме и основање на фонд за поддршка при започнување со бизнис, бесплатни обуки за преквалификација и доквалификација за на невработените да им го олесниме пристапот до работни места.
Ќе обезбедување поддршка на малите и средни претпријатија во Велес кои имаат потенцијал за извоз, помош во организација на саеми од заеднички интерес, бизнис средби и сл. кои на локалните МСП ќе им помогнат во наоѓањето на нови бизнис партнери и пазари. Дополнително, ќе организираме саем за достигнувања во делот на развојот на одделни бизнис дејности на кои ќе присуствуваат домашни и странски партнери како и наши сограѓани од дијаспората со инвестициски потенцијал. Ќе обезбедуваме знаење, искуства и добри практики поврзани со технолошките достигнувања во различни бизнис области, особено во високо технолошките области. Ќе основаме мешовит фонд со кој ќе се обезбедат средства за финансирање/кредитирање на потенцијалните претприемачи кои имаат намера да започнат сопствен бизнис.
Фактор: Најавувате гасификација на Велес, како ќе се спроведе овој енергетски проект?
Коцевски: Периодот до изградба на главниот гасоводен цевковод до Велес ќе го искористиме за изработка на студии и изведбена техничка документација за гасоводот. Ќе основаме ЈП Велес Гас и ќе започнеме со изградба на секундарната мрежа до јавните објекти (училишта, градинки и сл,) и до производните капацитети на кои гасот им е неопходно потребен. Со тоа, нашите производи ќе станат многу поконкурентни на домашните и странските пазари, заради поевтината цена на гасот во споредба со другите енергенси, Исто така ќе заштедиме многу пари за затоплување на училиштата, градинките и другите јавни објекти.
Фактор: Ќе дозволите ли да се изгради одново велешката топилница, доколку инвеститорите го побараат тоа?
Коцевски: Топилницата е завршена приказна. Добро е што конечно се постигна консензус околу тоа болно прашање помеѓу сите партии и граѓаните. Здравјето нема цена. Економскиот интерес не може да биде поважен од здравјето и животот на десетици илјади граѓани. Но со тоа еколошките проблеми не се решени.
Фактор: Кој е клучниот еколошки проект кој ќе им го понудите на граѓаните?
Коцевски: Пред се и над се елиминирањето на сите опасности од историското загадување од Топилницата. Остануваат опасностите од загадената со тешки метали почва и од огромната депонија на згура што содржи големи концентрации на тешки метали и го загадува воздухот, почвата и подземните води. Ќе бараме Владата како одговорна за историското загадување да преземе конкретни чекори. Ќе бараме поддршка и од меѓународната заедница. Во партнерство со НВО и Зелената Коалиција ќе бараме најдобри решенија за сите нас.
Се разбира ќе имаме и други конкретни проекти. Изградба на нови паркови и јавни зелени површини, проширување на јавниот градски превоз за да се намали загадувањето на воздухот и други слични проекти.
Фактор: Очекувате ли поддршка од централната власт, доколку ја добиете довербата на граѓаните и колку таа е важна за развој на општините?
Коцевски: Силно и неуморно ќе се залагам централната власт да има еднаков, рамноправен третман на општините без оглед на тоа кој е на власт. Владата треба да престане за едни да биде мајка, а за други маќеа. Инаку иако јас немав поддршка во претходните мандати, благодарение на поддршката од меѓународната заедница реализирав многу проекти. Верувам дека и сега, ако мора, маката ќе ме натера да барам алтернативни можности за да ја надоместам штетата од недостигот на поддршка од Владата. А, верувам дека и Владата наскоро ќе биде сменета со нова, па се ќе си дојде на свое место.
Фактор: Изјавивте дека не можете да седите дома и да гледате сеир. Што точно мислевте ?
Коцевски: Мислев на тоа дека денешново време-невреме никого од нас, што си ја сака својата татковина, не треба да не остави рамнодушни. Со седење дома и гледање сеир не може да очекуваме работите да се сменат на добро. Велат, волкот е јак во вратот, затоа што сам си го наоѓал пленот. Ако сакаме да ги смениме работите, ако сакаме да живееме во демократска и просперитетна држава мора да придонесеме со активно учество. Затоа, јас се одлучив да бидам активен. Сметам дека денес патриотизмот треба да се вреднува според тоа кој колку конкретни дела создал во инетерс на граѓаните, а не спрема тоа кој колку се чука во градите.
Фактор: Што ќе му порачате на Вашиот против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ?
Коцевски: Цело време се обидувам да наметнам високи стандарди во водењето на политичката борба, со почитување и уважување на политичкиот противник, без навреди и омаловажувања. Ги почитувам сите мои противкандидати. Ќе водам позитивна кампања. Зад мене стојат резултати, конкретни дела, кои верувам дека граѓаните на Велес соодветно ги вреднуваат и затоа ќе направат добра разлика пред да одлучат кому ќе ја дадат довербата. Фактот што ВМРО-ДПМНЕ во Велес оди со нов кандидат, а не со актуелниот градоначалник, потврдува дека тие признаваат дека беа неуспешни, дека не создадоа дела, дека немаа резултати. Тоа е силен адут што ми оди во прилог.
Фактор: Каква битка очекувате за Велес?
Коцевски: Битката нема да биде лесна, затоа што добро знам од претходните избори со каков противник си имам работа. Знам дека нема да има фајде, но сепак, еве, на мојот противкандидат му порачувам, да води чесна изборна кампања, да не ги злоупотребува ресурсите на општината и државата, да не се служи со закани и уцени врз вработените во јавниот сектор и да не купува гласови. Трката да биде рамноправна, кој има повеќе доверба нека победи и нека му биде со среќа новиот мандат. За да може по изборите да си честитаме и да продолжиме заедно да работиме за добро на Велес и велешани.

Слично