Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Зеколи: Странците не се спремни да го употребат „стапот“ против „про-руската“ влада на Груевски!

ИНТЕРВЈУ Зеколи: Странците не се спремни да го употребат „стапот“ против „про-руската“ влада на Груевски!
Одлуката на СДСМ  да  ги прекине  преговорите  е изнудена. Опозицијата  не  требаше воопшто да  влез во дијалог со  ВМРО ДПМНЕ,  вели  поранешниот македонски амбасадор Арсим Зреколи. „Не станува збор за минирање на договорот од 2 јули, туку за смислена стратегија на ВМРО и ДУИ која уште од март целеше да се преживеат нападите од опозицијата“  оценува  Зеколи.  Според него , меѓународната заедница  ја потценува кризата во Македонија  која  најверојатно по  фијаското  сега уште повеќе ќе се продлабочува.           „Втората половина на оваа година ќе биде опфатена со вистинската криза на многу полиња, но и со се помалку инструменти и можности за приближување на ставовите и наоѓање разрешница “ се проценките на поранешниот македонски дипломат во Виена . За  Зеколи,  Брисел е веќе небитен во македонската приказна, меѓутоа тој се сомнева  и во улогата на САД која е сериозно ставена пред предизвик.                  „Со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од најавената  посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста“.              Нашиот соговорник  не исклучува  ситуацијата да се радикализира до степен  на можни судири,  додавајќи дека сепак не очекува  тандемот Груевски-Ахмети да се „дрзнат“ да го уапсат лидерот на СДСМ Зоран Заев.                                                                                                                 „Чинот на апсење на лидерот на опозицијата ќе биде знак до јавноста дека веќе немаат никакви аргументи, никаков морален авторитет, никаква стратегија или мудрост да го победат на избори, туку се сведени и присилени да со отворено насилство го елиминираат од политичката сцена“ , вели во интервју со Фактор екс амбасадор  Арсим Зеколи. Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Како ја коментирате одлуката на СДСМ да ги прекине преговорите со ВМРО ДПМНЕ за изнаоѓање на решение за излезе од политичката криза. Лидерот на на најголемата опозициска партија Зоран Заев го обвини премиерот Никола Груевски дека во континуитет го минира договорот постигнат на 2 јуни, одбивајќи во преговорите да прифати гаранции за враќање на демократските институции. Владејачката партија оцени дека со ваквиот потег СДСМ се обидува да избегне изборно соочување? Зеколи: Ја сметам како изнудена одлука и неизбежен одговор на очигледната манипулација со добрата волја за прифаќање преговори по прашања за кои од почеток не смееше ниту да се помисли на преговарање. Притоа не станува збор за минирање на договорот од 2 јули, туку за смислена стратегија на ВМРО и ДУИ која уште од март целеше да се преживеат нападите од опозицијата. За потоа, на веќе и порано виден начин, се искористи летната апатија и преку бескрајни преговори се анулира предимството на опозицијата. Дел од таа стратегија е и координираниот пристап на владејачката коалиција за делумно преку закани со затвор (од страна на ВМРО) делумно со лажни ветувања, флертувања и инфлитрации на свои луѓе (од страна на ДУИ) се постигне вовлекување на СДСМ назад во системот и на тој двете партии ја споделат одговорноста за туѓи криминали од минатото и потфрлувања во иднината. Вократко, по прифаќањето да игра на туѓ терене, по измислени евро-бирократски и локал-интригантски правила, денешната одлука на Заев може да означи и негово враќање во улогата на контролор на состојбите како што ја имаше до 17 мај. Дали ќе умее, тоа зависи од него и луѓето кои го опкружуваат. Фактор: Дали очекувате радикализација на ситуацијата во земјата ако се земе во предвид ставот на претседателот на СДСМ дека нема да дозволат Груевски да ја тероризира Македонија и кои би можеле да бидат следни чекори на опозицијата? Зеколи: Првата половина на оваа година беше погрешно сметана како кризна. Напротив, останувам на ставот дека сето што се случуваше од Фебруари до Јуни беше шанса, можност која меѓународната заедница не ја препозна туку прилично лефтерно се определи да ја смета како политичка криза а не како прилика за иницирање подлабоки промени. Но затоа, втората половина на оваа година ќе биде опфатена со вистинската криза на многгу полиња, но и со се помалку инструменти и можности за приближување на ставовите и наоѓање разрешница. Граѓаните имаат се помалку причини за страв од полицијско-криминалната машинерија на Груевски-Ахмети, а притоа имаат се поконкретни и животни мотиви и причини да се спротистават на оваа гангренозна инфекција на општеството. Мислам дека Груевски и Ахмети се свесни дека планот за летна релативизација им пропадна предвреме и сега се спремаат за превентивно дефокусирање на јавноста во есенскиот период. Провокацијата со одложувањето на пресудите за случајот “Монструм” закажани за 11 Септември е доволно јасно предупредување какво сценарио спремаат – спречување на социалниот бунт со национал-шовинистички манипулации. Фактор: Иако преговорите од страна на СДСМ се оценети како несупешни , сепак не ја исклучуваат можноста од нивно реобновување доколку меѓународната заедница достави нов предлог. Значи ли ова дека Брисел недоволно изврши влијание врз двете страни за приближување на позициите па сега ќе мора Вашнгтон да ја превземе улогата посредник? Зеколи: Брисел е веќе небитен во нашата приказна. Мислам дека однесувањето на Комесарот Хан беше сепак од полза да конечно и јавноста разбере дека евро-бирократијата е заложник на своите кратковидости и промашени политики од кои веќе не може да се ослободи без длабоки, многу длабоки резови во своето целосно компромитирано претставништво во Скопје и надлежните за Македонија во Брисел. За разлика од порано кога секој нивен предлог се прифаќаше како беспоговорно свето слово, оотсега понатаму нивните замешателства ќе бидат неизбежно скрутинизирани до детали од домашната јавност. И во тоа нема да им помогнат ниту овдешните апологети од владината медиумска камарила, но и грант-опозицијските инсталации. Од друга страна, по пораките на Меркел за тоа кои земји од регионот имаат иднина во ЕУ и игнорирањето на Скопје, мислам дека и улогата на Вашингтон е сериозно ставена пред предизвик. Бидејќи со бришењето на евро-интегративната иднина на земјата, на Вашингтон им се одзема инструментот шаргарепа и им преостанува само инструментот стап, кој не сум сигурен дека се спремни да го употребат кон власта. Барем судејќи по тоа колку американски државјани имаат во оваа наводно “про-руска” влада. Затоа не ни очекувам некој позначаен исход и од претходната посета на Нуланд, сем колоритни изјави, филувани со ред-два критики колку за да се импресионира јавноста. Нуланд имаше шанса да допринесе кон подбро при минатогодишната посета, по која наместо подобрување станавме сведоци на целосна ерозија на системот и ескалација на тензиите, вклучително и Куманово. Фактор: Каде и кога го гледате излезот од кризата која очигледно не е само политичка  туку и институционална, економска па и  општествена? Зеколи: Природата на кризите го определува и исходот или излезот. Сите овие кризи кои се множат и слеваат во “совршена олуја” се потврда за длабочината и ширината на партизираноста на државата како што никогаш не било случај до сега. И тоа е доволно за да се идетификуваат причините и виновниците – ВМРО и ДУИ. Но видете, и тој период на предупредување за последиците и нудење на излезни решенија има свој почеток и крај. Сега сме веќе на крајот, во смисла на тоа дека со секој ден има се помалку простор и енергија за разумни разрешници на состојбите. Пак ќе повторам, моментот за логичен компромис како што предлага г. Хан постоеше до крајот на Април. Но очигледно дека прелесно стекната навика на Брисел и Вашингтон да го потценуваат општествениот гнев, ја презираат јавноста, постмеваат на опозициската конструктивност и на крај тој очигледен нивен восхит од ликовите како што се Груевски и Ахмети, не донесе во оваа ситуација на речиси целосен крах на доверба во институцијата на компромис. А тоа знаеме кон што води на крај. Судир. Фактор: Очекувате во деновите што следат да  биде  приведен  претседателот на СДСМ по неговиот став дека не го признава овој суд ? Зеколи: Ќе ја споредам таа, да ја наречеме реална закана кон Заев од страна на Груевски-Ахмети, со она препотентно, нарцисистичко и арогантно предизвикување на ДУИ кон Заев да објави се што има за Ахмети и неговото друштво. И откога Заев им ја исполни желбата, бевме сведоци како тоа насилничко јуначење на ДУИ заврши со медиумско плачење и криење низ партијски дувла. Затоа, пораката на Заев иако делува наивно и мачистичко на моменти, сепак е пресметан одговор базиран врз моралниот чин на пожртвуваност во борбата против монструмот, акт на Давид против Голијат ако сакате. Груевски и Ахмети добро знаат дека доколку го уапсат Заев, тие ќе си пресудат себе си. Бидејќи чинот на апсење на лидерот на опозицијата ќе биде знак до јавноста дека веќе немаат никакви аргументи, никаков морален авторитет, никаква стратегија или мудрост да го победат на избори, туку се сведени и присилени да со отворено насилство го елиминираат од политичката сцена. И така, сакале или не сакале селанецот од Муртино го издигнат во икона на непокор и македонски Лех Валенса.
Слично

Поврзани вести