ИНТЕРВЈУ Анѓушев: Поевтина струја за граѓаните ќе нема, од слободниот пазар ќе профитираат фирмите!
Во моментов ниедна компанија не може да понуди поевтина струја за гараѓаните, од онаа што сега ја имаат, а која е утврдена од страна на Регулаторната комисија за енергетика, вели во интервју за Фактор, Кочо Анѓушев од ЕДС. Од следната година цената на регулираниот пазар за граѓаните е 72 евра за мегават час, каде 38 евра се однесуваат на мрежарината. Останува 34 евра за цена на струјата што е пониска од цената на светските берзи. Според Анѓушев, тоа е како да ставите бензин за 34 евра, а да плаќате патарина 38 евра. Тој им порачува дека за нив сега е најдобро да не склучуваат договори и да не одат да купуваат струја на слободниот пазар, бидејќи тешко дека ќе добијат пониска цена од регулираната. За во однина очекува намалување на цената што компаниите ја плаќаат за маржарина за дистрибуција.
За фирмите пак, е сосема друга приказна.
Фактор: Кои компании се опфатени во оваа фаза трета на либерализација?
Анѓушев: Во третата фаза на либерализација се опфатени сите компании во Македонија. Нивниот број е голем бидејќи во нив влегуваат сите правни субјекти во Македонија.
Фактор: За колкава бројка на компании станува збор и колкава е нивната потрошувачка изразено во количини на потрошена струја, но и во апсолутни износи (пари)?
Анѓушев: Нивната бројка е голема, но во суштина компании вистински функционираат се околу 20.000 илјади. ЕДС во моментов го држи приматот на најголем снабдувач на струја на сите компании кои досега излегоа на слободниот пазар. Имаме 64% удел од вкупниот пазар на електрична енергија. Тоа значи дека кај нас е најголемата балансна група. Ако некому ова не му значи треба да се објасни дека овој податок е еден од најважните за секој што треба да одлучи од кого ќе купува струја. Тој што ја има најголемата балансна група единствено може без никакви проблеми да ги исполни ветената цена на струјата и беспрекорноста во испораката. Никој, ама баш никој не смее да ја користи дистрибутивната мрежа како објаснување за сигурност при набавката на струја. Тоа е работа на регулаторна комисија која има јасно поставени рамки од каде почнува и каде завршуваат обврските на операторот на дистрибутивната мрежа. Секоја компанија што ќе стане клиент на ЕДС во секое време ќе има поддршка од нашите служби и не треба да прави какви било прилагодувања, се е тоа дел од нашата работа што не се наплатува дополнително. Анализи за заштеда на струја и поволности за плаќање и во моментов имаат нашите клиенти. Тоа ние одамна го нудиме. Се надеваме дека нашите конкуренти ќе бидат малку покреативни во понудите, бидејќи досега сите понуди се незначителни во однос на она што го нуди ЕДС.
БЕСПЛАТНА АНАЛИЗА ЗА СЕКОЈА КОМПАНИЈА
Фактор: Колкав процент од вкупната потрошувачка отпаѓа на овие компании што сега се вклучени во третата фаза, и колкав број на фирми-снабдувачи ќе треба да го делат овој колач?
Анѓушев: Регистрирано има десетина компании. Но секој што носи одлука треба да има предвид неколку нешта. Дали ќе добие подобра цена од порано? Каде се големите потрошувачи кои ја прават најголемата балансна група? Дали снабдувачот директно набавува струја на берза? Какво е искуството на другите компании од досегашната соработка? На сите овие прашања одговор има само ЕДС. Останатите компании имаат искуство само во дел од овие области.
Фактор: Какви пакети ќе им понудите на компаниите што ќе одат на слободен пазар?
Анѓушев: Секоја компанија за нас е посебен клиент што бара посебно внимание. Секој заинтересиран правен субјект може да ги остави своите податоци на интеренет страницата www.eds.mk и нашите тимови ќе му изработат бесплатна анализа за тоа колку ќе заштеди со нас и на кој начин. Со сигурност нудиме најдобри услови и најдобри цени на пазарот, зашто како лидер на слободниот пазар на електрична енергија ние ги поставуваме условите на игра кои ги натераа сите да ги симнат цените на реално ниво. Да не беше ЕДС еден од играчите на пазарот немаше да се постигне вистински ниска цена на електричната енергија. Секоја конкуренција и пад на монопол во случајов на ЕВН ни дава за право да бараме подобар квалитет и услови од секој снабдувач. Ние сме сигурни дека ние ќе бидеме број еден избор на компаниите бидејќи имаме и пониски цени и подобри услови, а портфолио на клиенти што досега никој го нема. Сигурноста не е кај тој што тврди дека со вас бил со години, туку кај тој што ја има најголемата балансна група, а тоа е ЕДС.
Фактор: Ќе има ли намалување на цената на струјата што ќе ја плаќаат компаниите и на што ќе се должи тоа намалување на цената?
Анѓушев: Намалувањето на цената се должи на постигнувањето на реалните цени на струја во регионот. Досега цените на струја не беа соодветни со оние кои беа во Европа. Компаниите со ЕДС ќе имаат реална цена на струја.
НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ДО 40 %
Фактор: Колкаво ќе биде намалувањето?
Анѓушев: Во просек до 40%. Оваа бројка гледам дека стана омилена на дел од нашите следбеници за што ние во ЕДС сме горди. Со нашето појавување се покажа дека досега цените на струја во Македонија беа далеку над реалните.
Фактор: Дали ќе има дополнителни трошоци за фирмите кои ќе изберат снабдувач ?
Анѓушев: Никакви дополнителни трошоци и скриени клаузули во договорот.
Фактор: На колку време ќе се склучуваат договорите?
Анѓушев: Во зависност од договорот со клиентот. Договорот кај нас е јавен, достапен и на интернет страницата. Членовите во него се модификуваат во зависност од преговорите со клиентот.
Фактор: Што доколку некој сака да се префрли кај друг снабдувач и да го раскине договорот?
Анѓушев: Кај нас може, но кај другите оператори не сум сигурен. Има клаузули кои ја дозволуваат таа можност. Според нашите информации, договорите кај дел од другите оператори не ја дозволуваат оваа можност.
ГАРАНТИРАМЕ ЗА ЦЕНАТА ЗА ЦЕЛОТО ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Фактор: Дали за време додека е склучен договорот, струјата се продава по утврдена цена или таа ќе зависи од движењата на пазарот. Односно како ќе се одредува цената на струјата за времетраењето на договорот?Какви ќе бидат сметките за струја, односно како потрошувачот ќе знае колкава цена плаќа за струјата, а колку за дистрибуцијата?
Анѓушев: Тоа и го говорам кога ја споменувам балансната група. Само ние може да гарантираме дека цената во договорот ќе се почитува за времетраењето на истиот. Сите останати снабдувачи ја немаат таа бенефиција. Секој поединец и компанија од први јануари следната година ќе добиваат две сметки, една за мрежарина, друга за струја. Мрежарината ја одредува регулаторната комисија, а цената на струјата е онаа договорена меѓу ЕДС и клиентот.
Фактор: Дали ќе има разлика во квалитетот на снабдувањето и безбедноста во зависност од тоа од која компанија се набавува струјата?
Анѓушев: Безбедност, квалитет и секогаш на страна на клиентот може само да се добие од нас. Не би требало да има разлика, ако не се доведе некој во позиција да ја злоупотребува својата положба. Никој нема право да ја злоупотребува досегашната позиција на пазарот. Дистрибуцијата на струјата ја врши компанијата за дистрибуција што е строго регулирано од државата. Со тоа нема играње. Згора на тоа секој наш клиент има на располагање тим на адвокати кои за било какви проблеми во овој домен ќе имаат право да реагираат и соодветно да бараат оштета.
НЕ САКАМЕ ДА СЕ БОГАТИМЕ НА СМЕТКА НА ДРУГИ
Фактор: Зошто ЕДС засега не нуди струја за домаќинствата?
Анѓушев: Затоа што единствено ние излеговме им укажавме на домаќинствата дека во моментов не е време да излезат на слободниот пазар. Ние сме компанија која не сака да се богати на сметка на други. Сакаме да имаме отворен однос. Зошто досега ниедна компанија не излезе во јавност? Не е во ред да не се информираат граѓаните. Во моментов ниедна компанија не може да понуди цена пониска од онаа на регулираниот пазар. Онаа што ќе понуди пониска цена, нема да има никаква економска логика со оглед на цената на пазарот на струја. Од следната година цената на регулираниот пазар за граѓаните е 72 евра за мегават час, каде 38 евра се однесуваат на мрежарината. Останува 34 евра за цена на струјата што е пониска од цената на светските берзи. Замислете си, тоа е како да ставите бензин за 34 евра, а да плаќате патарина 38 евра. Ние сме единствена земја во Европа каде тоа е случај.
Фактор: Што очекувате после први јануари 2015 година во овој поглед? Кои се сценаријата?
Анѓушев: Сценарија има многу. Најреално е мрежарината да се намали, бидејќи нема логика во сегашната цена на струјата и мрежарината. Но, засега наша препорака е граѓаните да останат снабдувани во краен случај, односно да не одлучуваат од кого ќе набавуваат електрична енергија.
Фактор: Тоа значи дека засега е најпаметно граѓаните да не одбираат снабдувач?
Анѓушев: Да.
ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА ДОНЕСЕ ПОДОБРИ ЦЕНИ
Фактор: Што покажаа досегашните искуства од првите две фази на либерализација во земјава?
Анѓушев: Покажа дека падот на монопол носи конкуренција, а тоа носи подобри услови на пазарот. Пониски цени и подобри услови за преговарање. Цената на струјата значително падна, а во македонското стопанство останаа 14 милиони евра плус што оделе како трошок за електрична енергија. Сума што не е за потценување. ЕДС поради својата понуда успеа да добие голем процент од пазарот, односно за помалку од година дена да стане лидер во пазарот на продажба на електрична енергија. Компаниите знаеја да одберат која е најдобрата понуда и тоа го покажува пазарното учество.
Фактор: Што покажуваат искуствата од регионот во поглед на либерализацијата на струјата?
Анѓушев: Дека секаде има бенифити од либерализацијата. Некаде е потребно временски период за прилагодување но во принцип конкуренцијата носи квалитет. На пример во Бугарија имаат проблем со зголемување на енергетската ефикасност иако се одамна либерализирани. Во Босна и Херцеговина ги имаат донесено сите закони и регулативи. Во Хрватска, каде што пазарот е речиси целосно либерализиран, останува проблемот со едукацијата на луѓето како да оперираат на слободен пазар, со оглед на фактот што оваа индустрија секогаш претставувала монопол. На граѓаните не им е познат терминот ”купување на електрична енергија” – тие едноставно се навикнати да ја имаат. Новите компании на пазарот велат дека најголемиот број од повиците во нивните кол-центри се однесуваат на прашања околу тоа како функционира пазарот. Србија започна со процесот на либерализација во февруари 2013, меѓутоа се уште е многу далеку од целосна либерализација на пазарот.
Н.С.

Слично