Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ Андреј Жерновски: Ревизија на проектот „Скопје 2014“ и дислокација на одредени споменици!

ИНТЕРВЈУ Андреј Жерновски: Ревизија на проектот „Скопје 2014“ и дислокација на одредени споменици!
 Андреј Жерновски кандидат од Либерално демократката партија и Сојузот на иднината, за градоначалник на општина Центар. Роден е на 26.11. 1968 година во Скопје. Дипломирал на  Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје. Во периодот од 1996 до 2000 година бил советник во Советот на Град Скопје, а потоа и советник на градоначалникот на Град Скопје. Пратеник е во Собранието на Р.Македонина во три мандати. Од 2003 година до сега е член на Делегацијата на Р.Mакедонија во Советот на Европа. Бил прв претседател на заедничката Интерпарламентарна комисија на македонскиот парламент и ЕП за интеграција на Р. Македонија во ЕУ. Сега е претседател на ЛДП и пратеник во Републичкото Собрание.  Фактор: Изборната кампања влегува во втората половина, веќе се чувствува и заострената реторика меѓу партиите. Каква кампања водите Вие? Жерновски Во текот на кампањата се надевав дека ќе се соочиме со програми, но владејачката коалиција се одлучи за хајка против опозициските кандидати. Јас не водам и нема да водам негативна кампања. Ќе се обидам мојата програма да стигне до секој гласач. А токму тој, гласачот, ќе одлучи дали од средниот век повторно ќе се вратиме во 21 век. Мене оваа битка ми е многу важна, тука сум роден, израснат, општина Центар претставува центар на мојот свет. Но, мора да кажам  дека овие локални избори имаат и едно друго важно значење, а тоа е дека остварените резултатите ќе ги детерминираат предвремените парламентарни избори. Фактор: Како ги коментирате последните случувања со демолирањето на Вашите штабови? Жерновски Сметам дека тоа е резултат на пораките што јас деновиве ги упатив до урбаната мафија, и порачав после 24-ти март да си бараат друга општина. Но ако нивната намера е да ме заплашат мене, и сите околу мене, тогаш  многу згрешиле. Ние сме сосема поинакви, работиме чесно, конструктивно, а кога вакви работи ни се случуваат, тогаш сме уште поистрајни. Ова сценарио кое што го гледам, само  зборува многу повеќе за нивниот страв, затоа што знаат дека на 24 март ќе изгубат во Општина Центар. Јас сум длабоко убеден дека на 24-ти повторно ќе изгрее сонце во Центар.  Фактор: Фактот што се работи за една од најактрактивните скопски општини, е голем предизвик и за Вас и за владејачката коалиција, како гледате на вашиот против кандидат Владимир Тодоровиќ Жерновски Во секој случај, да се биде градоначалник на општината Центар е голем прредизвик. Ние ќе се фокусираме на нашата понуда. Сакам да Ве уверам во цврстата решеност, моја и на кандидатите на советничката листа, да го реализираме она што заеднички го осмисливме во нашата изборна програма за наредниот четиригодишен период. Ние цели 13 години ја водиме оваа битка за Центар. На 24-ти март можеме, мораме и ќе ја завршиме со победа. Тоа што сега му се случува на Центар е дехуманизирање. Актуелниот градоначалник општината ја имаше во свои раце и ја предаде на неговиот партиски шеф, а од срцето на градот направи грда опачина, и токму сَе тоа ќе влијае врз одлуката за гласање кај жителите на Центар. Фактор:  Каква  е Вашата визија за Центар, со каква програма и проекти планирате да ги освоите гласачите? Жерновски Нашата изборна Програма е резулатат на неколку месечна работа на нашиот тим за Центар, и на бројните разговори со грашаните. Таа не е некаков кабинетски производ, туку автентичен израз на нашите заеднички потреби како граѓани на Центар. Таа претставува наш напор да ги исправиме работите, да ја зауздаме оваа агресивна дехуманизација и комерцијализација на просторот околу нас, да ја вратиме одмереноста и пристојноста во нашиот заеднички животен простор. Сите ние што таму живееме, станавме заложници на идејата за империјален центар. Мораме да преземеме конкретни чекори за да го тргенеме имагинарниот сообраќаен знак: споменик на патот. Да размениме мислење, да направиме нешто за доброто на сите. Вистина е дека исечените липите не можеме да ги вратиме, но ќе направиме нови паркови и ќе ги вратиме мерните станици за загаденост на воздухот. Како стратешки проект би ја издвоил гасификацијата на општина Центар. На тој начин граѓаните ќе имаат помали сметки за греење, а од руга страна повисоки еколошки перформанси. Планирано е да одвива во две фази - во првата фаза ќе се приклучат поголемите потрошувачи, а во втората ќе се приклучат и колективните станбени згради, а двете фази е предвидено да завршат за период од 4 години. Затоа, уште на првата седница на Советот на општината ќе биде формирано општинско јавно претпријатије „Центаргас“ кое ќе биде задолжено за реализација и управување со овој процес. Како други клучни проекти би издвоил, водење на ефикасна паркинг политика во служба на граѓаните на Центар. Пред се', ќе извршиме преиспитување и ревизија на актуелната политика на цени на паркинг просторот со цел обезбедување на поголема функционалност и достапност за граѓаните на општината Центар, како и бројните посетители. Потоа изградба на ново основно училиште и градинка во Капиштец, подигање на квалитетот на комуналните услуги, драстично зголемување на урбаното зеленило во општината,  транспарентност во работата на општинската власт, формирање на општински сервис за стари лица, и друго Фактор: Oпштината Центар беше директно вклучена во проектот Скопје 2014,   проект кој добар дел од анкетите го оквалификуваа како контроверзен, а и не доби голема поддршка од граѓаните. Ќе го исполните ли ветувањето за копмлетна ревизија на овој проект?   Жерновски Повторно ќе потенцирам, дека  веднаш по моето стапување на должност, ќе обезбедам спроведување на стручна меѓународна финансиска ревизија на деловите на "Скопје 2014" што ги реализирала општина Центар. Иако првично се тврдеше дека ќе се потрошат 80 милиони евра, само досега чини половина милијарди евра, а според извештаите во странските медиуми, овој проект, на крајот, ќе ги чини граѓаните над милијарда евра. Моја основна обврска ќе биде да ги расчистам сите матни дејанија поврзани со овој проект, бидејќи граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Бидејќи моето семејство има долгогодишна традиција во градежништвото,  во мојот речник не постои терминот "рушење", но сепак по извршената консултација со стручната јавност како и со граѓаните, оставам простор за можна дислокација на одредени споменици. Општината Центар повеќе не смее да се идентификува со проектот  "Скопје 2014".
Слично

Поврзани вести