Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ АМБАРОВ: Клиентите на Силк Роуд Банка добија модерно електронско и мобилно банкарство со многу функционалности

ИНТЕРВЈУ АМБАРОВ: Клиентите на Силк Роуд Банка добија модерно електронско и мобилно банкарство со многу функционалности

Силк Роуд Банка ја пушти во употреба новата верзија на електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, со модерен, интуитивен и софистициран дизајн прилагоден за потребите на клиентите, вели во разговор за Фактор, Божидар Амбаров, раководител на експозитура Автокоманда во Силк Роуд Банка. Во последните месеци забележан бил тренд на се поголемо користење на новата мобилна и веб апликација.

Амбаров: Од почнувањето на ковид –кризата па наваму, физичките и правните лица се почесто ги користат придобивките на електронското банкарство, односно се менуваат платежните навики во поглед на користење на дигиталните канали за плаќање.  Во таа насока, кон крајот на август годинава, Силк Роуд Банка ја пушти во употреба новата верзија на електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, со модерен, интуитивен и софистициран дизајн прилагоден за потребите на клиентите. Истата нуди нови и подобрени функционалности за клиентите за брзо, едноставно и ефикасно  користење на банкарските производи  услуги  без потреба за посета на експозитурите  на Банката и чекање во редови на шалтер. Користејќи ги услугите на електронско и мобилно банкарство, нашите клиенти се сигурни дека имаат највисоко ниво на безбедност за заштита на своите сметки и лични податоци, заштеда на време и финансиски средства, како и пониски провизии во однос на налозите извршени  во експозитурите на Банката. 

Во последните месеци забележан е тренд на се поголемо користење на новата мобилна и веб апликација.  Во експозитура секојдневно се соочуваме со заинтересирани клиенти кои сакаат да ја активираат услугата на електронско/мобилно банкарство, секако истовремено постојано добиваме коментари од нашите клиенти корисници дека новата верзија на апликацијата е навистина полесназа  употреба, со нови и подобрени функционалности за преглед и извршување на плаќањата .

Вие издавате повеќе видови картички, а единствени и препознатливи на пазарот сте по Американ експрес картичките. Амех картичката со твој бонус е уникатна на пазарот поради понудениот поврат на средства со секоја трансакција. Кои се сите поволности кои ги има оваа картичка?

Амбаров: Навистина сме горди што Силк Роуд Банка е единствена банка на домашниот пазар која ги нуди реномираните Американ експрес картички. Имено, Банката нуди 3 типа на Американ експрес картички и тоа кредитна златна (Gold), кредитна зелена (Green) и дебитна (Point) картичка.

Уникатноста на пазарот со American Express  картичките  е  препознатливата  Твој бонус програма, со која клиентите добиваат и до 20 отсто загарантиран поврат на средства после секоја направена трансакција. Дополнително, би сакал да напоменам дека American Express Point дебитната картичка е единствена дебитна картичкана пазарот со загарантиран поврат на средства од 1 отсто. 

Исто така, American Express Gold  картичката овозможува бесплатно патничко осигурување во случај на  губење на багаж или доцнење на лет, како и услугата помош на пат.  Кредитните картички се единствените на пазарот кои даваат можност до 50 денови бескаматен грејс период и минимална уплата на месечно ниво од само 3 отсто од извршените трансакции.

Вие сте единствена Банка во државата која издава Виза бизнис припејд картичка – кои се поволностите на картичката?

Амбаров: Да, токму така,  Силк Роуд Банка е единствена Банка која ја лансираше првата VISA Business припејд  картичка на пазарот. Имено, станува  збор  за  бесконтактна платежна картичка  со можност за надополнување на истата според потребите на компанијата.  Воедно, Visa Business  картичката нуди дополнителна и единствена можност за загарантиран поврат на средства со направени трансакции на сите бензински станици (3 отсто поврат) и патарини (5 отсто поврат) низ државата. VISA Business припејд картичката за правни лица им нуди многу бенефити на компаниите, меѓу кои намалување на трошоци, заштеда на време и зголемување на ефикасноста во секојдевното функционирање.

Ни претставува задоволство да напоменам дека Банката доби и официјално признание од Visa за лансирањето на оваа картичка на пазарот. Дополнително, постојано расте и интересот на компаниите кои слушнале за картичката, па доаѓаат во експозитура и бараат да им издадеме картички за нивните вработени. Од друга страна, корисниците на картичките се задоволни со условите истакнувајќи дека картичката ги исполнува нивните потреби. 


Како општествено одговорна компанија се вклучивте во неколку акции за донација. За што станува збор?

Амбаров: Силк Роуд Банка АД Скопје како општествено одговорна компанија, секогаш се труди да им излезе во пресрет на оние на коишто помошта им е најпотребна, со цел подобрување на нивните услови за живот.

Во таа насока, Силк Роуд Банка АД Скопје е иницијатор на еден општествено одговорен проект  “Наша донација со секоја трансакција”, односно со секоја направена трансакција со Аmerican Express картичка, Банката донира пет денари за Клиниката за детски болести во Скопје. Од потпишувањето на меморандумот за соработка во 2018 година, досега се предадени четири донации, каде Банката има донирано комплет постелнини, инхалатори за секое одделение, како и аспиратори за потребите на Клиниката. До крајот на годината очекуваме да следи и предавање на петтата  донација.  Апелираме до сите корисници на картичките да ги употребуваат што е можно повеќе, се со цел собирање повеќе средства за донација на оние на кои им е најпотребна односно дечињата на детската клиника. Исто така, очекуваме интерес и барања за издавање на нови картички кои секако како што напоменав, нудат одлични услови на пазарот.

А.Т.


Слично

Поврзани вести