Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ АЛПЕР ЕРСОЈ, ТАВ: Новите дестинации ќе го востоличат скопскиот аеродром во балкански центар!

ИНТЕРВЈУ АЛПЕР ЕРСОЈ, ТАВ: Новите дестинации ќе го востоличат скопскиот аеродром во балкански центар!
Во 2016 година, како што веќе најавивме, благодарение на обновената соработка меѓу ЧеХ ерлајнс што е направено од страна на ТАВ холдингот, Скопје ќе биде повторно поврзан со Прага. Од 20.мај Чех ерлајнс ќе почне да лета на релација Скопје-Прага три пати неделно, а картите за оваа линија се веќе во продажба, вели во интервју за Фактор Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија. Тој најавува дека од март годинава, нискобуџетната авиокомпанија Визер, ќе ги отвори трите нови линии од скопскиот аеродром, за Берлин, Копенхаген и Братислава, а 2016 година, исто така се очекува значаен развој на охридскиот аеродром. Ерсој во интервјуто зборува за субвенциите за евтини летови, за тоа како и колку ТАВ се задоволни од профитабилноста на македонскиот пазар, за идните планови на компанијата со изградбата на карго-аеродромот во Штип.  Фактор: Годинава што изминува може слободно да се обележи како рекордна по бројот на патници на скопскиот аеродром, близу 1, 5 милиони патници. Дали за овој раст е клучна понудата на нови дестинации или пак маркетинг политиките на ТАВ холдингот? Ерсој: Новите дестинации кои ги понудивме во 2015 – шест од скопскиот аеродром (Женева, Осло, Фридрихсхафен, Барселона, Хамбург и Нинберг), како и двете нови линии од охридскиот аеродром (до Базел и до Лондон) се резултат на победничката стратегија која е комбинација од маркетинг-активностите на ТАВ холдингот и посветеноста на Владата на развој на авиосообраќајот во Македонија. Навистина 2015 година беше успешна за нас во поглед на бројките за сообраќај за скопскиот и охридскиот аеродром. Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници на скопскиот аеродром порасна за повеќе од 20% на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира. Според некои регионални анализи, скопскиот аеродром е аеродромот со најбрз раст во регионот, меѓу десетте најфрекфентни аеродроми во поранешните Ју-простори. Фактор:Годинава отворивте 6 нови линии, кон Женева и кон Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нирнберг. Се покажува ли рецептот на субвенционирање на летовите како успешен? [caption id="attachment_195757" align="alignright" width="452"]Alper_Ersoj (1) Ако ја споредиме вкупната бројка на патници на двата македонски аеродроми, во 2010 кога ТАВ го презеде управувањето, може да се заклучи дека порастот е повеќе од 100%, имено, вкупниот број на патници за шест години е двојно зголемен.[/caption] Ерсој:Субвенционирањето на Владата е дефинитивно успешен модел за мали пазари со неискористен потенцијал како што е македонскиот авијациски пазар, но не е единствениот услов кој треба да се задоволи со цел порастот да биде одржлив. Се разбира ние имаме многу добра соработка со Владата и навистина сме им благодарни за сериозната посветеност кон развој на авиосообраќајот. Поради тоа, ние како ТАВ Аеродроми, во последните шест години ги комбинираме нашето знаење,вештини и вмреженоста, со локалните знаења, вештини и вмреженост, со цел да го носиме и зајакнеме овој тренд на зголемен сообраќај. Посетуваме важни меѓународни саеми и настани за туризам и авијација, како што се светските и европските т.н. route - конференции, ITB Berlin, EMITT, слот-конференциите на IATA итн., со цел да привлечеме повеќе авиокомпании и тур-оператори да влезат на македонскиот пазар. Фактор: Кои нови дестинации може да се очекуваат следните години? Ерсој:Постојано работиме на привлекување нови авиокомпании, отворање на нови дестинации и зголемување на бројот на фрекфенции на постоечките линии. Во 2016 година, како што веќе најавивме, благодарение на обновената соработка меѓу ЧеХ ерлајнс што е направено од страна на ТАВ холдингот, Скопје ќе биде повторно поврзан со Прага. Од 20.мај Чех ерлајнс ќе почне да лета на релација Скопје-Прага три пати неделно, а картите за оваа линија се веќе во продажба. Од март годинава, нискобуџетната авиокомпанија Визер, ќе ги отвори трите нови линии од скопскиот аеродром, за Берлин, Копенхаген и Братислава. Во 2016 година, исто така очекуваме значаен развој на охридскиот аеродром. Со задоволство можеме да најавиме дека еден од најголемите тур-оператори Томас кук, ќе почне да организира чартер-летови до Охрид ова лето. Новина за охридскиот аеродром Св. Апостол Павлесе и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија, ќе придонесат за поголем прилив на туристи во Охрид. Фактор: Има многу нови патници кои доаѓаат од соседството, мислите ли дека овој тренд ќе продолжи? Ерсој:Нашата цел не е да им обезбедуваме услуги само на патниците кои патуваат од и до Македонија, туку истовремено ги таргетираме и потенцијалните патници од соседните земји кои влегуваат во т.н. гравитациска зона. Геополитичката позиција на Македонија е важна предност за привлекување на патници од овие земји, особено поради лесниот пристап на патиштата. Оттука, секоја нова дестинација и нова авиокомпанија, како и секое зголемување на бројот на фрекфенции на постоечките линии, има позитивен ефект на бројот на патници кои доаѓаат од т.н. гравитациска зона. Фактор: Сметате ли дека со давањето субвенции на некои компании се нарушува конкуренцијата во авиосообраќајот или тие сепак се нужни, за да може што поширок круг на македонски граѓани да отидат и да посетат други земји? Ерсој: Давањето субвенции за развој на авијацијата е општ маркетиншки модел кој веќе е имплементиран во светски рамки, особено на растечки пазари со цел да се развие нивниот авиосообраќај. Според општото искуство, не ја нарушува конкуренцијата. Напротив, имплементирањето на таквиот вид на поддршка создава конкуренција и му помага на авио-сообраќајот. Конкуренцијата, не само во авијацијата, туку и во секоја индустрија носи подобри производи/услуги, подобра цена, како и различни опции за избор. Фактор: Најголем број патници, разбирливо, пренела „Визер“, речиси 50 отсто. На што се должи ова, зошто е толку доминантна позицијата на оваа компанија? Ерсој: Нискобуџетните авиопревозници (LLC или Low Cost Carrier) имаат поинаков бизнис-модел и пристап кон услугите за патниците, за разлика од традиционалните авиокомпании т.н. носачи на знаме или националните авиокомпании. Бидејќи услугите што ги даваат нискобуџетните авиокомпании и традиционалните авиокомпании се драматично различни, предноста на нискобуџетните е што нудат поевтини авиобилети. Овој модел, досега, функционира многу добро во Македонија, бидејќи порано немаше таква можност. Нискобуџетните авиокомпании влегоа на македонскиот пазар пред 4 години, но го зголемија својот пазарен удел за кратко време со воведување на многу директни линии во Европа. Од друга страна, нискобуџетните авиокомпании создаваат патници кои порано имале навика да го користат автобускиот превоз и туристи кои сакаат да одат на кратки патувања за време на празници во различни земји. [caption id="attachment_195758" align="alignright" width="453"]Alper_Ersoj (3) Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници на скопскиот аеродром порасна за повеќе од 20% на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира.[/caption] Фактор: Задоволни ли сте од развојот на охридскиот аеродром? Ерсој: Задоволни сме од досегашниот развој на охридскиот аеородром и секако целта ни е да го одржиме во годините што доаѓаат. Охрид како град има голем потенцијал да стане поатрактивна локација за одморање за туристите поради својата убавина, пејсаж и историја. Како оператор на охридскиот аеродром, ние го рекламираме и претставуваме овој убав град на сите меѓународни конференции и саеми. Како резултат на ваквата презентација и направени студии, го убедивме Томас кук, кој е еден од најголемите тур-оператори во Европа да го додаде Охрид во неговата мрежа. Фактор: Што очекувате во 2016 година во однос на бројот на патници? Ерсој: Никогаш не сакаме да одиме со конкретни проекции за бројот на патници, се додека не го оствариме тоа. Во секој случај, очекуваме бројот на патници како и вкупниот сообраќај да продолжат да растат и во 2016 година, како резултат на новите дестинации кои ќе бидат воведени. Фактор: Може ли 2015 та година да ја оцениме како профитабилна за ТАВ Македонија - дали по 5 години во Македонија нивото на приходи на двата аеродроми, и профитабилноста се на очекувано ниво? Ерсој: Ако ја споредиме вкупната бројка на патници на двата македонски аеродроми, во 2010 кога ТАВ го презеде управувањето, може да се заклучи дека порастот е повеќе од 100%, имено, вкупниот број на патници за шест години е двојно зголемен. Конкретно, во 2010 година на двата аеродроми имавме 729.297 патници, а сега очекуваме да ја завршиме 2015 година со повеќе од 1,5 милион патници на двата аеродроми. Оттука, се разбира дека работиме успешно, бидејќи како аеродромски оператор ние заработуваме врз основа на авијациските услуги што им ги нудиме на авиокомпаниите, како и врз основа на т.н. неавијациски услуги кои се нудат во терминалните згради. Кога сообраќајот расте, растат и заработката и профитот. Фактор: До каде се испитувањата во однос на изградбата на Карго аеродромот во Штип? Ерсој:Проектот за изградба на карго-аеродромот во Штип е сè уште предмет на истражување од технички аспект. Моментално се мерат метеоролошките податоци, како на пример насоката на ветерот, брзината на ветерот, магливите денови или висината на облаците. Овој процес ќе продолжи се до 2020 година, со цел да имаме 10-годишни податоци кои се од голема важност за поставување на пистата во правилна насока. Потоа, дизајнот и проектот ќе се изведуваат според метеоролошките податоци. Ова е од суштинско значење за одредување на насоката на полетно-слетната-патека. Доколку има силен страничен ветар, тоа ги загрозува слетувањата и полетувањата. Ние дефинитивно  дејствуваме во согласност со Договорот за концесија и одлуката на Владата.
Слично

Поврзани вести