Интервју Александар Петрески: Нема да ги оставам Охрид и охриѓани на Бакрачески и Субрата Рој!
Александар Петрески во трка за трет мандат за Охрид, ја очекува поддршката од своите сограѓани. Вели дека зад него се резултати, а на својот против кандидат Никола Бакрачески му порачува дека ќе си остане доктор и по изборите. Граѓаните ќе одлучуваат меѓу вистински проекти и меѓу лажните ветувања на оние што во Охрид ни носат белосветски измамницци веле Петрески во интервјуто за Фактор.
Фактор:Со кој адут од сработеното во претходните мандати, ќе барате по трет пат доверба од охриѓаниПетрески:Во изминативе години во Охрид е напраавено многу и неслучајно граѓаните и туристите велат дека се повеќе наликува на познатитее туристички центри, не само во нашето соседство , туку и пошироко во светот. Изградени се бројни капитални објекти, особено во инфраструктурата, образованието и другите сектори, со што видно се подобрени условите за живеење.
Мојот адут, по трет пат да ја добијам довербата на граѓаните е сработеното и исполнувањето на ветувањата. Наследив милионски долгови од времето на моите претходници, морав да ги вратам и да наоѓам начини паралелно да се реализираат многуте проекти, за кои во изминативе осум години се вложени над 40 милиони евра.
Моите сограѓани знаат дека работев под страшен притисок на централната власт предводена од ВМРО- ДПМНЕ , која ги жртвуваше интересите на граѓаните на Охрид за ситно партиски интереси. Со мојата упорност и способност, домаќински да го водам Охрид, им покажав дека можам да одолеам на притисоците. Охриѓани знаат да го ценат тоа , два пати ми ја дадоа нивната доверба и сигурен сум дека тоа ќе го направат и на овие локални избори со што по трет пат, јас како кандидат за градоначалник од Сојузот за иднината предводен од СДСМ , уште во првиот круг ќе го поразам кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ.
Фактор:Што денес му недостасува на Охрид? Петрески:Охрид и Охридското Езеро се под заштита на УНЕСКО , како светско културно и природно богатство. Тоа е голема обврска. Од една страна треба да се чува тоа богатство , а паралелно градот да се развива како туристички центар и секојдневно да се подобруваат условите за живеење на граѓаните Во Охрид постојано треба да се инвестира во капитални и инфраструктурни проекти и да се привлекуваат домашни и странски инвеститори , особено во развојот на туризмот. Секако, паралелно треба да се зајакне промовирањето на Охрид во светот , зошто последниве години се побројни се странските туристи . Фактор:Кој е клучниот проект на кој ќе се посветите доколку бидете избран за градоначалник ? Петрески: Јас како кандидат за градоначалник , во мојата програма имам предвидени многу проекти и ќе ги реализирам.Постепено ќе го гасифицираме Охрид, ќе изградиме нова автобуска станица , покриен пазар , катни гаражи и нови кружни токови , дом за стари лици и други проекти. Тоа им го должам на охриѓани .Целата документација е веќе готова , но не се реализираа поради опструкциите на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ. Проектите се во фиоките на министрите на ВМРО- ДПМНЕ , а со години намерно се кочи донесувањето на триесетина детални урбанистички планови, на што реагираат граѓаните и очекувам дека поради тоа на изборите ќе го казнат нивниот кандидат .Фактор:Очекувате ли дека е можно да се привлечат странски инвеститори?
Петрески:Можно е да се привлечат странски инвеститори, особено во Охрид , но тоа мора да се прави на транспарентен начин . Инвеститорите , било да се домашни или од странство, треба да се сигурни за нивната инвестиција и процесите на договарање со нив , треба да ги водат локалните власти, а не како што е сега, да има пазарење во четири очи со претставници на централната власт на ВМРО- ДПМНЕ и од сето тоа да се прави невиден политички маркетинг.
Имам многу средби со домашни и странски инвеститори , но не можам ништо да се договорам . Тој ексклузивитет сеуште го има премиерот Груески , неговите соработници и фамилијата.Прашувам , така ли ќе правиме локален економски развој. Фактор:За многумина проектот на Субрата Рој е контроверзен. Што Вие мислите за овој проект?Петрески:Проектот на Субрата Рој предизвика многу реакции и е окружен со многу непознатици и сомнителни договарања во четири очи. Не сум против вакви инвестиции, но ќе повторам дека се треба да биде транспарентно за да не ни се случи, наместо вистински инвеститори, да се носат белосветски измамници.
Не бев вклучен во преговорите како прв човек на Охрид, но жестоко реагирав на брзото носење закони со кои на сопствениците , земјиштето ќе им се национализира и наместо по реалната цена , ке им се плати по едно евро за метар квадратен.
Фактор:Во делот на еколошките стандарди, какви се гаранциите дека овој проект на инидецот нема да ја наруши рамнотежата на живиот свет во езерото и околината? Петрески:Со ниеден аргумент досега не не убедија дека оваа инвестиција ќе се реализира и дека ќе изгледа онака како што е претставена на идејните скици објавени во медиумите. Наивно е да се поверува дека градбите во водата нема да ја загрозат еколошката рамнотежа на Охридското Езеро, старо околу четири милиони години.Се прашувам, како им дава душата, за магливи и нечисти интереси, да си дозволат да го уништат Охридското Езеро, редок природен споменик на природата, едно од трите најстари езера во светот и најголем басен за питка вода во Европа.
Фактор: Се покажа дека изминатиот период, централната власт и локалната власт во Охрид немаа добра соработка? Колку според Вас таа е значајна за развојот на една општина?
Петрески:Иднината на локалниот економски развој е во децентрализацијата , која е еден од приоритетните обврски за влез на Република Македонија во Европската унија. Ова очигледно не сакаат да го сфатат Никола Груески и ВМРО- ДПМНЕ. Странците , со кои имав многу средби , беа вчудоневидени кога на нивното прашање , колку често контактирам со премиерот им одговарав дека воопшто не контактираме.
Премиерот Никола Груески и прв човек на ВМРО- ДПМНЕ, со ваквите постапки, не ми наштетува само мене, туку прави огромни штети врз угледот на Охрид и Република Македонија.Фактор: Очекувате ли поддршка од централната власт, доколку станете по трет пат градоначалник на Охрид, со оглед дека со години работевте со блокирана сметка, а и ја обвинувате Владата дека ви ги кочи проектите?
Петрески:За доброто на Охрид и Република Македонија, оваа централна власт мора да падне на вонредни парламентарни избори. Се работи за иднината на државата, за нов концепт за намалување на сиромаштијата, економски развој и забрзување на процесот на евроинтеграциите.Јас, Александар Петрески, како кандидат на здружената опозиција Сојуз за иднината предводена од СДСМ, ќе победам во првиот круг, но на граѓаните им порачувам, доколку сакаат развој на Охрид , мора да се порази централната власт на ВМРО- ДПМНЕ.
Фактор:Имате ли план за зголемување на вработеноста во општината со оглед дека Охрид, практично живее од сезона до сезона?
Петрески:Зголемувањето на вработеноста зависи од локалниот економски развој. Јас имам план , но развојот сеуште е под контрола на централната власт. Ветувам дека со промената на централната власт и забрзување на процесот на децентрализација , Охрид ќе го врати епитетот што го имаше – град со најмногу вработени по број на жители.
Фактор:Каква битка ќе се води за овој град, во смисла на кампањата, почна жестоко, но еве за 8 март делевте цвеќиња дури и во штабот на ВМРО ДПМНЕ, значи ли ова дека заборавате на претходните остри пораки што ги добивте, а на кои жестоко реагиравте?
Петрески:Со мојата посета на општинскиот изборен штаб на ВМРО- ДПМНЕ сакав да покажам дека сум за фер и демократска политичка борба. За жал таа посета, од нивна страна, беше злоупотребена. Реагирав жестоко, но мојот против кандидат ги крши правилата за фер и демократски избори.
Фактор:Што ќе му порачате на Вашиот противкандидат од редовите на ВМРО? Петрески:Мојот против кандидат од ВМРО- ДПМНЕ Никола Бакрачески е одличен доктор и чудно ми е што се нафати да се бори за градоначалничка функција. Му порачувам да го почитуваме фер- плејот во предизборната кампања. Да ги оставиме граѓаните, во мирна и демократска атмосфера, да одлучат дали по трет пат мандатот ќе ми го доверат мене или ќе поверуваат во лажните ветувања на ВМРО- ДПМНЕ.