Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР НОВАКОСКИ: Големите партии ја задушија конкурентноста во политиката!

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР НОВАКОСКИ: Големите партии ја задушија конкурентноста во политиката!
Шефот на македонската држава  да го предлага претседателот на ДИК, но прифатен од четирите најголеми партии  со мандат од неколку години  а другите членови да бидат предлог на Комисијата за избори и именување.  Вкупниот  број да биде 5 члена со претседател,  сугерира  Александар Новакоски. Поранешниот  прв човек на Изборната комисија  во интревју за Фактор потенцира дека  партиите треба да се договорат дали сакаат да имаат директно влијание во изборите или сакаат ДИК да стане вистински независно. Неговиот впечаток е дека кај нив  нема волја  за деполитизирање на оваа тело. Според Новакоски , независно  од политичките преговори, институциите задолжени за спроведување на  изборите мора да работат  со полн капацитет за да може да се подготви теренот за фер и демократски избори.  Со оглед на  тоа што е реалативно краток периодот до 24 април, Новакоски  смета дека треба да остане  истиот изборен модел .                                                                     „Големите партии ја задушија конкурентноста и помегу партиите и независните кандидати но и внатре во самите партии. Но, и малите партии со своите предизборни пазарења, без некоја посебна идеологија сами се ставија на тацна на големите да бидат дел од овој лонец. Мора да се реши овој проблем, но ќе напоменам за наредените избори, со што би се размислило за забрана на предизборни коалиции и промена на моделот во пропорционален со една изборна единица и отворени листи, но да се стави и праг за влез во парламент“ ,  вели екс претседателот на ДИК .  За прочистување  на Избирачкиот список,  Новакоски решението  го гледа преку  воведување  активна регистрација , која паралелно ќе оди со проверка и сериозна кампња, додавајќи дека било кој друг начин на прочистување после летните одмори повторно би оставило простор за недоразбирања. Разговараше Горазд Чомовски . Фактор: Дали  досегашниот изборен модел, е еден од клучните фактори што  влијаат  на  создавањето и на повторувањето на  политичките кризи ? Новакоски: Не,  мислам дека изборниот модел  не е клучен фактор за создавање услови за политичка криза, ниту може да биде. Секако ние имаме искуство и со мнозински и пропорционален модел, па искуствата се различни. Но, малите партии кои станаа исклучително зависни од предизборните коалиции со поголемите партии, што би рекол бараат простор за измена на изборниот модел , но и за тоа треба голема дебата и подолг рок за размислување. За овие избори мислам дека е веќе доцна . Мислам  дека отворените листи со една изборна единица можеби би ги демократизирале партиите , но сепак треба подолго размислување и експертиза , што се губи ,а што добива.  ПАРТИИТЕ ДА СЕ ПОСВЕТАТ НА  ОБВРСКИТЕ КОИ ГИ ПРЕВЗЕМАА, ВО СПРОТИВНО ТЕШКО  ЌЕ СЕ  РЕАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ ОД  „ПРЖИНО“  Фактор: Која  би била  вистинската формула која  би обезбедила услови за  фер  битка на изборите ? Новакоски: Вистинската формула би била , прво и основно враќање на довербата во институциите , односно отклонување на дилемата дека тие во секои избори нешто незаконски правата. Потоа,   ДИК да профункционира како професионално тело, со што помала завиност од тие кои ги предлагаат ,а исто така да се потврди точноста на избирачкиот список. Потоа треба да се спроведе договореното од 2 јуни во целост, а тоа се добри предуслови да се врати довербата колку толку во изборниот процес. Но, без совест и посветеност на партиите тоа тешко се прави. Затоа под итно треба институциите за спроведување на изборите , независно од полиичките преговори , да профункционираат во полн капацитет. ИЗБОРНИОТ  МОДЕЛ ДА НЕ СЕ МЕНУВА – ГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ ЈА ЗАДУШИЈА  КОНКУРЕНТНОСТА Фактор: Двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се договараат за условите во натпреварот меѓу нив, но плуралистичката демократија подразбира повеќепартиски систем, а не двопартиски. Дали е проблемот само во можностите за злоупотреба на изборниот модел или, можеби, во самиот модел? Новакоски: Секогаш треба да ни е јасно дека големите политички партии, условно кај нас знаеме кои се, ќе се борат да остане истиот модел. Тие се преговарачи така да тие и ке одлучат. Но , со оглед да времето е кратко овој модел треба и да остане за овие избори. А потоа да се даде ингеренции на ДИК и експертската јавност да предлагаат низ една отворена дебата начини за измена на изборниот модел, пример со отворени листи,па да се размисли и за предизборните коалиции и за една изборна единица. Фактор: Дали двопартизмот  ја задушува конкурентност со тоа што не им се дава  поголем  простор на  помалите партии  кои  бараат   една изборна  едница со отворени листи? Новакоски: Големите партии ја задушија конкурентноста и помегу партиите и независните кандидати но и внатре во самите партии. Но, и малите партии со своите предизборни пазарења, без некоја посебна идеологија сами се ставија на тацна на големите да бидат дел од овој лонец. Мора да се реши овој проблем, но ќе напоменам за наредните избори, со што би се размислило за забрана на предизборни коалиции и промена на моделот во пропорционален со една изборна единица и отворени листи, но да се стави и праг за влез во парламент. Сето ова се сериозни теми и бараат уклучување на експертската јавност која ќе даде професионални и издржани анализи. ДИК ЦЕЛОСНО ДА СЕ ДЕПОЛИТИЗИРА Фактор: Државната изборна комисија, која се најде во забелешките од извештајот на Рајнхард Прибе, со препорака ДИК да биде составена од непартиски членови. Опциите што се  разгледувааат , предвидуваат од реконструкција на ДИК до комплетно распуштање и формирање на ова главно изборно тело од почеток. Што според Вас  би било најдобро решение? Новакоски: Постои еден пат. Треба партиите да се обврзат и да се договорат дали сакаат да имаат директно влијание во изборите или сакаат ДИК да стане вистински независно. Јас не гледам волја тие да остават ДИК да биде оставен сам на себе и деполитизиран. Ние имаме сериозни критики за работата на ДИК како никогаш досега , и од домашна и странска експертска јавност. Затоа треба целосна реконструкција со тоа што може да се предвиди партиите да делегираат преставници кои би ги следеле седниците на ДИК и да учествуваат во дел од работата на седници, без право на глас. ДИК мора да биде изберен со мандат пример од 9 години, Претседателот да е по предлог на Претседателот на државата но прифатен од 4-четирите партии или да е предлог на четирите партии со консензус , а другите членови да бидат предлог на Комисијата за избори и именување. Вкупен број да биде 5 члена со претседател . Фактор: Во однос на прочистувањето на избирачкиот список  една од опциите е активно регистрирање на гласачите на кои би им се дало одреден  временски период да се пријават  за запишуавње во списокот. Вториот предлог е  прочистувањето  да се направи преку теренска  проверка, која би се вршела на оние места  за кои постои сериозни сомнежи дека имаат нерегуларно запишани гласачи .  Кој модел би  имало  подобар ефект за да се отстранат сомнежите  од  изборни нерегуларности и појава од фиктивни гласачи? Новакоски: Јас сум овие избори да се воведе активна регистрација, која паралелно ќе оди со проверка и сериозна кампња. Затоа ДИК треба што поскоро да профункционира со полн капацитет. Било кој друг начин на прочистување после летните одмори повторно ке остави простор за недоразбирања. Фактор: Како го оценувате барањето  на СДСМ во  измените на Изборниот законик   да биде предвидено и  кривична  одговорност за прекршителите, како и поголема гаранција дека ќе се почитуваат изборните правила ? Новакоски: И сега е предвидена одговорност, како кривична така прекршочна и за администрацијата и дисциплинска. Проблемот е што на последните  избори  ДИК не покрена ништо од овие предвидени постапки ниту пак обвинителството процесуира. А најголема критика и според мене најсериозна е несоодветното реагирање на органите на повредите на изборни процеси .
Слично

Поврзани вести