Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ: Нов датум за изборите води кон ревизија на договорот од Пржино!    

ИНТЕРВЈУ АЛЕКСАНДАР КРЖАЛОВСКИ: Нов датум за изборите води кон ревизија на договорот од Пржино!    
За очекување беше  ставот на Вашингтон и Брисел дека нема услови  предвремените избори да се одржат на 24 април,  вели  Александар Кржаловски.  „Има аргументи дека треба да се одложат изборите, но исто така, не треба тоа да е предолго и треба да има концентриран напор за да се разрешат преостанатите спорни прашања и постапките да се комплетираат. Во таа смисла, споменуваниот алтернативен датум 5 јуни се чини најсоодветен, а ако се оди на термин подоцна од тоа, да – ќе треба да се смета на ревизија и на други одредби (пр. враќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на премиерската функција)“,  посочува извршниот директор на  Македонскиот центар за меѓународна соработка . Според Кржаловски, ако   сепак  биде донесена одлука за распуштање на Собранието тоа би било котра-продуктивно за ВМРО-ДПМНЕ зошто тоа нема да доведе  до разрешница на кризата. Но исто така,  Кржаловски оценува дека  предолгото одложување на изборите би значело и продолжување на  политичката агонија. Разговараше Горазд Чомовски Фактор: Како го  коментирате ставот  на САД и ЕУ  кои оценија  дека нема услови за одржување на  изборите на 24 април  и притоа ги повикаа лидеррите на партиите сами да одредат  нов датум за избори  кој би бил прифатлив за сите инволвирани страни? Кржаловски:  Ставот на САД и ЕУ дека во моментов не се исполнети условите за одржување на кредибилни избори, беше очекуван, особено по неуспехот на четирите партии да постигнат договор за т.н. медиумски пакет. Очекувано, бидејќи некои граѓански организации кои го следат спроведувањето на Договорот од Пржино (ЕПИ, ИОХНС), веќе излегоа со проценки дека дел од условите не се исполнети или се направени со значителни доцнења, што пак оневозможува да се спроведат навремено сите потребни постапки до 24 април (прочистувањето на избирачкиот список, регулацијата на медиумското покривање на изборите, итн.). Исто така, изминатата недела лидерот на СДСМ веќе соопшти дека нивната проценка е таква, а кон таа оценка се приклони и претседателот на ДУИ. Фактор: Ако го следиме договорот од Пржино, како правен документ, неодржувањето на избори на 24 април би значело пропаѓање на целиот договор. Ако овој договор не се испочитува,  дали  тоа би значело  дека и другите точки кои се исполнија - треба да се вратат во претходната состојба ? Кржаловски: Не се согласувам целосно. Може да се толкува и така, но сметам дека како и секој договор, треба потписниците заеднички да констатираат до каде е спроведувањето и доколку е потребно, да направат соодветни измени/дополнувања (или популарно „анекси“) за да се овозможи целосното спроведување. Има аргументи дека треба да се одложат изборите, но исто така, не треба тоа да е предолго и треба да има концентриран напор за да се разрешат преостанатите спорни прашања и постапките да се комплетираат. Во таа смисла, споменуваниот алтернативен датум 5 јуни се чини најсоодветен, а ако се оди на термин подоцна од тоа, да – ќе треба да се смета на ревизија и на други одредби (пр. враќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на премиерската функција). Фактор: Ако ВМРО-ДПМНЕ остане на ставот да го игнорира извештајот на Вашингтон и Брисел што би значело дека во среда ќе се распушти Собранието што би  значело дека  ќе се оди на избори на 24 април. Дали ова би значело излезе од  повеќемесечната политичка криза или подолжување на голготата? Кржаловски: Според досегашните изјави од ВМРО-ДПМНЕ, ова може реално да се случи – да се распушти Собранието согласно сегашната одлука и да има избори на 24 април. Сепак, сметам дека тоа би било контра-продуктивно и за нив, зошто нема да доведе до разрешница на кризата и евентуално обновување на мандатот (одење на избори без опозицијата, ќе не внесе во ситуацијата од 1994-1998 година). Особено ако со одложување се согласат и ДУИ и ДПА. Но, како што претходно нагласив, предолго одложување на изборите исто така значи и продолжување на политичката криза и како што велите – голготата, која се чувствува во повеќе сфери на секојдневниот живот, а особено во економијата.
Слично

Поврзани вести