ИНТЕРВЈУ Академик Абази: Меѓуетничките проблеми треба да ги решат Груевски и Ахмети!
ДУИ не го уценува мандатарот, но заедно со ВМРO-ДПМНЕ повторно ја замајуваат јавноста. Коалициските партнери “името го користат како алиби, купуваат време замајувајќи ја јавноста”. Оваа оценка за Фактор ја кажа првиот ректор на Универзитетот за Југоисточна Европа. Алајдин Абази е потписник на писмо-подршка на Албанци-интелектуалци со поттикнување на инегративците да бидат истрајни во политичките барања за идната Влада. Абази потаа со критичка мисла – големата победа може да биде и голем пораз за ДУИ. Според академик Абази “со отсуството на опозицијата од парламентот речиси е невозможно да се очекува нормално функционирање на Законодавниот дом.“
Фактор: Убиството на младото момче во Ѓорче Петров и реакциите на револт се уште еден знак дека во Македонија и натаму се кревки меѓуетничките односи и нетолерантноста. Каде го лоцирате проблемот? Абази: Од ден во ден се повеќе се наталожуваат проблемите и тоа негативно влијае врз севкупната состојба во која се наоѓа земјата. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како досегашни и идни коалициони партнери, многу работи ставија под тепих. И да нема никаква меѓуетничка позадина немилиот настан што се случи со убиеното младо момче, поради внатрешните состојби во државата може во некоја подоцнежна фаза да има и други непосакувани размери. Фактор: Како до стабилизирање на демократијата, зајакнување на меѓусебната доверба и подобрување на меѓуетничките односи? Абази: Во прв ред, политичките елити треба да дадат свои придонес во релаксирање на ситуацијата, на заедничка маса да ги решаваат спорните меѓуетнички прашања. По изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети можам да забалежам дека проблемот со употребата на албанскиот јазик како и останатите прашања што се влечат, без епилог, пренесувани од година во година, еден ден може да ни се вратат како бумеранг. Прашањата и проблемите што се во рацете на Груевски и Ахмети треба исклучиво тие да ги решат. Факт е дека се чувствува некаков немир меѓу граѓаните кои живеат во земјата било да станува збор за Македонци или Албанци. Тоа Македонија не го заслужува! НЕВОЗМОЖНО Е ДА ФУНКЦИОНИРА СОБРАНИЕТО Фактор: Како ја оценувате актуелната политичка ситуација во Македонија создадена по изборите и дали бојкотот по изборните резулати ќе влијае во остварување на евроатлански приоритети? Абази: Со отсуството на опозицијата од парламентот речиси е невозможно да се очекува нормално функционирањето на законодавниот дом. Доколку ваквата состојба продолжи може да се создадат големи проблеми кои негативно ќе се одразат врз имиџот на државата. Фактор: Како ги оценувате континуираните закани, на моменти уцени и ултиматуми што ДУИ реторично ги адресира до својот досегашен и иден владин партнер ВМРО –ДПМНЕ? Бараа консензуален Председател и му ја спорат легитимноста, потоа инсистираа на функцијата спикер на Собранието со официјализирање на албанскиот како втор службен јазик, но и од тоа дигна раце, за на крајот да речат дека ќе ја напуштат Владата доколку на НАТО самит наесен земјата не стане членка? Абази: Не мора таквата реторика на ДУИ да се толкува како уцени или ултиматуми . Земајќи во превид кога се одржаа предвремените избори и општата ситуација во земјата може но и не мора да се окарактеризираат како уцени. Меѓутоа, во државата постојат органи , Парламент , институции каде можат и треба да се отварат сите прашања и таму да се решаваат проблемите. Станува збор за отворени прашања кои постојат меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и тие треба да ги намдинат, ако сакаат нормално и ефикасно да функционира нивната коалиција. НЕ МОЖЕМЕ ДА ВИДИМЕ ДЕКА РАКОВОДСТВОТО ДАВА СЕ ОД СЕБЕ ЗА НАТО И ЕУ Фактор: Мислите ли дека се искрени заложбите на тандемот Груевски -Ахмети дека НАТО и ЕУ се наши врвни приоритети? Абази: Јас мора да верувам, како и мнозинството граѓани во Македонија, кои се „ЗА“ интеграција на земјата во Европската Унија и веројатно како најодговорни луѓе, тие, заедно со претседателот на Макеоднија, се свесни за важност и потребата земјата што поскоро да се приклучи во овие меѓународни организации . Но нивната досегашна работа не покажува дека тие дале се од себе за земјата да стане ченка на НАТО и ЕУ ниту мислам дека доволно се ангажираат во решавањето на спорот со името. Премиерот и лидерот на ДУИ најавуваат дека во прв план ќе им бидат евроинтеграциите и прием во НАТО, што претпоставува и поставување на реални основи за решавање на спорот со Грција во првите шест месеци од овој мандатот на Владата. Искрено јас се сомневам дека може наскоро да се решат разликите околу името, за да може да се надеваме дека Македонија наесен ќе биде поканета да биде дел од НАТО. Мислам дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ името го користат како алиби, купуваат време замајувајќи ја јавноста. Фактор: ВМРО-ДПМНЕ речиси ја доби неопходна поддршка што ја бараше на изборите, а со ДУИ и непопречена примена на Бандеровиот модел во донесувањето на клучни закони и одлуки? Дали за Груевски-Ахмети решавањето на спорот со името е клучен приорите во меѓународната сцена? Абази: Ние не ги знаеме програмските приоритети и деталите што Груевски ги договарал на одделни средби со претседаделот на ДУИ Али Ахмети, но лидерот на ДПА Мендух Тачи. Мандатарот ќе користи политички маневар и да ја покани ДПА да биде дел од Владата. Меѓутоа тоа нема да биде доволно за бројот кој е потребен за нормално и непречено функционирање на Парламентот. За да функционира потребно не само две третини од избраните праентици да бидат во своите пратенички клупи. Сегашната ситуација навестува парламентарна, ако не и криза, зашто кревката политичка состојба ќе потрае. Практично до есен Парламентот нема ништо реалано да работи. Фактор: Дали се согласувате со проценките дека ни престојат повторно предвремени избори, најверојатно до крајот на годинава? Абази: Видите, ако не се реши проблемот со опозицијата не може ваков Параламент долго да функцинира. На брзина ќе мора да се најде решение, што сигурно вклучува и нови избори. Горазд Чомовски
Слично
