Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интерпол со операција во Западен Балкан, приведени 14 лица

Интерпол со операција во Западен Балкан, приведени 14 лица

Во регионална операција наречена Balkan Trigger, реализирана од 17 до 19 април и преводена од Генералниот секретаријат на Интерпол, насочена кон нелегалната трговија со огнено оружје во  Западен Балкан, уапсени се 14 лица.

Во операцијата запленети се експлозив, оружје и муниција, но и 52 килограми марихуана, 14,5 килограми злато и 250.000 евра. Станува збор за околу 40 парчиња различно огнено оружје, 6 кг експлозив, 11 рачни гранати и 1 300 парчиња најразлична муниција.

„Во текот на операцијата Balkan Trigger која траеше 48 часа и која беше спроведена од страна на 5 000 полициски службеници, распоредени во земјите кои беа дел од оваа операција Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора.  Заради зголемената загриженост за состојбата со недозволената трговија со огнено оружје од балканскиот регион во Европа, кое се користи за терористички напади, клучниот фактор за спроведување на оваа операцијата на Интерпол е утврдување на силна мрежа за поефикасно сузбивање на овој вид на криминал“- соопшти МВР.

На граничните премини, транзитните патишта и на посебно определените места за контрола во целиот регион околу 43.000 лица биле запрени.

„Неодамнешните терористички напади како во Европа така и во светот каде како примарно се користи повеќе огненото оружје од експлозивот, покажа дека потребно е да се направи поефективна контрола“- рече Тим Морис, извршен директор во Интерпол.

Направени се повеќе од два милиони проверки во дата базите на Интерпол, вклучително и базите за потрага по лица, изгубени и украдени документи и украдени ПМВ.

Слично

Поврзани вести