Интерпелација за министерот Тодоров на дневен ред на Собранието
Опозициската СДСМ до Собранието поднесе интерпелација за министерот за здравство Никола Тодоров која ќе се најде на дневен ред пред пратениците.
Партијата на Заев го обвиниува министерот Тодоров за смртта на двете родилки и здравстениот хаос поради чии погрешни политики трпат граѓаните.
Од СДСМ во интерпелацијата потенцираат дека Тодоров го достигнал дното укажувајќи на проблемите во здравството со кои постојано се соочуваат граѓаните, укажаа на инсулинска криза, недостатоците во „Мој термин“, заминувањето на лекарите во странство и побараа министерот да ја напушти функцијата.
Од Граѓанската иницијатива „Тодорофф“ и граѓанската платформа „Ајде!“ ги повикуваа граѓаните денеска во 18 часот да дојдат пред собранието и масовно да учествуваат на протестот за оставка на министерот за здравство Никола Тодоров.
Тие порачуваат дека мора да има одговорност за системот кој убива наместо да лечи и повикуваат масовно да му се порача на Тодоров дека неговото време истече и дека е време да даде оставка.
Имено, на дневен ред пред пратениците во Собранието денеска ќе се најде и предлог законот за јавнообвинителска служба како и законот за платите на судиите и јавните обвинители за кој Специјалната обвинителка Катица Јанева реагираше дека се врши упад во автономијата и финасиската независност на обвинителството.
