ИНТЕРНЕТОТ ЗЕМА ЗАМАВ: Колку од Македонците користат мобилен за да сурфаат
-Интернетот е најголема глобална мрежа. Од неговото настанување, секојдневно расте бројот на корисници, но и областа на примена на оваа глобална светска мрежа. Од првиот интернетот служи за размена на пораки меѓу корисниците а самиот начин на праќање пораки со времето се промени.
Интернетот знаеме дека служи и за комуникација, информирање, едукација, забава, трговија и слично.
Како во светот, така и кај нас Интернетот е во раст, се повеќе се користи за најразни намени.
Државниот завод за статистика пак преку анализи соопштува за тоа колку граѓаните го користат и од каде пристапуваат,
Податоците велат дека 79,3 отсто од македоснките домаќинства употребуваат интернет.
Вкупниот број домаќинства e 70,4 отсто во 2018 година во однос на типот на населеното место со фиксен широкопојасен интернет додека пак од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 отсто, а 68,7 отсто го користеле секој ден или речиси секој ден.
Најчесто за да „сурфаат“ или „гуглаат“ на нет податоците на статистиката покажуваат дека мобилниот интернет бил најупотребуван. Преку мобилен до интернет пристапувале 91,8 отсто кај лицата на возраст од 15 до 24 години.
