Интернет порталите затемнуваат поради заканата од цензура!
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници повикува на затемнување на веб-страниците во знак на протест поради опасните тенденции со нов закон за медиуми да се внесе информативен мрак на интернет, а како ден е одбран трети мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот.
„Со аргументи дека ќе се воведе ред во онлајн медиумската сфера, новиот закон носи сериозна опасност за политичка контрола, селекција, лиценцирање и цензура на онлајн медиумите. Советот за човекови права при Обединетите нации правото на слободен пристап до интернет го смета за човеково право, а ние се соочуваме со озаконување на цензурата, и покрај фактот што членот 16 од Уставот на РМ јасно гласи „Цензурата е забранета со закон“. стои во соопштението на ССНМ од каде додаваат дека интернетот е неограничен ресурс за кој не важат државните граници и апсурдно е нашата држава да се обиде да го регулира. На ваквиот повик стигна реакција од Министерство за информатичко општество и администрација, од каде посочуваат дека во ниту еден дел од новиот закон не се содржи одредба (член или став) за регулирање, ниту ограничување на слободата на информирањето преку интернет. „Во изминатиот период повеќепати беше укажано дека со новиот закон ќе се врши само евидентирање на порталите (правни субјекти, а не физички лица), но не и нивно регулирање.Министерството за информатичко општество и администрација уште еднаш потсетува дека во Нацрт-законот се вградени сите европски директиви (начела и дефиниции), кои претставуваат стандарди во европските земји.“, соопштуваат од Министерството.Оттаму посочуваат дека со новиот закон сите новински агенции и веб портали во иднина ќе мораат задолжително да имаат импресум, кој ќе биде поставен на видно место, а ќе даде информации и податоци за сопственичката, уредувачката и новинарската структура на медиумот. Тоа ќе придонесе и за поголема транспарентност на медиумот кон публиката, посочуваат од Министерството.
Се влошува состојбата со медиумската слобода Ви извештајот кој само пред еден ден беше објавен од Фридом Хаус во Вашингтон, Македонија останува во групата на делумно слободни земји и бележи пад за 22 места на листата за слободата на медиуми. Од 94 место, земјава се најде на 116 место. Како главни фактори за лошата оценка се посочуваат затворањето на медиумите и влошената средина за новинарите.
Слично
