Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интересни факти за McDonald’s

Интересни факти за McDonald’s
Синџирот за брза храна McDonald's е најголемиот во светот со своите 34 000 ресторани. Само во изминатата година беа отворени нови 1 400 ресторани во светот. Еве уште некои интересни факти кои најверојатно да не знаете : McDonald's во пракса е најголемиот дистрибутер на детски играчки. Во рестораните на синџирот со детските менија се продаваат околу 1,5 милијарди играчки годишно. Во САД девет од десет деца на возраст меѓу 3 и 9 години ги посетуваат рестораните на синџирот најмалку еднаш месечно. Компанијата служи во рестораните околу 63 милиони корисници на ден , и продава 75 хамбургери секоја секунда. Околу 20 % од продажбата во рестораните се поврзани со изборниците Happy Meals создадени за прв пат во 1979 година. Компанијата служи околу 13 милијарди порции помфрит годишно, што е околу 97 порции за секој роден жител во годината на планетата . McDonald's има уникатни производи во менијата на секоја земја. Така на пример, во Португалија, во менито на синџирот е вклучена и супа . Во Индија компанијата нуди Chicken Maharaja Mac . Во Германија во рестораните на ланецот се продава пиво. За McDonald's работат 1,8 милиони луѓе во светот, што е речиси цела Македонија. Компанијата одвои за реклама 788 милиони долари во изминатата година - околу 2 % од вкупниот буџет за рекламирање на сите компании во светот. Традиционалните жолти натписи на рестораните на синџирот може да бидат видени низ целиот свет . Париз е единствениот град во светот каде жолтата е заменета со бела боја. Според основачот на синџирот McDonald's - Реј Крок , компанијата , барем во почетокот, оперирала во секторот на недвижности . Главниот бизнис бил продажба на франшизи и според Крок, местоположбата на рестораните и локациите биле клучни за тоа тие да не банкротираат. До денес синџирот е најголемиот сопственик на недвижен имот во светот. Во интересна маркетинг кампања во 2005 година од компанијата ветија да им плаќаат на рапери по 5 долари секој пат кога се емитуваше во воздухот нивна песна во која се споменува Big Mac во САД .
Слично

Поврзани вести