Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интензивни преговори во СДСМ, висат кандидатските листи

Интензивни преговори во СДСМ, висат кандидатските листи
Иако беше најавено за денеска, сосема е извесно дека за утре се одложува објавувањето на листата со конечниот број на кандидати за претседател на СДСМ. По неколкудневни интензивни преговори, нема договор меѓу кандидатите за наследник на Бранко Црвенковски. Во игра се Зоран Заев, Игор Ивановски и Зоран Јовановски, кои сеуште се договараат за нивниот настап на Конгресот на СДСМ, за избор на лидер на партијата. Исто така како кандидат се пријави и Кире Наумов кој не е дел од актуелното раководство на СДСМ. Централниот одбор на СДСМ Конгресот на кој треба да се избре нов лидер на партијата го закажа за втори јуни. Претходно актуелниот лидер на партијата Бранко Црвенковски одлули да се повлече од функцијата претседател на СДСМ.
Слично

Поврзани вести