Економија, финансии, бизнис

Контакт

Интел за третиот квартал објави приход од 13,5 милијарди долари!

Интел за третиот квартал објави приход од 13,5 милијарди долари!
Корпорацијата Интел објави квартален приход од 13,5 милијарди долари, оперативна добивка во износ од 3,8 милијарди долари, нето добивка од 3,0 милијарди долари и заработувачка по акција од 0,58 долари. Компанијата од работењето заработила парични средства во износ од приближно 5,1 милијардa долари, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 1,2 милијарди долари за повторно купување на залихи. „Нашите резултати од третиот квартал се само одраз на тешкото економско опкружување,“ изјави Пол Отелини, претседател и главен извршен директор на Интел. „Процесирањето минува низ револуционерен период исполнет со иновација и креативност. Ни претстои четвртиот квартал и задоволни сме со континуираниот напредок на Ултрабук уредите и телефоните и со нетрпение ги очекуваме разновидните таблети со Интел процесори кои допрва ќе се појават на пазарот.“    
Слично

Поврзани вести