Интел Капитал вложува половина милијарди долари во статртап бизниси
Глобалната инвестициска и М&A организација на Интел корпорацијата денес на глобалниот самит на Интел Капитал објави нови инвестиции во 10 стартапи со вкупна вредност од 22 милиони долари.
„Со денешните инвестиции, достигнавме 490 милиони долари за оваа година, надминувајќи ги минатогодишните 359 милиони долари“ - рече Вендел Брукс, корпоративен потпретседател и следниот претседател на Интел Капитал. “
Денешната изјава го отвори овогодинешниот глобален самит на Интел Капитал во Сан Диего.
Сега во својата 16-та година, овој настан во индустријата на капитал вмрежува повеќе од 1000 основачи, извршни директори, иноватори и поттикнувачи на промени на два дена разговори, поврзување, учење и инспирација.
Слично
