Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Инсулински шок“ за „Реплек“! Консолидираната домашна продажба преполовена!

„Инсулински шок“ за „Реплек“! Консолидираната домашна продажба преполовена!
Реплек, од основната дејност има пад на приходите за страшни 87 отсто односно 241 милиони денари во однос на лани. Главна причина е завршување на тендерот (во август лани) со кој ги снабдувал со инсулин, игли и гликагон македонските дијабетичари кои лекот го добиваат преку Министерството за здравство „Реплек“ компанијата што се занимава со трговија со медикаменти и медицинска опрема во првите шест месеци на домашен пазар изгубила 4,14 милиони евра од продажба во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци од консолидираниот биланс на успех. Приходите од продажба од консолидираниот биланс покажуваат пад од 55 отсто на домашен пазар. Во овие биланси се вклучени приходите од Реплек АД, од РЕплек фарм, од Хубо и угостителскиот бизнис на компанија. Кај неконсолидираните податоците на Реплек АД состојбата со падот на приходите е уште подраматична. Приходите паднале за 87 отсто! Во првите шест месеци тие изнесуваат 37,5 милиони денари, а од лани се пониски за 241 милион денари! Во образложените од менаџментот кое е доставено до интернет страницата на берзата пишува дека драстичниот пад на приходите во најголем дел е предизвикан од тоа што Реплек од август лани не ги снабдува со инсулин, инсулински игли и со глукагон дијабетичарите кои овој лек го добиваат преку Министерството за здравство. Сепак неконсолидираниот биланс на успех покажува дека Реплек првите шест месеци годинава ги завршил со добивка од 56,6 милиони денари. Тоа благодарејќи на дивидендата што компанијата ја добила од своите фирми ќерки. Дивиденда што ја добил Реплек е во износ од 57,67 милиони денари. Според податоците од неконсолидираниот извештај добивката на Реплек АД од оперативното работење за првите шест месеци годинава изнесува 0,3 милиони денари. Според податоците од консолидираниот биланс групата во првите шест месеци има пад на приходите од 37 отсто,а тие изнесуваат 399,3 милиони денари или 233 милиони денари помалку од истиот период лани. На сегментот домашен пазар приходите од продажба на групата паднале за 55 отсто, а причина за преполовувањето во најголема мерка е завршувањето на тендерот за инсулин, игли и глукагон за македонските дијабетичари кои ги снабдува Министерството за здравство. Тука падот на приходот од продажба е 255 милиони денари, а тие за годинава изнесуваат 208,5 милиони денари. Раст бележат приходите на Реплек од продажба во странство и тоа за 11 отсто односно за 20 милиони денари во однос на лани кога биле 171,1 милиони денари. На ниво на група оперативните расходи изнесуваат 366 милиони денари и се за 36 отсто пониски од истиот период лани. Оперативната добивка на групата изнесува 35,6 милиони денари и е за 33 отсто пониска од остварената во истиот период лани. Нето добивката на групата е 31,8 милиони денари и во однос на лани е пониска за 43 отсто.
Слично

Поврзани вести