Економија, финансии, бизнис

Контакт

Instagram vs Twitter – кој е победникот?

Instagram vs Twitter – кој е победникот?

Апликацијата за споделување на фотографии Instagram го надмина Twitter по број на корисници, откако објави дека 300 милиони активни корисници месечно сликаат, ги уредуваат и споделуваат слики за патувања, мода и храна.

Апликацијата што Facebook ја купи за 1 милијарда долари во 2012 година, информира уште дека во изминатите девет месеци бројот на активните корисници се зголеми за една третина.

Компанијата допрва ќе почне да генерира приходи, бидејќи бавно експериментира со спонзорирани мислења и видео на брендови кои би се чувствувале во свои води на страниците на сјајните списанија како Levi's, Michael Kors и General Electric.

Очекувањата на eMarketer се дека во 2014 година на пазарот на мобилно рекламирање ќе префрли 40 милијарди долари, бидејки САД, Кина и Велика Британија формираат 70% од пазарот.

Основачот на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг е на мислење дека ниту една компанија од неговата колекција од апликации не смее да брза да генерира приходи пред бројот на корисниците да стигне 1 милијарда.

Од своја страна Facebook, која има 1,35 милијарди активни корисници месечно, реализира поголеми приходи од очекуваните веќе шест последователни квартали.

Instagram веќе има повеќе корисници од Twitter, која во октомври соопшти дека има 271 милиони активни месечни корисници.

Коосновачот и извршен директор на апликацијата за фотографии Кевин Систром коментира дека компанијата работи, за да го подобри пребарувањето и доживувањето, претворајќи ги профилите полесни за управување. Покрај тоа, компанијата има намера да стави "верификациони беџови" на профилите на познатите личности, спортисти и брендови.

4 години по основањето на Instagram секој ден се споделуваат над 70 милиони слики и видеа. 70% од корисниците на апликацијата се надвор од САД, нивниот удел се зголеми од 65%, колку што беше во март 2014 година, а компанија продолжува да се проширува во глобален план.

Досега во платформата се споделени над 30 милијарди слики, што е повеќе од споделените во март 20 милијарди.

Instagram се покажува особено популарна примена во модниот свет и меѓу младите. Но не недостасува и конкуренција во лицето на апликациите Kik, YikYak и Snapchat.

K.K.

Слично

Поврзани вести