Инспирирани од Александар Велики, ќе градат „Биткоин град“
Светот ќе добие „Биткоин град“. Владата на Ел Салвадор планира да изгради ваков град во близина на вулкан.
Овој проект ќе го финансираат со криптовалута, објави претседателот на земјата, Наџиб Букеле. Идејата ја добил од градови основани од Александар Велики. Градот ќе има стамбени и комерцијални квартови, услуги, забава, ресторани и аеродром и ќе биде изграден во близина на вулканот Кончагва на југоистокот на земјата. Изградбата на „Биткоин град“ ќе почне во 2022 година, а градот ќе нема данок освен ДДВ. Ел Салвадор во јуни годинава усвои закон со кој земјата стана прва во светот што го прифатила биткоинот како законско средство за плаќање. За овој потег имаше и отпор од населението. И други држави размислуваат за воведувањето на Биткоинот како валута која ќе има широка примена.
