Инспекции на Општина Центар го „чешлаат“ седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Oвластен градежен инспектор и општина Центар ќе го „чешлаат“ седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, поточно ќе прават контроли на 2 градби кои се изведуваат на територија на општина Центар.
Со уредно известување, општината од инвеститорите бара да ја имаат комплетната документација за објектот
Првичните наоди покажаа дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови, односно спорна беше капијата на зградата, која наводно е изградена со узурпација на државно земјиште.
Се утврди дека инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија, а инвеститорот тогаш рече дека од град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема.
