Инспекторите урнаа осумкатница во Валона, го чистат крајбрежјето од дивоградби?
Со поставување 300 килограми експлозив, во Валона беше урната осумкатна зграда во сопственост на дедото на градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша кој е лидер на опозициската партија.
Уривањето на висококатницата, инаку сместена на самиот брег на Јадранско море, е направено вчера во текот на попладневните часови, а наиде на силна критика во јавноста.
Додека сопственикот тврдеше дека има документација за објектот, Државниот инспектор за урбанизам даде зелено светло за уривање , а со образложение„изградена е на локација на која не се предвидени градби“.
Според Владата, се работи на чистење на крајбрежјето од дивоградби.
Слично
