Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН - ЌЕ СЛЕДАТ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: министерот Дурмиши со предупредување до трговците

ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН - ЌЕ СЛЕДАТ ПОРИГОРОЗНИ МЕРКИ: министерот Дурмиши со предупредување до трговците

Доколку трговците нe покажат поголема општествена одговорност и не ги намалат цените на основните производи кои не се во Новогодишната кошница ќе донесеме поригорозни мерки како ограничување на профитни маржи и цени, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што истакна на денешната прес - конференција, екипите на Државниот пазарен инспекторат се на терен и прават анализи како се движеле цените во изминатите три месеци.

- За два до три дена ќе завршат анализите по што ќе де донесе одлука дали ќе се донесат поригорозни мерки - порача Дурмиши и ги повика трговците да ги коригираат цените на најпотребните производи во овој период на празници. 

Слично

Поврзани вести